Војната на патиштата

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.960
Поени од реакции
23.836
Болно е кога е изненадно, од нигде никаде. Како изненадна смрт кај млад човек без сериозни заболувања.

Овој бил прашање на време кога ќе направи пиздарија, која патем била чистена од истите тие што искочија на прес да плачат вчера.

Замисли да возиш 2-3 години константно без возачка, да пиеш, да се дрогираш, да дилаш дрога и да те фаќа полиција, каде се очекува да завршиш? Или под земја или во затвор, сигурно не на Харвард.
Тоа дали била чистена од нив или не е само претпоставка и е теорија форсирана на интернет. Они тврдат не, непознати луѓе тврдат да. Твое е на кому ќе веруваш.
Може и се обиделе да разговараат со него ама овој зелен у главата.
Не можам за ова да тврдам, ама ми изгледа дека се родители кои го размазиле детево. Може ете погрешиле во тој смер и создале татина принцеза место маж, ама не може да им се земе за зло. Намерите не им биле лоши. Не изгледаат на параспур родители или токсична фамилија. Крај краева овој е полнолетен. Можел комотно и да живее сам и да рента кола па пак да направи исто срање. Плус се гледа дека знае да хасла и мислам дека многу работи има правено без да знаат родителите.

Знам дека не е човечки, ама дебилот ке излезе од затвор. Фросина нема да стане од гроб. Немам трошка симпатија за родителиве, тие се директно виновни за ова што се има случено. Не му го давале возилото, сам го зимал. Не пиел претходни 7-8 месеци? Важи. :pos:

Криво ми е само што никој од новинарите не стана и не ги праша, како ви успеаа до толку да ви избега воспитувањето на детето, што направивте лик кој не размислува за последиците на своите дела?
Ако размислуваме со ладна глава, ова сепак не е убиство со умисла и како такво треба да му се даде втора шанса.
Да, згрешил. Да, треба да лежи подолго за да се стави крај на сите вакви инциденти (или пак да се намалат барем) ама не може овој да го ставаме во ист кош со луѓе кои решетале без да им трепне око и направиле триста срања пред да бидат затворени.
Да не забораваме какви ликови се шетаат слободни и никој ништо не им може. Овој не припаѓа на исто место со тие таквите и ваквите заслужуваат втора шанса колку и да звучи погрешно ова во овој момент додека е тазе дешавкава.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.474
Поени од реакции
4.628

Судството ни е смешно, трагично. Треба за вакви случаи да носат судии од странство кафе што ќе не може да се ургира, вака Петко, Станко ќе ти ја кројат судбината со врски пошо го знаеле Трајко
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.919
Поени од реакции
21.983
Кој глуп изговор, не пија ништо 7-8 месеца.
Абе и прф пут да е пија у живот тј вечер,џабе е.
Знае се,не се вози кд пиеш алкохол.

Овој не треба никој да га тресне,а не па некој си адвокат да га изјави како дел од одбрану.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
732
Поени од реакции
1.918
Dali e pozelno ili ne pesak da vnimava koga preminuva ulica iako mu e zeleno i e na pesacki.
Povekjeto tuka se ubedeni deka e totalno bezpolezno i gubenje na vreme.
Ti so velis, pozelno e taka da frlis eden pogled levo desno ili nema potreba, zeleno ti e.
Никој нема да натера пешак да дува на дрегер.Пешакот не можи да се движи со 130км на час.За пешак не треба да полагаш.Колку шо знам Фросина поминувала на пешачки на зелено,дали гледала лево или десно не знам.Се шо знам е дека како народ треба да притискаме да се подобри корумпираниот и изопачен судски систем.Дали знаеш колку вакви случаи се заташкани?Затоа љугето се бесни на судството и со право.Не знам шо не ти е јасно?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.960
Поени од реакции
23.836
Судството ни е смешно, трагично. Треба за вакви случаи да носат судии од странство кафе што ќе не може да се ургира, вака Петко, Станко ќе ти ја кројат судбината со врски пошо го знаеле Трајко
Сакаш да кажеш дека треба да се носат судии од странство за да пресуди на 20 годишен мал дилер со мало количество?
Знаеш ли колку вакви мали куртончиња дилери се спогодуваат да тастаат за да добијат помала казна?
Многу поголеми проблеми има Македонија отколку ваквите како овој. Го направивте божем е скопскиот Пабло Ескобар а не некое мало дилерче.
Патем кога сме кај овие шкониве кои дилаат низ Скопје. Кој од нив лежи? Колку нерешени убиства и обиди за убиства имавме во последниве неколку години само? И тие ти се на булевар иста опасност ко овој само што они и кога ќе згазат некого во случај да бидат уапсени (најдени) за нив ќе има протести пред суд за да се ослободат истите.
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.153
Поени од реакции
1.713
Dali e pozelno ili ne pesak da vnimava koga preminuva ulica iako mu e zeleno i e na pesacki.
Povekjeto tuka se ubedeni deka e totalno bezpolezno i gubenje na vreme.
Ti so velis, pozelno e taka da frlis eden pogled levo desno ili nema potreba, zeleno ti e.
Абе ти ако сакаш застани и 10 мин гледај лево десно пред да преминеш, онака буквално 10 минути. После 3 чекори поминува некоја будала и те прави пепел. Значи на пола пешачки премин те собира, се разбираме? За каков поглед зборуваш во оваа ситуација само Господ знае.

