Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.413
- Поени од реакции
- 5.075
Висината на летање му е од 30-40 километри, значи над атмосферата..
Цирконот лета во атмосфера и ја достигнува таа брзина во атмосфера. Речиси е неприметлив дека креира радио бариера кога се движи со хиперсонична брзина низ атмосферата (која му пречи да ги лоцира движечките мети, пошто нели првенствено се користи против морнарица) и практично е неприметлив за непријателот, се додека не ја намали брзината во последната фаза за да ја корегира патеката. Значи има полу-балистичка тракеторија, не е баш-баш балистичка ракета. Може да ја корегира крајната цел, дури и од команден центар и да прави самостојно корекции. Во крајна линија САД нема одбрана од ова оружје и воглавном ова оружје е вистински гемчејнџер во стратешка смисла на зборот. Тоа е така поради неколку причини.
- Прво го анулира противракетниот штит на границите на Русија (Покрај Искендерот и Кинжалот)
- Второ ја анулира поморската предност на САД.
- И трето, кое произлегува од сва, сосема ја анулира воздушната предност на САД, бидејќи ограничено е движењето на носачите (Цирконот е направен баш заради носачите)
Според способностите што ги има, не е класична крстосувачка ракета, туку може да се каже дека е хиперсонично полу-балистичко оружје, кое лета низ атмосферата. Со оглед на тоа какви се ограничувањата при лет низ атмосферата, се додека науката не открие некој вид на магнетен или каковидае штит (ова лупам од филмови) или додека не се направи нов вид на пропулзија која ќе овозможи бесконечен лет (слично како биревестник, само хиперсонично), оружје кое може да го победи тоа што го има цирконот, нема да видиме.
Што се однесува до САД, дали можеш да наброиш кои се ракети со хиперсонични брзини ги поседува (побрзи од 5 Маха).
Тука некаде е и Искандер, кој е квази-балистичка ракета (ја нема таа парабола на лет), што значи има слични карактеристики на Искандер.
Бидејќи не се движи низ атмосферата, не креира никакви радио бариери - може постојано да биде следен од радари и термални сензори.
Со дострел од само 1000 километри, дизајниран е да го брани брегот на Русија како една од намените.
Значи пишав погоре, не е никаков гејмчејнџер, не е ништо револуционерно, туку е оружје кое го намалува времето на реакција за пресретнување кај непријателот, а со тоа ги зголемува шансите за погодок.
Тридент, Минутмен се оружја што имаат хиперсонична брзина кај Американците.