Ауууууу крајно ме изненади...не знаев дека си способен за неверство, али кучки како мене што можат да му направат на човек а? 360 степени да го сменат...не знам дали да седнам да плачам што те упропастив, што те сменив од толку невин и мил, во некој толку покварен, или па да се гордеам со тоа (колку и ненамерно да го направив)...
али искрено кога дознав дека си сакал да ја изневериш устата ми падна до подот, без коментар останав, и уште не знам што да кажам. такво нешто во милион години не би очекувала од тебе...али само ми ја докажа поентата дека не ти значи таа ништо. ми го докажа тоа што потсвесно го знаев. али уште нешто ми докажа: дека повеќе ја сакам помислата на стариот ти, отколку што те сакам тебе како личност. ми недостига како беше порано со мене, кога ти бев центарот на универзумот, спиеше, јадеше и дишеше за мене. но не ми недостигаш ти. сега сваќам дека личноста со која што бев ја нема веќе, таа личност умре кога јас ја повредив толку, и дека си сега некој сосема друг. и, океј сум со тоа...не ми требаш веќе. фала ти многу што конечно успеа да ми докажеш дека не ме сакаш веќе со тоа што стана ладен како камен. ми ја направи најголемата услуга во животот - ме натера да сватам дека не си перфектен и дека можам да најдам некој и подобар од тебе.
само стварно неможам да се решам дали да си се лутам самата себе си што те упропастив, или да ти се лутам тебе што си такво бебе и што си дозволуваш да бидеш изманипулиран така на твоите 19 години, и што си толку непопустлив што сам себе си се упропастуваш со цел гнев што го држиш во себе. да не бев јас ти ќе беше уште стариот мил крајно заљубен ****, но од друга страна да не беше ти таков инает........аххххххх стварно не знам