Како и во секоја тема така и тука жив канцер си, мора нешто да тупиш, мора нешто само тебе да не ти е јасно, мора да фатиш обратна страна од цел нормален свет.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.474
Поени од реакции
4.628
Сакаш да кажеш дека треба да се носат судии од странство за да пресуди на 20 годишен мал дилер со мало количество?
Знаеш ли колку вакви мали куртончиња дилери се спогодуваат да тастаат за да добијат помала казна?
Многу поголеми проблеми има Македонија отколку ваквите како овој. Го направивте божем е скопскиот Пабло Ескобар а не некое мало дилерче.
Патем кога сме кај овие шкониве кои дилаат низ Скопје. Кој од нив лежи? Колку нерешени убиства и обиди за убиства имавме во последниве неколку години само? И тие ти се на булевар иста опасност ко овој само што они и кога ќе згазат некого во случај да бидат уапсени (најдени) за нив ќе има протести пред суд за да се ослободат истите.
Абе криминалците генерално, овие што се клановиве, колку и да се забегани, не повредуваат директно случајни минувачи. Може некој да е колатерална штета, ама претежно се чистат меѓу себе, или луѓе инволвирани во некоја шема, организација.

А поради вакви како овој абдалов секој е потенцијална жртва.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
732
Поени од реакции
1.918
Сакаш да кажеш дека треба да се носат судии од странство за да пресуди на 20 годишен мал дилер со мало количество?
Знаеш ли колку вакви мали куртончиња дилери се спогодуваат да тастаат за да добијат помала казна?
Многу поголеми проблеми има Македонија отколку ваквите како овој. Го направивте божем е скопскиот Пабло Ескобар а не некое мало дилерче.
Патем кога сме кај овие шкониве кои дилаат низ Скопје. Кој од нив лежи? Колку нерешени убиства и обиди за убиства имавме во последниве неколку години само? И тие ти се на булевар иста опасност ко овој само што они и кога ќе згазат некого во случај да бидат уапсени (најдени) за нив ќе има протести пред суд за да се ослободат истите.
Никој не ги амнестира криминалците.Проблемот е зошто тие шконите шо дилаат не лежат затвор.Поради кого?Кој ги ослободува?
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.900
Поени од реакции
67.551
Ако размислуваме со ладна глава, ова сепак не е убиство со умисла и како такво треба да му се даде втора шанса.
Да, згрешил. Да, треба да лежи подолго за да се стави крај на сите вакви инциденти (или пак да се намалат барем) ама не може овој да го ставаме во ист кош со луѓе кои решетале без да им трепне око и направиле триста срања пред да бидат затворени.
Да не забораваме какви ликови се шетаат слободни и никој ништо не им може. Овој не припаѓа на исто место со тие таквите и ваквите заслужуваат втора шанса колку и да звучи погрешно ова во овој момент додека е тазе дешавкава.
Втора шанса треба да се даде на лик кој што направил сообраќајка со смртни последици од невнимание, трезен, со положен возачки, возејки по прописи. На овој да му дадеш втора шанса, пак ке направи ист проблем. Ликов не делува на некој кој сфаќа што е втора шанса.

Абе ти ако сакаш застани и 10 мин гледај лево десно пред да преминеш, онака буквално 10 минути. После 3 чекори поминува некоја будала и те прави пепел. Значи на пола пешачки премин те собира, се разбираме? За каков поглед зборуваш во оваа ситуација само Господ знае.

Како и во секоја тема така и тука жив канцер си, мора нешто да тупиш, мора нешто само тебе да не ти е јасно, мора да фатиш обратна страна од цел нормален свет.
Ова е изјава на Сашо Дукоски, адвокатот на убиeцов, Васил Јованов, од пресот вчера:-
"- Фросина нема никаква вина, ниту пак со било која своја акција има придонесено кон несреќата."

Крај на приказната, требало да гледа, да слуша од 200 метри кола, и останати идиотизми.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.432
Поени од реакции
7.138
Не мислам дека глумат родителите. Сепак, и они изгубија дете. Не е лесно во нивна ситуација со оглед на тоа што им е единец.
И јас не се сложувам со ваквите излегувања по телевизии и плачење пред камери ама сигурен сум дека е многу болно да знаеш дека син ти ќе заглави у затвор.
Мене повеќе ми делува дека глумат, одколку што стварно сочувствуваат, само гледаат колку можат да го спасат својот дебил, а ова го мислам поради некои работи на пресот. Прво, они би требало да се први против објавувањето на видеото од страна на адвокатот. Второ, ако стварно сочувствувале, немаше да дозволат адвокатон да изнесува очигледни лаги, само како би ја ублажил монструозноста на нивниот син. Не пиел, тоа му било прв пат после не знам колку време, не му ја давале колата, ја крадел, а веќе згазил предходно човек, имал преку 10 казни. Еднаш, два пати, три пати ќе ти ја украде, после ќе седиш со клучеви у џеб ако не сакаш да ти ја краде. Не возел толку брзо, се уклучил од споредна улица 80 метри од местото на несреќата. Не постои споредна улица таму, не на 80 метри, туку ни на 200-300 метри. Првата споредна улица е Ленинова, едно 500 метри понапред. Така да ако имаа малце човечност немаше да дозволат вакви работи. Затоа повеќе мислам дека е глума, за колку што можат да ја ублажат со лаги ситуацијата на син им, отколку што имаат било каква емпатија, сочувство или слично.
 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
91
Поени од реакции
184
Тоа дали била чистена од нив или не е само претпоставка и е теорија форсирана на интернет. Они тврдат не, непознати луѓе тврдат да. Твое е на кому ќе веруваш.
Може и се обиделе да разговараат со него ама овој зелен у главата.
Не можам за ова да тврдам, ама ми изгледа дека се родители кои го размазиле детево. Може ете погрешиле во тој смер и создале татина принцеза место маж, ама не може да им се земе за зло. Намерите не им биле лоши. Не изгледаат на параспур родители или токсична фамилија. Крај краева овој е полнолетен. Можел комотно и да живее сам и да рента кола па пак да направи исто срање. Плус се гледа дека знае да хасла и мислам дека многу работи има правено без да знаат родителите.

Ако размислуваме со ладна глава, ова сепак не е убиство со умисла и како такво треба да му се даде втора шанса.
Да, згрешил. Да, треба да лежи подолго за да се стави крај на сите вакви инциденти (или пак да се намалат барем) ама не може овој да го ставаме во ист кош со луѓе кои решетале без да им трепне око и направиле триста срања пред да бидат затворени.
Да не забораваме какви ликови се шетаат слободни и никој ништо не им може. Овој не припаѓа на исто место со тие таквите и ваквите заслужуваат втора шанса колку и да звучи погрешно ова во овој момент додека е тазе дешавкава.
За тоа средувањето од неговите, Васил сам се има фалено као да ти кажам.
Ние сите шо го знаеме као кој е, сме у шок. Го знаевме ко џанак со многу пари и дека е дете без контрола. Ја го мислеб дека е телетабис некој, не дека има цела мрежа, дека дила со баба му и има станови. Пошо со џоинт кога го имаат фаќано, пеел ко пиче од кај му е. За тоа у март ја немав чуено, другар ми кажа дека Васил на негов другар се пофалил дека Зоран му средил. После на истиот му се јави на камера, коа ви пишав овде дека има телефон, памтите дека следен ден се дозна јавно?
Некои знаеме нешо поише некои не.
Ја го знам пошо тука живее, шо и да се деси цел Карпош дознава одма. Ја знаев дека детево нема татко, односно као дека живее сам со мајка му и затоа е толку збеснат.
сто посто татичко го има вадено. Остај ти рекла казала. Сам се фалел шо е најглупо, ваљда да се напраи мангуп.
Пошо он со тие шо се дружеше сите беа у бегство, јаката ,,мафијашка група” го напраија Васо Пабло ебате. Он е зелкар. Нема лоша душа ич, само од дување е отупен. Таков е се кези, не се замара работа да најде, факс нешо. Само седи дува и собира девојчиња дома.
И лага е дека не дувал више. Абе го перат
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.496
Поени од реакции
35.239
Знам дека не е човечки, ама дебилот ке излезе од затвор. Фросина нема да стане од гроб. Немам трошка симпатија за родителиве, тие се директно виновни за ова што се има случено. Не му го давале возилото, сам го зимал. Не пиел претходни 7-8 месеци? Важи. :pos:

Криво ми е само што никој од новинарите не стана и не ги праша, како ви успеаа до толку да ви избега воспитувањето на детето, што направивте лик кој не размислува за последиците на своите дела?
Они не се оттука. Ништо не знаеле. Со години им го крадел аутото а почнал како малолетен. Дома им седел, морале да го хранат, облекуваат. Да му даваат пари за дрога, за алкохол, за беснеење. Морале да го вадат од гомнарии како сообраќајки и удирање бремени жени. Да го вадат да нема пријави за сопирање од полиција за возење без дозвола... Они биле жртвите уствари. :unsure:

Затоа го најмиле најскапиот и најбескрупулозен адвокат во државата. За да се одбранат од копиљот... И верувајте им кога кажуваат дека не се влијателни, онаков адвокат може буквално секој да си дозволи, и буквално сечиј син може со 2-3 години дивеење да не го фаќа закон.
Автоматски споено мислење:

Сакаш да кажеш дека треба да се носат судии од странство за да пресуди на 20 годишен мал дилер со мало количество?
Тоа нешто како „само малку е педеp“, демек не е многу педеp. :unsure:

84 кеси амфетамин беше информацијата... 84. Кеси. Амфетамин.
Нека легнат малку фактите... Не „мал дилер“и „помлад полнолетник“. Оксиморони како невина кypва и чесен адвокат.
Автоматски споено мислење:

Тоа дали била чистена од нив или не е само претпоставка и е теорија форсирана на интернет. Они тврдат не, непознати луѓе тврдат да. Твое е на кому ќе веруваш.
Може и се обиделе да разговараат со него ама овој зелен у главата.
Така де они родителите биле жртви. Копиљот на 17 годни кога удрил пешак возејќи (пак) без дозвола... Сам си средил да нема последици. И сам си платил казна. Родителите немале ништо со тоа. И упорно му кажувале да не ја зема колата која не му ја купиле за роденден. Дури и клучот му кажувале да го врати (само не е јасно зошто му го дале).

Ако размислуваме со ладна глава, ова сепак не е убиство со умисла и како такво треба да му се даде втора шанса.
Само ако може тебе да те ставиме за следна жртва на копилето... Ама пошто не може, ти давај му втори па и трети шанси. Јас а верувам и мнозинството таквите како тоа копиле, јас би ги множел со нула. И да се разбереме - без дискриминација - истото го мислам за сите такви како него.
Автоматски споено мислење:

Ја го мислеб дека е телетабис некој, не дека има цела мрежа, дека дила со баба му и има станови.
Баба му гарант е заложник во ситуацијата и се жртвувала за него. Којзнае што ја лажел дека остава кај нејзе во стан... Најпосле колку баби криминални шефови знаеш?
 
Последно уредено:
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.696
Поени од реакции
4.602
Го листам законот и го гледам Член 288: Предизвикување општа опасност.
(1)Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3)Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Буквално никаде не пишува дека може да има нагодување со жртвата, и непочнување на постапка од обвинителството.

Настрана повредувањето на трудната жена. Кога копилето вози без дозвола тој ги загрозува сите во сообраќајот, и пешаци и возачи/патници. Значи предеизвикал општа опасност, и тоа го повторувал многу пати - нешто што го знаеме затоа што бил застануван од полиција. Но ниеднаш против него не е почната постапка... Ајде помогни ми да разберам.
Cl.43 od Zakon za krivična postapka
 
Kajgana Shop

На врв Bottom