@UpaDown те гледам вака интилигентно момче си, со став против некогашната Југославија втемелен на прочитани книги за тоа време и слушани туѓи искуства, и позитивни и негативни.
Го почитувам твојот став, без разлика дали се сложувам со истиот или не.
Дури и јас, кога се наоѓам во ситуација да му објаснувам на моето дете, го кажувам ова што ти го кажуваш, бидејќи е глупо да се создаваат идеализирања на работи од минатото, кои тешко дека повторно може да станат наша реалност. Таквиот тип на идеализирања на минатото носи со себе можни фрустрации и комплекси во сегашноста и иднината.
Од овие причини го почитувам твојот став, и тврдам дека и таков треба да биде кај сите нови генерации.
Но сепак, барем јас лично го учам моето дете да не ги отфрла ноншалантно ставовите на другите, д аима респект кон истите, и да се потруди да го извади најдобро од нив за себе. Сметам дека и ти треба да го сторип истото.
Е сега, бидејќи е ова форум нели, и виртуелна реланост, во кое се споредуваат две речеиси неспоредливи работи, барем неспоредливи на начин на кој се води дискусијава во последниве страни,
Дали ти можеш да одвоиш една гранка од животот на луѓето како медицина (или било кој дел од медицината), образование, уметност (само немој музика или спорт оти тогаш нашава сегашна државичка е мизерија), безбедност, сигурност на луѓето итн......, и да дадеш свое видување како било тогаш, како е сега, и што ти заклучуваш од изнесеното.
ОБласт по област. Вака се на куп, е нереално.
Ете избери било што, истражи со податоци како било тогаш, а како е сега, постави референтни вредности за она што ќе го пишуваш, и пробај околу тоа да направиш дискусија.