Сеќавања болни... Солзи кои се будат во моите очи, и само едно срце кое сеиште не престанува да чука, со надеж повторно да ја види онаа за кого вреди да се живее... Но поминуваат години, времето одминува, заборавот е единствениот спас но, безцелосно вљубеното но повредено срце не го дозволува тоа... Зошто? Често се запрашувам, ни трага ни глас ниту пак некој кој може да ми даде одговор на ова мошне сложено прашање... Боли искрено тивко ми шепнува моето малечко срце... Боли кога треба некого да молиш за љубов... Продолжи по патот велат сите незнаејќи како е чуството да си повреден од страна на оној кој некогаш ти значел СЕ... Заборави го велат други... Но, само моето срце знае и чуствува дека за него ќе има засекогаш место и секогаш ќе навираат спомените за оние времиња исполнети со среќа и радост прелеани со ОГРОМНА ЉУБОВ... Но сега ни дел од тоа... Само болка која буди тажни сеќавања за кои можеби не треба да трошиш ни дел од твоето скапоцено време, но не треба да заборавиме дека ние не сме тие кои управуваме со нашето срце и нашите чуства... А моите...? Залутани некаде далеку... По пат по кој незнам да се вратам, на пусто место каде што маглата е единственото нешто кое го гледам пред мене и само еден нежен глас кој велеше ТЕ САКАМ... Залудно... Кога-тогаш мораме да се вратиме во вистинскиот свет, во оној свет во кој од нас се труди но ретко успева да го оствари она за кое живееме... Причините да се живее се мали, ни сепак се раѓаме, растеме односно живееме поради некоја причина всушност се она што ни се служува и што за нас изгледа по малку чудно се е со некаква причина која порано или подоцна ѓе ја откриеме... Секој од нас сака, мечтае да патува онаму каде што и невозможното е возможно... Јас патував, бидејќи ти ме држеше цврсто за рака, бидејќи ми ветуваше работи за кои од секогаш сум сонувал и по кој сум копнеел незнаејќи дека се е само една обична ДЕТСКА игра на која секогаш ќе мора да и се стави... КРАЈ!!! Можеби за тебе тоа беше само уште една завршена приказна како и секоја предходна, но за мене беше најубавиот сон од кој несакав никогаш ама баш никогаш да се разбудам... Но попусто... Велат дека секогаш она што е најневозможно тоа за нас е најслатко...
Тоа забрането "овошје" кое е недофатливо за нас но на изглед толку вкусно на кое никој неможе да му одолее... И ќе се излаже че посегне по не и ќе ја направи најголемата грешка ви својот живот, но кога ќе свати што направил ќе биде касно... Јас ја направив но... Мојата грешка беше што во тоа се заљубив ви личност која за мене требање да биде само онаа принцеза од приказните... Те Сакав - Ме лажеше, Те Бакнував - Ми возвраќаше, Те сонував - Полека Исчезнуваше... Ќе те заборавам...!!! Длабоко во мене се надевам... Ќе ги заборавам оние волшебни мигови поминати на седмото небо на кое ме носеше со секој твој поглед, со поглед во кој гледав љубов, искреност а можеби и само тоа било второто лице на лагата, на измамата, поради која патам сега... Ме сакаш ми велиш, во ноќта без глас, никогаш нема да те напуштам... Ќе те сакам вечно и многу други зборови кои звучат толку вистинити но можеби и лицемерни... Тоа го знаеш само ти, само ти знаеш што навистина чуствуваш кога ќе ме бакнеш и кога ќе го осетиш мојот добир, кој межеби е и последен... Ако ме сакаш ќе останеш со мене ми велиш, но по долгата депресивна ноќ двајцата сваќаме дека сето тоа е невозможно... Постојат милиони причини кои претставуваат причина повеќе никогаш да не се видиме, ќе боли, ќе боли, знам, че отвори една рана која ќе пече се додека времето не ја излечи, се додека времето не ги закопа нашите тела и ги испрати нашите души некаде далеку каде можеби некогаш барем некогаш би можеле барем уште еднаш да бидеме повторно заедно како порано... Да ти кажам колку ТЕ САКАМ и колку ми значиш... Ти беше онаа која секогаш беше покрај мене и кога бев среќен и кога минував низ најтешќите периоди... Заедно бевме во она наречено ЉУБОВ... Врели солзи потекуваат пишувајќи го овој текст, навраќајќи се на она кое досега требаше да биде одлеано во заборав еднаш засекога... Но, со сето тоа самиот се лажам... Копнеам по тоа уште еднаш да ги чујам тие два збора кои ми го отвараат срцето и го исполнуваат со топлинаи чуство кое само можат да го почуствуваат оние кои се сакаат бескрајно... Да сакаш значи да уживаш во животот и покрај сите оние тешкотии кои ни се испречуваат на патот, да имаме сила да ги одминеме како нешто наједноставно, пролазно и лесно... Но, тешкотијата призлегува од она кога љубовта не е возвратена, кога личноста која ти е се, те одминува и воопшто не те забележува како и да не постоиш... Ти велеше ме сакаш, но честопати се прашувам дали се тоа само празни зборови или пак искрени зборови кажани од усните на онаа која ми значи СЕ, онаа за која вреди да се живее и онаа за која вреди да се умре... Сакам засекогаш да бидеме заедно и покрај она што не дели, сакам наутро да се будам со твојот бакнеж и навечер да заспивам допираќи ги твоите усни... Ќе те сакам засекогаш верувај, заедно или не нека реши судбината иако понекогаш велат дека ние сме оние кои си ја создаваме нашата судбина, јас и препуштам се на неа... Со мене си или...???
Во моето срце го имам запечатено името твое и засекогаш ќе остане да стои таму без разлика на тоа што можеби секој од нас ќе си тргне по својот пат...
ЈАС ЌЕ ТЕ САКАМ СЕКОГАШ БЕБЕ МОЕ НАЈМИЛО...!!!