Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.849
- Поени од реакции
- 60.948
Го имаш мојот глас. За процентот ќе се договориме дополнително 

Чекај да ни падне во група Андора, ќе го изгубиме натпреварот, ќе уплатиме пари во кладилница и ете ти солиден животГо имаш мојот глас. За процентот ќе се договориме дополнително![]()
Немај гајле брат, на фудбалот чао му кажавме уште пред 15години...И кога ке се знае кој победил ? Ако тепа хари може да кажеме на фудбалот чао
Жалосно да не речам рип.Со вакви луге нема да имаме фудбал наредните години.Дај бе нака кажат делегатите што добро напрај хариСо 82 гласа „ЗА“ од вкупно 97 делегати со право на глас, Хари Хаџи-Ристески е избран за нов (стар) претседател на Фудбалската федерација на Македонија. На денешното Изборно собрание на ФФМ во хотелот „Александар Палас“, делегатите му дадоа нова доверба на човекот кој веќе имаше два мандати на претседателската фотеља во куќата на фудбалот.
По воведното излагање пред присутните делегати и гостите, против кандидатот на Хаџи-Ристески, Благоја Николовски, ја напушти седницата незадоволен од регуларноста на изборот.
Целиот тек на собранието беше под присмотра на Словенецот, Руди Завр, кој како специјален пратеник од УЕФА го следеше изборнот на нов претседател. Во последните точки од дневниот ред се конституираше новиот Управен Одбор, а се бира и нов потпретседател на Федерацијата.
И така македонскиот фудбал си продолжува да тоне:nesum::nesum::nesum:
Па јас го кажав моето:
Фаза 1: Распад. Неможност за одржување на лига. Што финансиски, што од бојкот на клубовите. Доаѓање во ситуација да ова раководство не може да си ги исполни ни најелементарните обврски, да пукне еден срам пред фудбалскиот свет, па да пукне и некоја казна. Да си ги спакуваат куферите и да си одат. Кој дома, кој зад решетки.
Фаза 2: доаѓање на луѓе со ентузијазам, кои ќе се зафатат да ги поправат работите. Луѓе од таа бранша. Да се врати довербата во фудбалот. Да проработи свеста кај луѓето кои го водат спортот (пошто тие реагираат само на срам и на скандали), да се позанимаваат поконкретно со таа проблематика за која земаат плата. Да се поддржи финансиски, да се донесе нов закон за спорт кој ќе овозможи фирмите да можат да инвестираат во спортот (за тоа во друга тема). Да се ангажираат стручни лица, од луѓе кои се занимавата со организација до луѓе задолжени за психолошка подготовка на репрезентацијата. Да им се остави фудбалот на фудбалерите.
Целата работа е поставена на криви темели. Не може да се надоградува од овде понатаму, кај и да е ќе се сруши. Тоа е мое мислење, не мора да сум во право.
Значи истото го бараме, само што вие она разпагање на Лигата го барате понагласено, што за мене не е решение на проблемот туку исчезнување и на ПРОБЛЕМОТ и на ФУДБАЛОТ, а Македонија без Фудбал некако не ми штима па макар и овој какотаков шо го имаме!Кај нас никој не сака да вложува во фудбалот, а тоа е така бидејќи фрлаат пари во бунар... Колку и да вложуваат пари, секогаш се наоѓа некој што голем дел од тие пари си става во џеб :kesa: Нас ни треба фудбалска федерација составена од луѓе кои имаат пари и познавање од фудбалот, луѓе на кои нема да им биде битно да украдат 100, 1000 или 10 000 евра. Потоа ни треба голем спонзор кој ќе ги спонзорира 1ва,2ра и 3та лига во Македонија, односно ќе ги плаќа судските такси, картоните и сличните такви работи, а за возврат ќе добие реклама на терен и име на лига, пример. Суперстарпица или Долрокс 1ва Лига, 2ра итн...Потоа треба да се намали бројот на странци во клубовите максимум на тројца. Кај нас во клубовите ретки се квалитетните странски играчи, пред се во клубовите носат срби и бразилци чиј квалитет не е ни за во втора лига :kesa: Следно, не смее да се дозволи играчите пред 22 години да ја напуштат Македонија, а сведоци сме дека уште на 15-6 одат во странство
Ова е само дел од мојата "програма"
Гласајте за мене :sport1:
Со 82 гласа „ЗА“ од вкупно 97 делегати со право на глас, Хари Хаџи-Ристески е избран за нов (стар) претседател на Фудбалската федерација на Македонија. На денешното Изборно собрание на ФФМ во хотелот „Александар Палас“, делегатите му дадоа нова доверба на човекот кој веќе имаше два мандати на претседателската фотеља во куќата на фудбалот.
По воведното излагање пред присутните делегати и гостите, против кандидатот на Хаџи-Ристески, Благоја Николовски, ја напушти седницата незадоволен од регуларноста на изборот.
Целиот тек на собранието беше под присмотра на Словенецот, Руди Завр, кој како специјален пратеник од УЕФА го следеше изборнот на нов претседател. Во последните точки од дневниот ред се конституираше новиот Управен Одбор, а се бира и нов потпретседател на Федерацијата.
И така македонскиот фудбал си продолжува да тоне:nesum::nesum::nesum: