smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.743
- Поени од реакции
- 4.502
Идејата дека проблемите се решаваат со закони е една од најголемите заблуди во последниве сто години, а најверојатно и пред тоа. Една од причините зошто живееме во вукојебина е пошто луѓето уште викаат државата да помогне наместо да речат ајде да се собереме и да го решиме проблемот.
Не ти треба помош од државата за населбата да не биде со отпад на секој чекор.
Мене ако ме праша некој, јас борбата со било какви супстанци што ствараат зависност од тешки дроги како Кокаин, Хероин итн, па се до цигари, алкохол, кофеин ја гледам во здрав и квалитетен живот, а не законски решенија.
Кога ќе имаме економски просперитетна, политички стабилна и законски исправна држава тогаш на народот фокусот ќе му биде спорт и здрава исхрана и ова е противотров на дрога и останати непожелни навики/дејства.
Не ми текнува на името и можеби нема најдобро да ја пренесам пораката ама ќе пробам.
Ако не се лажам дебатата беше начелно поврзана за слобода на говор ама аргументот беше за животната средина.
Говорникот многу добро ја долови суштината дека Британија официјално е заслужна за 2% од емисиите на јаглерод така да што и да направат они нема значително да го промени светот барем во поглед на емисиите на јаглерод.
Од друга страна во Азија луѓето што живеат на праг на сиромаштија секогаш ќе изберат да ги нахранат своите деца пред да размислуваат за еколошки последици(ова важи за скоро секој родител во било кој крај на светот)
Потоа посочи дека единствено решение е технолошки напредок што би довел до евтина и зелена енергија.
Горе доле и мене ми е ова суштината на она што го зборувам. Ако семејствата и заедниците се растурени, ако немаме економски просперитет и надеж за иднината, ако нема правда тогаш изборот ќе биде дрога, коцка, цигари и други срања без разлика дали има законски забрани, а во обратна ситуација изборот ќе биде спорт, здрава исхрана, здрав живот.
П.С Се согласувам за еве да ги наречам "common sense" закони што забрануваат консумација на цигари, дрога итн на јавни места. Исто се согласувам за специјални закони за малолетници. Ова не е контрадикторно со она што е пишано погоре.
П.С2 Македонија имаше супер закон што забрануваше пушење на јавни места ама сите знаеме каква беше реалноста.(Што дополнително ја потврдува мојата теорија)