Не само ПР победа тоа е сосема логичен потег. Да не беа опседнати Украинците толку со ПР, наместо да си ги трошат силите во напаѓање на територија на која веќе Русите центрирале артилерија, требаше да нападнат накај Курс и Брајанск, и така таму нема никакви сили.Под 30-40 километри немаше да имаат заземено сигурно, а ќе можеа да отсварат и стратешка победа со тоа што ќе го пресечеа автопатот Брајанкс - Гомел накај Белорусија. Тек тогаш Путин ќе се потеше. Ем Руски села и градови ќе гореа, ем ќе мораше мобилизација и ќе почнеше да влече панични потези. Вака Украинците само си ги трошат силите во напад на однапред одбрани региони за борба и кои се без никаква стратешка вредност зошто се под тежок притисок за ПР.
Ова што го прави Рускиот врв е дегудантно, наместо да војуваат и да победат они сакаат да се создадат регион за мелење на месо и да ги поминат таму следните 2-3 години мелејќи ги Украинците кои нивната власт нема никаков проблем да ги праќа како стока на колење.
А и тоа што највеќе ме нервира е користењето на мобилизираните од Доњетск и Луганск како топовско месо. 6 месеци поминаа, не се повеќе од 60-80 000, па земи дај им стандардна опрема и оружје, а не Т-62 да им даваш кога имаш 1000 Т-72ки по складишта. Не се должни тие луѓе таму заедно со малцинствата да крварат по Украина, додека во Москва и Петровград си организираат фестивали. Не може некој да не дадат ништо, а некој да дадат се.
Вагнер, Бујратите, Башкирите и ДНЛР чистат ровови, Руската професионална војска си одржува Тенковски Бијатлони и вежби во камчатка. Освен Пацифичките маринци и ВДВ, другите ги нема никаде. Првата и Четврта Тенковска Гардска дивизија, 6 месеци седат во Белгород одкако се посраа околу Карков. Во Керсон било многу бришан простор ( степи) не можело да се напредува, во Донбас имало премногу урбани средини не можело да се напредува, во Карков, Суми и Конотоп имало премногу шуми не можело да се напредува. Епа ај ако не следен пат нека кажат да им го спремат теренот.
Не бомбардираме мостови, не бомбардираме централи, не бомбардираме конвои, не бомбардираме возови. Али вие дечки слободно идете и чистете ровови спремани 8 години.
Види, војната е малтене продолжена рака на политиката. И не може војната да се одвои од политиката. Брут форс во денешницата може да си приушти само Америка, затоа што ги контролира социјалните медиуми. Русија тоа не може да си го приушти. Реално кажано не знаеме што се случува на терен. Дури и тие што се таму не ја знаат големата слика. Гледам што збори Дејан Бериќ и за многу работи е демантиран од самите случувања и многу брзо одкако ќе го каже нештото.
Според мене, не е причината бришан простор шуми и градови што не напредува Русија. Причина за тоа е политиката. Прво надворешна политика, воено и економски ги уништува НАТО земјите во Европа. Второ, внатрешна политика, ги штеди војниците. Без овие два политички моменти, цела операција може да падне во вода, нели мора тука да ја додадеме успешноста на оперцијата. Операцијава е долго и внимателно подготвувана. Сега дури се гледаат моменти попут играта на Путин со Ердоган и покрај што Ердо му го сруши авионот. Целата таа чудна ситуација околу Нагорно Карабах. Све сега се гледа доста појасно.
Не би се зачудил Кина да е многу добро запознаена со операцијава на време. После почетоков на операцијата, доста земји се охрабрија, ова го видоа како надеж да промена на светот и крај на самоволието на Американците. И како иде време, све повеќе ќе го гледаат тоа. Затоа на Украина (читај западот) им е важна секоја победа на Украинската војска. Затоа и секоја завземена педа се слави на социјалните мрежи ко да паднал Берлин. Затоа и праќаат толкави количества на оружје, и затоа даваат толкава логистика. А сега најново што се слушна е дека голем дел од војската што напаѓа на север се платеници од запад.
Исто како што САД и НАТО си имаат причини кои неможат да ги заобиколат, така и Русија си има такви причини. Русија влезе со голем влог (тоа е една од причините што на почетоков на кризава мислев дека нема да почне напад), а НАТО тој влог го прифати па дури и го удвостручи на своја штета.
Тоа кој како војува и како чисти ровови се прикаски раскажани од одредени ванаби војници инфлуенцери. Секоја војна си има приказни од многу аспекти и верувај дека ниедна од тие приказни не е убава. Едно знам, се гине и на Руска страна. Не толку многу како од другата, ама се гине. Нормално е, војна е, друго и не се очекува.
Околу контраофанзивата:
Зошто не влегуваат на Курс и Брајанск Украинците, како што викаш. Да можеби можат, можеби и нема одбранбени трупи толку на север. Но ако сега користат најмалку околу 40К и тие сили ги насочат на Русија. Мораш да имаш во предвид дека тоа не се резервни трупи, тоа се трупи извадени од некоја си одбранбена линија. Ќе отидат на пикник во Русија, некој 300-400 километри од фронтот и? Прво и основно таму ќе бидат уништени ко два и два. Нема таму пристап америчката логистика, ниту пак ќе бидат предмет на политичка грижа, која што ја прикажуваат Русите во Украина. Туку едноставно ќе бидат безмилосно уништени. А во исто време фронтот им е олеснет за 40К луѓе. Интересна работа е што со оваа конраофанзива тоа и го ризикуваат, но како што викаш немаа избор или ќе бидат сомлени со артилерија, како што всушност прават Русите или ќе пробаат нешто да напраат. Ваљда имаат стратегија на излез, пошто реално кажано ова е прва офанзивна операција во која Украинската војска е потполно артикулирана и координирана и има реален успех, без разлика дали го сметаме за маргинален или не. Поентата е дека првпат прикажува успех во напад.
Претпоставувам дека Украинците веќе ја сватиле Руската тактика и дека сватиле дека Русите нигде не се брзаат и идат полека и сигурно и решиле да им ги пореметат плановите. Покрај тоа и Европските НАТО земји веќе почнуваат да се исцрпуваат и да се прашуваат дали веќе вреди да се поддржи Украина понатаму по цена да крварат зимово и да ризикуваат политичка и економска нестабилност. Па така ова е некаква шанса да прикажат светло во тунелот. Одбраа линија на фронтот која е најтенка во одбраната и која најмалце им значи на Русите во моментов и удрија на неа. Тотално паметен потег, ако веќе не мислат да се предаваат. Ова дефинитивно ќе им повлече на Русите непланирани трупи во регион за кој немаат план да вршат офанзивни дејства во брза иднина. И не само тука, туку и на сите линии на фронтот каде што одбаната е тенка. Ова само по себе може и да повлече убрзување на Руската офанзива и чекори кои ќе им ја зголемат политичката цена на Русите, било тоа да е поконкретно уништување на инфраструктурата, што ќе повлече директни политички последици, било да се тоа преуранети пешадиски офанзиви на разни места од фронтот што ќе ги зголеми жртвите, што ќе има импакт на внатрешната политика. Тоа е последицата, а не падот на Купијанск како некакво си стратешко место, кое воопшто нема никаква круцијална важност во моментов за Русија. Све на све успешна операција, па дури и да се врати целата територија после 2-3 дена, па и да ги изгубат сите 40К. Тие и онака ќе беа изгубени како топовско месо.