Војната на патиштата

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Да во Финска имаат казни соодветно на годишните примања. Замисли до каков крах на институциите би довела ваква мерка во Македонија :)
Понекогаш е подобро да се доживее крах и да се почне од нула, отколку секојдневно да се губат млади животи
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.492
Поени од реакции
24.274
Веројатно си пешак затоа така зборуваш. Јас сум често во двете позиции и навистина изгледа поинаку кога си од другата страна. Сепак факт е дека има пешаци кои се крајно неодговорни и не знам...можеби не им е мил животот. Претрчување навечер на неосветлено место без да внимаваш е обид за самоубиство. И друга работа, ако има некој искусен возач на форумов нека каже дали не му се случило барем еднаш за дел од секунда да не внимава и само среќа да го спасила од удар? Имам доживеано два-три пати и не е пријатно а имам околу 200.000 км позади мене. Сакам да кажам дека не треба секогаш да осудуваме и треба да видиме што се случило. Океј 150 км на саат во град никогаш не може да е оправдано :)
Не сум пешак оддамна и да сум се нашол во двете позиции. Да има пешаци кои се крајно неодговорни и претрчуваат каде ке им стигне. Има пешаци кои едноставно незнаат, има пијани пешаци, има деца пешаци на кои им избегала топката, има старци кои мозокот им работи со 20 % од капацитетот итн итн. И што со тоа , ајде да ги изгазиме . Затоа тука е возачот да внимава кога вози и да претпостави дека секој момент посебно во густо населено подрачје може некој да му претрча пошто ако го згазни ке наеби колку и да со своето однесување не придонел кон немилиот настан. Можеби не со полна казна но сепак ке одговара. Со ова правило и норма никој шофер не е исклучен од одговорност ( па ни јас) . Секако многу веројатно е да се случи покрај многу несовесни возачи да заглави и наеби шофер кој во животот немал направено никаков сообраќаен прекршок . Едноставно се нашол на погрешно место во погрешно време и тоа е тоа. За да направиш омлет мора да скршиш неколку јајца. Ако тие неколку " невини " шофери што ке наебат покрај овие другите допридонесат кон спасување на многу други животи едноставно ке ги прежалиме. Колатерална штета . Утре тоа можи да бидам јас, Ти ,било кој друг. Ако тоа значи дека во иднина ваквите немили настани ке се сведат на минимум и дека кога некој утре ке седни зад волан знае дека тоа може да го кошта слободата сигурен сум дека концентрацијата ке му биди на максимално можно ниво.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ако се сака се има решение, не е некоја виша математика.

Радари на сите улици кои по автоматизам снимаат. Возиш ли со недозволена брзина ќе си добиеш покана за суд и ќе платиш казна. Дури мислам дека може и да се направи електронски систем на наплата каде би бил избегнат човечкиот фактор на фаќање врски ама се разбира дека нема никогаш да се направи.

Ако возиш со преголема брзина одземање на возачката на една година, две години, три години итн. За возење без возачка затвор од 5 години и голема парична казна.

Усмртување на пешак на пешачки одговараш за убиство. Усмртување на пешак на непешачки а си возел со дозволена брзина не си крив. Ако си возел со недозволена брзина се разбира ќе одговараш.

Се подразбира дека возачот треба да се обиде да не го повреди пешакот дури и ако овој поминува на непешачки премин или на црвено (дете, постар занесен човек, момент на невнимание итн).

Незастанување на пешачки да пропуштиш пешаци, одземање дозвола и огромна казна.

Пешак што поминал на непешачки или на црвено, голема казна.

Се разбира сите пешачки премини мора повторно убаво да се обележат уште на 100 метри далечина да знае возачот дека има пешачки дење или ноќе видлив а не како сега пола од пешачкиве едвај се гледаат на 2 метра растојание.

