Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Oвие болдираниве не се сите старо-нови фаци? :tapp:
Охриѓанецот Иваноски останува во УО на ФФМ

Охриѓанецот Тони Иваноски ќе биде дел од новиот состав на Управниот Одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

За членови на УО на ФФМ се избрани. Благоја Истатов, Зејди Салиу, Гоце Цветановски, Владо Андов, Добре Иванов, Салим Абдиљи, Љубомир Ѓурчевски, Миле Таноски, Ванчо Кузманов, Тони Ивановски, Горан Гаврилов, Аргетим Асани, Кенан Идризи, Стојан Златановски.

За понеделник 30 јули во просториите на ФФМ закажана е прес конференција на новиот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и досегашниот Хари Хаџи - Ристески. Прес конференцијата ќе се одржи со почеток во 12.30 часот.

ohridnews

29.07.2012 23:24

Прочитана е : 264 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани
Овој може и полош да испадни па да го бараме Хари назад да се врати , пошто е човек на власта овој !
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ќенан Идризи кога беше прашан зошто се повлекуваат од кормилото на ФФМ, тој рече дека тоа е нивна стратегија.
Со ова што останува потпреседател значи дека се потврдуваат неговите зборови.

Според мене не очекувајте премногу промени, нормално на почеток ќе има нешто интересно колку ни ги мачкат очите и после ќе се пее иста песна!
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
И после Хари, Хари..... Така ми изгледа работава.
А баш мислев дека ќе смени нешто човеков.....
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
И после Хари, Хари..... Така ми изгледа работава.
А баш мислев дека ќе смени нешто човеков.....
Истово го кажав прееска само што ме заебаваја некој али ке сватат и тие со тек на време дека човеков изгледа како светец однадвор али во душата е прототип на Хари :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Хари замина без борба. Значи замина со договор. Им кажа на Албанците дека не може веќе да се одржи и тие навреме се договорија со новото раководство. Дел од луѓето блиски до Хари останаа, се испазарија и тие. Собраниево е win-win-win-... ситуација за сите. Дури и за Хари.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Aбе нека почнат да работат, ќе видиме што ќе биде.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.950
Поени од реакции
73.711
Истово го кажав прееска само што ме заебаваја некој али ке сватат и тие со тек на време дека човеков изгледа како светец однадвор али во душата е прототип на Хари :)
На сите ни е јасно дека на функцијата не дошол човек кој со некоја програма успеал да побесди или дека стварно има претензии да промени нешто драстично (но он да ги прави тие промени, а не некој индиректно преку него), ама тоа што ти го кажа беше голема глупост ;)
Да не те цитирам, ти рече дека Илчо бил човек на Хари.
Далеку од тоа друже, они двајца си немаат никаква врска.
Хари мислите дека самиот успеа 10 години да остане на власт во ФФМ?
Како што одамна кажав он е во тесна релација со ВМРО и само кога они ќе сакаа можеа да го сменат.
Епа дојде времето, сигурно имаат некој план за фудбалот. Да ставеа некој човек кој се занимава со политика тоа немаше да помине кај УЕФА. Затоа си поставија човек од фудбалот, кој истотака е човек од власта.
Многу знае Македонскиот народ кој биле делегати претходно или кои всушност се овие фацки. Битно им е дека Хари е сменет, и дека дошол некој нов кој за нив е релативно непознат (освен за нас кои следиме Мак фудбал).
Го критикувате Илчо немал програма... му затребала програма :pos:
Мислите дека он некоја главна улога ќе има во одлуките?
Исто како што Иванов "носи" важни одлуки :)
Што ќе му сервираат тоа ќе прави, слично како и со претседателството на кошаркарската федерација.
Таму догуравме далеку, ќе видиме дали во фудбалот ќе се мрднеме од дното. Доволно е за почеток да се изберат правите фудбалери и да се престане со местење.
 
Не кажав дека е негов човек туку дека е марионета на Хари .. исто како сите членови во ФФМ .
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.950
Поени од реакции
73.711
Не кажав дека е негов човек туку дека е марионета на Хари .. исто како сите членови во ФФМ .
А под марионета на Хари што се подразбира ако не негов човек кој го ставил на чело на ФФм за повторно да управува индиректно?

