....Broken heart....
Вечерва мислам дека целиот свет ми го има завртено грбот... Токму вечерва кога ми е потребен збор за охрабрување од пријателите. Вечерва кога ми е најпотребно пријателско подавање на рацете. Тешко е тоа... Гледаш се е некако лудо... Секогаш се вртиме во круг со исти надежи, соништа, но дали тие ни се остваруваат? Често лутаме под урнатините на сопствената среќа и дури тука над пепелиштата на своите идеали стануваме свесни за она што повеќе го нема. Вечерва се прашувам како се раѓа љубовта? Каде се раѓа? Сакам да ја згазам, да ја извлечам на прашливиот пат. Самиот себеси се изгледав како просјак на твојата љубов, како најголем бедник на светот. Сакав да викнам, да го вперам прстот во тебе и да речам: "Гледајте таа е виновна за мојата болка..." Но наместо тоа очите ме печат од зажарени солзи и смеењето ми стана потажно, но сепак беше смеење зар не? Но сето тоа ке пројде. Како што пројде онаја нок која никогаш повеке не ке се врати. Сепак јас постојам во таа нок како што ти постоиш во мене. Често се случува да залутаме во лавиринтот на животот да се сплеткаме во слините мрежи на своите чувства и каде тогаш, каде да го бараме излезот? Многумина велат дека за човекот е доволно да сака па да биде срекен без разлика на тоа дали таа љубов му е возвратена или не. Но ако си свесен за својата невозвратена љубов, не те печат ли невозвратените чувства, не ти претставува бол и самата помисла на тоа дека не си му ништо на оној кој за тебе претставува се? Не те боли помислата дека си ништо во срцето на оној кој ти значи се? И што да правиш тогаш каде да одиш што да бараш и зошто да бараш? Можеш ли тогаш во лавиринтот на своите сопствени чувства да ја пронајдеш среката, да се пронајдеш себе и можеш ли да веруваш цврсто да веруваш во некого во иднината кога се околу тебе е лага? Ме сакаш само во моите соништа. Пред да ме проголтаат брановите во морето без дно, посакувам само да дотрчам и да ти го украдам срцето па да потонам заедно со него во морето....Нема да те молам за ништо освен тоа никогаш да не заборавиш дека премногу те сакам, дека секогаш во моите очи постоиш ти и твојот лик. Кога мојата душа ке затвори врата побарај го клучот под младото дрво. Таму ке најдеш цвет, свенат од тага за тебе......:wub: :wub: МНОГУ НЕУБО СЕ ЧУВСТВУВАМ ВЕЧЕРВА И ЗАТО ВАКА МАЛКУ....... МОРАВ ДА СЕ "ИСПРАЗНАМ" НЕКАДЕ