Паркирање и застанување на коловоз висока казна, одземање на возачка дозвола и привремено одземање на возилото. Срамота е што на пола скопски улици едната лента е практично неупотреблива за возење а се почести има возачи што си застануваат непосредно пред или по пешачки премин (пример Хром и Ѓорче). Да не спомнувам и што кога нешто ќе се раскопа си останува раскопано со месеци а некаде и години и никој не одговара.

Знам и улици каде нема никаква сигнализација дека има пешачки премин (пример Ѓорче).

Сѐ ова подразбира високо цивилизирана и културна средина што значи е само убава утопија и кај нас нема никогаш (барем не следните 30 години) да се спроведе.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Народов на социјалниве мрежи повеќе се замара да не се шпекулирало со која брзина возел отколку да земе да го најде и под нозе да го стави и овој деген и оној кај Католичка. Ми се гади кај живееме еј, али овие што викаат да не се шират шпекулации се кладам дека се фаци што си возат по иста брзинска шема со клошаров.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Лесна му земја на девојчето.

Иначе кога веќе сум овде, да прашам, нели за Алачки нешо имаше муабет дека прегазила некој ?
или јас сум грешка ?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Синоќа па еден вол на ѕидот сообраќаен се фалеше дека удрил некој човек и не платил казна ни лежел во затвор. И му барал пари за материјална штета за колата. :tapp:

Лесна му земја на девојчето.

Иначе кога веќе сум овде, да прашам, нели за Алачки нешо имаше муабет дека прегазила некој ?
или јас сум грешка ?
Ќе има трето судење за тој случај.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Лесна му земја на девојчето.

Иначе кога веќе сум овде, да прашам, нели за Алачки нешо имаше муабет дека прегазила некој ?
или јас сум грешка ?
Кај нејзе олеснителна околност е што пешакот не проаѓал на пешачки, брзината (колку што пишуваше по некој од веснициве) не била пречекорена, не киднала од местото на злосторот, дала прва помош, викнала брза помош...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Синоќа па еден вол на ѕидот сообраќаен се фалеше дека удрил некој човек и не платил казна ни лежел во затвор. И му барал пари за материјална штета за колата. :tapp:


Ќе има трето судење за тој случај.
Сериозно или првоаприлска шега некоја....?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Помина први април за вакви шеги.
Катастрофа. Ај да бил прогласен за невин (ако стварно околностите биле такви-пешакот поминувал каде не е за поминување, брзината била прилагодена, укажал прва помош , едно друго), но да бара оштета од човекот кој го удрил за колата? Прв пат слушам за вакво нешто...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Катастрофа. Ај да бил прогласен за невин (ако стварно околностите биле такви-пешакот поминувал каде не е за поминување, брзината била прилагодена, укажал прва помош , едно друго), но да бара оштета од човекот кој го удрил за колата? Прв пат слушам за вакво нешто...
Што те чуди, на некои колата им е поважна од нечиј живот.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Сериозно или првоаприлска шега некоја....?
Човекот како што кажа,1-тој излегол изненадно пред него односно бил пијан и паднал на лентата за возење и овој го удрил.2-не ја пречекорил брзината.3-не избегал од местото.

ОВА НЕМА НИКАКВА ВРСКА/ОПРАВДУВАЊЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДЕВОЈЧЕТО,но само сакав да пообјаснам...имаш секакви по улициве,но и по тротоарите.Јас лично неколку пати сум избегнал да удрам старец на точак кој очигледно е пијан,шантра со точакот цела лента зафаќале,така да не секогаш е крив возачот.ПОВТОРУВАМ,не го оправдувам дебилов што го прегази девојчето ! 160 на саат,нема НИКАКВО оправдание за него,буквално никакво.

Друга работа во врска со пешачките...прво,избледени се пешачките,а второ,има многу,многу луѓе,кои пред пешачки си праат муабет,кои се мислат тргни-застани,ќе застанеш,он уште стои,ти ќе тргнеш-он трга...како и да е,над 70 возење у град,нема никакво оправдување за било што.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom