~*~
Прости што ќе морам на метафоричен и комплексен начин и тоа + преку стихови да го кажам ова, но разбираш ...
Мал ангел кој не може да гледа од лепакот на очните капаци,
самовила со отворени рани на откорнати крила,
музика без ноти, како кристална мелодија на гневот,
сите лажни почви врз кој како светица и куртизана газам,
никогаш не сме биле само пријатели.
Во позадината на умот, изгребана свест по танките краеви,
луцидни приказни за мали слатки гробари,
вампирки што танцуваат врз твоите гробови,
жедни да ме растргнат во чест на твојата смрт,
сите среќни и задоволни што конечно те нема.
Го одредувам тактот на твоето кремирање,
за во последен момент да се премислам и да барам да бидеш тело,
а не само развеан пепел во ноќта,
цветови премачкани со пастел во црна боја,
лампиони обесени на твојот врат од досада.
Повторно преживување, егзистирање на туѓи прозорци,
како печурка која никогаш навистина не си заминува,
рак, тумор кој постојано се навраќа,
да ја земе и последната клетка здрав разум и живот,
во слабата и болна одамна заборавена вештица.
Пролазни ветрови низ влажната зандана,
малку воздух, малку страст да се залепат на ѕидовите со мов,
тишина и проклето добра илузија,
дека некогаш и всушност сум те љубела,
никогаш не сме биле само пријатели.
Ете така, сега ми е полесно.:smiz: