Или едноставно лоши патокази давале... Не разбирам Русите пуштале снимки од спремни Антонови и ти го фаќаш тоа како доказ дека сакале воздушен мост да прават. Сериозно мислиш дека ако сакале Антонови да летаат околу Киев, со фанфари дека ќе ги најавувале? Тоа ти е тебе логично и паметно ?
Војната кога ќе почне лошо, почнува лошо насекаде. Или па почнува лошо, па се поправа или почнува добро па се расипува. Неможе доле да се дешава швајцарец, а горе пародија, како што ја тврдите. А богами токму снимките допринесоа до тоа. Богами и Орикс блогот кој денеска ги ретерираше и самиот ги оспори извештаите(кои Пентагон, Киев и вие ги земате за извор за загуби на Русите). Не е горе пародија, горе е лоша проценка на Украинското/западното разознавање, баш ради снимките со опрема што наводно се трупа што идеа по телеграм каналите и ГиркинГиркин твитерите (за кој се тврдеше дека е Стрелков, па после испадна дека е Украинец, кој наседнувал и ги објавувал снимките што ги добивал). Како што кажуваш и во примерите, не постои пример каде што иста армија толку различно се понаша. Тоа едноставно не е можно. Горе на 50 километри од граница, проблеми со логистика, а доле на 600-700 километри од граница, беспрекорна логистика. Тоа едноставно не се дешава на една армија.
А всушност, треба и мора да знаеш дека повлекувањето е една од најтешките логистички операции. Имаш беспрекорно повлекување од север, кадешто дури непријателот не е сигурен 100% дека се повлекле Русите, а истата таа војска на истото тоа место затаила логистички пред само еден месец, логика у минус.
И не е вистина дека горе има толку многу жртви како што викаат западните извори. Можеби во некоја иднина ќе тргне лошо по Русија, кога ќе тргне, тогаш ќе збориме. Во моментов Русија гази. Русија газеше уште од самиот почеток. 2 Армии веќе уништи, на пат е да ја уништи третата. Немам јас што да сварам тука, искрено, не ми ни одговара тоа што се дешава.
Што се однесува до Керсон, незнам која е играта, си мислев дека прават футхолд, ама изгледа само им требал за да направат референдум, па се повлекоа. Од Харков исто се повлекоа. Керсон буквално сите напади ги одбија и почнаа да се повлекуваат, а Харков, најверојатно битките беа да бранат отстапница. Тој период војската беше пола на одмор. А еве гледаме уствари како се одвиваат офанзивите кога Русите се бранат. Викаат дека повеќе од 1/3 од армијата што ја собираа за оваа офанзива е веќе уништена и дека ја паузираат офанзивата. Кај се сега тие Леопарди, Челенџери, Абрамси и Бредлиња (кои во најголем дел се пандан на Т55 Т62 Т72, а вие ги претставувате како чудо технике)? Кај се патриотите да ги бутнат Руските авиони кои деноноќно ги бомбардираат. Како што читам извештаи, пак најглавното ПВО оружје им е С300, дали тоа значи дека стварно ги сјебале патриотите?
А и да ги добијат Ф16ките, мислиш дека ќе направат промена? Тие авиони се дефакто постари од Миг 29ките.
Западот ја потцени Русија, како што и вие ја потценивте, а тоа се виде последните 5-6 месеци со мелењето во Бахмут. А сега се гледа уште појако. Беше и претходно, ама пропагандата работеше на најако, па неможеше да се види. На два пати доби Украина по над 1000 тенкови од нивните сојузници, а претходно и самата имаше 2000 и повеќе. Да не збориме колку оклопни возила (иљадници), ПВО, Хеликоптери, Авиони, Артилерија и разно разни глупости. Дали си свесен колку оружје има изгубено Украина? Ова последното беше трет пат Украина да биде вооружена да биде најголема копнена сила во Европа. Последниов пат со западно оружје, а тоа испадна дека најлесно гори.
А што знаеш, можеби планот на Русија цело време бил да бидат потценети и така западот да го подига влогот. Затоа јас викам Русија сурфаше по бранот на западната пропаганда и тоа доста успешно како што гледам.
Види, јас ништо не добивам од ова, јас ти кажувам тоа што го гледам, без предрасуди. Тоа што го кажувате вие, нема никаква логика една држава како Русија да го направи. Поготово не, ако гледаме дека сериозно се спремала за долга војна. Како што кажав во една друга преписка, муницијата има рок на траење, не е оваа резерва тек така од небо падната или на дрва расте, ниту пак остаток од СССР (кој се распадна пред 33 години). Гледаме дека воените фабрики се рестартирани во Русија, па не е тоа некој процес кој се дешава преку ноќ. Тоа е огромна логистика, планови, проекции. Русија за ова сериозно се има спремано, за да и затаи разузнавањето или да прави глупости попут воздушен дестант или воздушен мост на 100 километри од граница.
Ако се двоумиш, запрашај се колку е и каде е таа опрема што ја добиваше Украина од западот последните 16 месеци. Таа катастрофа што и се деси на Украина, не и се десила на ниедна армија во светот, а тоа е затоа што Украина ја одржуваат на апарати. Украина е претворена во Армагедон, ама во буквална смисла на зборот.
А што е најјако, све ова многу бргу ќе се види, а и еве веќе почиња да се надѕирнува. Ме мрзи да ги барам сега арогантните постови за Бредлињата, Леопардите, Челенџерите и Абрамсите во стилот „ќе видите вие кога ќе почнат со нив“ и анализите во стилот не ако падне туку „кога ќе падне Азов“. Па сега пошто наводно Русија се брани со Т55, испаднаа овие тешки конзерви. Иначе ако не си прочитал, Русите почнаа Т55ки претворени во дрончиња на даљинско да праќаат во напад