Значи тоа е тоа што сакам да ти кажам, не е Илчомарионета на Хари, немаат допирна точка и двајцата, туку и двајцата се марионети на ВМРО.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.279
Поени од реакции
8.445
Битно пријателски од типот Шпанија не гледате на градски... И јас незнам како ни ја договори Ѕвезда на нас во претсезона :pos:
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Го критикувате Илчо немал програма... му затребала програма :pos:
Мислите дека он некоја главна улога ќе има во одлуките?
.
То е то..кај нас во се и сешто знаете како одат работите..во секој сегмент власта предводена од ВМРО донесува одлуки другите се само пиуни..па и колку ми е смешно кога прочита низ весниците демек Илчо уште од сега се соочува со проблеми :pos::pos::pos:..демек останатите што читаат весници се прости и не знаат дека Илчо моментално е поставен како статута за ВМРО да донесува одлуки...зошто едноставно пак истите луѓе се во УО??..нема ништо да се промени се додека ВМРО е на власт во воој случај..кога ќе се смени власта(тоа никогаш) тогаш ќе се донесат други луѓе во УО и пак иста слика ќе гледаме бидејќи сме ѓупска држава со глуп менталитет кој секој си гледа за свој личен корист..
--- надополнето: 30 јули 2012 во 12:54 ---
Има бе од Битола и тоа прв беше некој Талевски му го заброавив името
во Битола има два сојузи..е смешното е тоа што едниот што го има печатот на судот(поради тоа што се луѓе на ВМРО и се партиски определени) и се води како легитимен е всушност нелегетитимен бидејќиимаат вкупно 6 екипи и немаат фудбалски судии во тој сојуз туку аматери поставени да креваат знамиња и некои судии од по 50 години со завршени кариери а тој сојуз е токму што го води овој Талевски и делегатите што ги избраа во вчерашното собрание коменадовано од ВМРО....вистинскиот сојуз во Битола е оној што го нарекуваат парарелен на Хари кој всушност има над 30 екипи и сите фудбалски работници од Битола и сите судии што се на листа се наоѓаат во тој сојуз а замисли се смета за нелегитимен бидејќи мршојадците со чело на тој Талевски се вмровски слуги и го имаат печатот...е во Битола ова се случува затоа фудбалот не оди напред и затоа никој нема од Битола во УО ..едноставно работата е башибозук
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
туку и двајцата се марионети на ВМРО.
Попрецизно Илчо е марионета на ВМРО, а Хари (кој беше марионета на СДС) од нужност мораше на ВМРО да им отстапи дел од раководењето на ФФМ. ВМРО пробуваше да го смени Хари, ама сфатија дека е премоќен во УЕФА, Хари сфати дека ВМРО е премоќно во Македонија и почнаа да соработуваат. Се додека ВМРО не најде начин да го натера мирно да си замине.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.950
Поени од реакции
73.711
Тоа е тоа што сакав да го кажам ама ти го кажа попрецизно и во покртки црти :D
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Ауф каква стравотија.Груевски,Камчев и овој како марионета ставен ќе му ја ибат мамата на фудбалот.Не ми е само јасно кај се кај нас навивачите и спортските работници и љубители на фудбалот.Ова е катастрофа над катастрофите.Груевски реши и од тоа пари да прави и да си го пуни џебчето.(n)(n)(n)

И еве додека Србија,Бугарија,Грција,Словенија итн. си освојуваат медали на олимпијади,ние се повеќе си тонеме и тонеме.

И несакам да слушнам веќе дека имало некој професионален фудбалски тренер или играч...Никој да не се побуни е најстрашното......:notworthy::notworthy:

И не ми е јасно само каква врска со фудбалов има Добре Иванов од Кратово.Тоа што е фамилија на Sинго...Срамота и резил сме.Све што ни се вика голтаме.И после сме биле нација стара 2000 и незнам колку години.Еве ваквите работи и ќутења на народот јасно кажуваат дека сме некој отпад и оставштина од Турско време.....
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Повелете страница на фејсбук па и таму да дискутираме за оваа состојба на македонскиот фудбал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom