- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.139
- Поени од реакции
- 8.246
Во Хрватска на 10 јануари ќе се одржи миса за Тито
Света миса за душата на Јосип Броз Тито ќе се служи на 10 јануари 2016 година во загрепската црква Свети Марко Евангелистот во 18 часот, јавува Индекс.
Покојниот Јосип Броз Тито многу грешел во својот живот, со мисла, со збор, со дело и со пропусти, вели медиумот. Ги кршел Божјите заповеди на разни начини и во повеќе наврати. Тешко е да се пребројат сите гревови што ги направил во својот живот. Но, науката на светата Католичка црква нѐ учи дека и за таквите грешници треба да се моли Бог да му ги прости гревовите и да го пренесе од чистилиштето во Својот скут.
По мисата за Анте Павелиќ одржана во Загреб пред неколку дена, новинар на Индекс решил да ги праша свештениците на црквата на плоштадот Свети Марко, пригодно сместена меѓу симболите на хрватската државност, да отслужи миса за Јосип Броз, роден во 1892, а починат во 1980 година.
За само 50 куни, колку што изнесува таксата, на празникот Крштение Исусово, кој воедно го означува и крајот на божиќниот период и почеток на црковното време низ годината, ќе се одржи мисата за Јосип Броз Тито.
Индекс ги повикува сите кои веруваат во Божјата милост да дојдат на светата миса и да се помолат за душата на Јосип Броз Тито.
Покој вечен дарувај му Господе, и светлост вечна нека му свети, вели порталот.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/vo-hrvatska-na-10-januari-kje-se-odrzhi-misa-za-tito