Гувернерот на Луганската Област во неговото излагање кажува дека ВСРФ напаѓаат [меѓу другото] кај Белогорливка. Тоа е местото под р. СД, тоа значи дека Русите успешно ја поминале реката а ВСУ не успеале да ги спречат во тоа.
Наводно новиот грб на Мелитополската област.
Прегледај го приврзокот 333530
Можда загинале во Украина а може е случајност.
Прегледај го приврзокот 333541
@Klinton Твое мислење за ситуацијата, поточно што ти би правел на местото на Украинците? Ќе се повлечеш од Северодонецк, би организирал против напад или нешто трето?
лесно е да шпекулирам, тешко е дури и за генералите да проценат во моментов.
Опколување не значи сигурна смрт, понекогаш опколувањето единствен излез за пробив. Не заборавај дека да направиш правилно опколување ти треба 4:1 разлика во сила, опрема, гориво, да не спомнувам координација, за која Русите не се баш славни.
За Украина би било катастрофално да ја напуштат реката како одбранбена позиција и од тактичка и од оперативна и од стратешка гледна точка, моралот има пад да доживее по кој консолидирање е скоро невозможно.
Очигледно е дека контранапад е единствен излез, прашањето е дали имаат сила и средства за контранапад. Ако претпоставам дека јас сум Украинец и имам средства и сила за контраофанзива, јас би ги укопал и утврдил од сите страни позициите на Лисичанск и околната зона и би наредил фазно повлекување. Од кога ќе се случи опколување или крајниот обид за истото, Русите ќе бидат во истрошена и дезорганизирана фаза по која ќе имаат потреба за реорганизација и консолидација. Во таа фаза логистиката игра клучна улога, па би ја нападнал неа. Гориво и општо конвои би ги удрил прво, по што би направил пробив за ново отворање рута на набавки. Потоа би ги опколил најистурените позиции на Русите и би ги изгладнил до смрт. На крај би ја консолидирал и реорганизирал одбраната, очекувајќи нова руска офанзива
Три работи мораат да бидат исполнети за ова да биде можно.
Воздухопловите мора да бидат барем во баланс а не инфериорни, тешко ова малце.
Артилеријата треба да биде таргетирана во фазата на организирано фазно повлекување. Кога и бегаш на артилеријата од домет, Русите мораат да ја репозиционираат артилеријата, при што истата е најранлива. Ако успееш да ја намалиш или уништиш огнената моќ на непријателот можеш да правиш пробив, ако не ја онеспособиш барем, ќе прават многу пакос во најмала рака а и организираноста на нападот ќе пропадне брзо.
Логистиката мора да биде богата и координирана. Како што гледаме за сега Украина нема многу резерви за богата логистика.
Како заклучок, не изгледа арно за Украинците.
Ако направат импотентно бранење, ќе пропаднат како армија. Ако се повлечат за да го испеглаат фронтот, ќе биде оперативно успешно но стратешки катастрофално. Ако нападнат и не успеат ќе ги потрошат последните резерви за џабе. Единствена надеж сега е масивен контранапад концентриран на руската логистика. Ако успеат, ќе имаат нов морал буст и наплив на нова помош во странци и опрема.
High risk High reward ако гледаат така ќе ја биде. Ама ако гледаат на ситуацијата "ампутирај рака за да преживее организмот" ќе преживеат сега и ќе умрат од депресија утре.
Мајнштајн менталитет му е мајката