Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.758
Абе ooolaff

ХАРАЛАМПИЕ ПРИЛЕПСКО ПЕДЕРЧЕ СЛОБОДНО ВРАТИ СЕ КАЈ МАЈМУНИТЕЕЕЕ!!!!
ХАРАЛАМПИЕ ПРИЛЕПСКО ПЕДЕРЧЕ СЛОБОДНО ВРАТИ СЕ КАЈ МАЈМУНИТЕЕЕЕ!!!!
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.024
Поени од реакции
645
Изглеа Хари му ја дувна за Африка на светско, не се враќа веќе тука :icon_lol:
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Ne e kriv Hari si glea cuekot nikoj ne mrda so prst da go smeni i si koristi situacija da si obezbedi i pra pra pravnuci. Ednistveno resenie e da se sobera svite navijacki grupi i da se demolira zgradata na FFM posle svaka utakmica da se prekinue, e u toj slucaj moze i bi razmislil Hari za ostavka. A vake dur seda svite so rukete u geb se ce si tece najnormalno i ce ni propaga fudbalov sve podole i podole
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.574
ПО АКЦИЈАТА НА МВР И КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ХАЏИ-РИСТЕСКИ СЕ ПОЈАВИЈА ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ФФМ И ХАРАЛАМПИЕ МОЛАТ ЗА СПАС

*Првиот човек на фудбалот во земјава стравува од притвор со што ќе му пропаднат плановите за патување на СП во Јужна Африка

Државните институции продолжуваат со истрагата околу матните зделки, трансакции, фалсификати и злоупотреби на функции во ФФМ. Во петокот беа покренати кривични пријави против петмина функционери од кои две беа лично против Харалампие Хаџи-Ристески. Претседателот на ФФМ ќе одговара за трансакција на пари од околу 900.000 евра на сомнителна жиро-сметка и за истата сума не платил данок на државата. Ќе одговара и за седиштата на стадионот во Тетово за каде се "уништени" околу 200.000 швајцарски франци. Ваквите потреси во мак-фудбалот ќе траат со денови и без конкретен одговор затоа што Хаџи-Ристески реши во деновите кога гори да се "шета" во Австрија со националниот тим и тоа во тајмингот кога во Македонија се организира најголемиот фудбалски настан, а тоа е ЕП за жени до 19 години. Толку многу од ФФМ се фалеа и работеа на оваа организација, а претседателот го нема. Малку чудно и симптоматично, но така одлучи Хаџи-Ристески, кој најверојатно имаше добро доушници кои му најавиле дека се готви акција против него и ФФМ. Вака сега по кривичните пријави Хаџи-Ристески покажуваше сила и заби со неаргументирани изјави, но беше симнат на земја по ставот на министерката Јанкуловска, која најави дека за кривичните пријави МВР има цврсти докази и дека постојат нови случаи за кои се собират факти за да се стапи во нова акција.
Затоа од Австрија нема абер. Таму постои страв и паника. Хаџи-Ристески е премногу загрижен. Ако беше с$ како што треба и со факти дека нема никакво кривични дело првиот човек на ФФМ експресно ќе се вратеше и ќе се појавеше на прес-конференција. Сега тоа го нема. Претседателот на ФФМ треба да се појави пред истражен судија и деновите надвор од земјава ги користи за барање на спас. За направеното дело постои основа за изрекување на 30-дневен притвор. Ако Хаџи-Ристески се врати и биде лишен од слобода ќе нема можност да патува на СП во Јужна Африка каде е член на Дисциплинската комисија на ФИФА. Токму од тие причини постои страв и најави дека Харалмпие од Австрија директно ќе оди за Јужна Африка. Барем засега таа приказна е најверојатна со оглед на тоа дека сите ургенции и јавувања не успеваат да донесат ведрина и насмевка кај фудбалскиот врв во земјава. Сите кои се блиски на Хаџи-Ристески, ама баш сите се обидуваат со јавувања и состаноци да ја спречат акцијата, да го спасат човекот. Постојат јавувања до секој и секого, но доказите се цврсти и сериозни и нема бегање од направеното дело за кое мора да постои одговорност. Кога зборуваме за парите кои се префрлани во Прилеп, тоа е цифра од 900.000 евра и неплатен данок од околу 250.000 евра. А во последниве месеци бевме сведоци на многу спектакуларни приведувања за далеку помали цифри и дела... Главен проблем за прилепчанецот е тоа што во споменатиот период имал пресуда за измама и условна затворска казна. Деновите кои следат ќе го дадат и одговорот. Најверојатно Хаџи-Ристески ќе дојде во Скопје со националниот тим в среда во вечерните часови. А за тоа време сите негови соработници од типот на Манта, докторот Камиловски, пратеникот Китановски вртат и бараат решение но нема реакција дека некој би можел да оди против држават и против институциите за прогон кои во своите раце го имаат главното оружје.

И. Д. Ивановски

ТОНИ ИВАНОВСКИ ЧЛЕНОТ НА УО НАЈАВУВА:

Зошто би останал во ваков фудбал!?

"Не сум дал никаков демант за веб-страницата на ФФМ. Никој од ФФМ не ме контактирал за такво нешто и затоа се прашувам кој тоа во мое име дава такви информации. Немам свој личен портпарол и се оградувам од сето тоа што е напишано на веб-страницата...", ни изјави револтирано Тони Ивановски, членот на УО на ФФМ.
"Македонски спорт" пред неколку дена кога беше објавена кривичната пријава против Харалампие Хаџи-Ристески најави дека Тони Ивановски ќе го следи Зоран Алексов и дека ќе си оди од УО на Харалампие Хаџи-Ристески.
"На оваа тема со челните луѓе на ФФМ ќе разговарам на следниот состанок на УО. Тогаш ќе побарам и отчет кој дава деманти во мое име. Дали заминувам...!? Прашањето е зошто би останал во ваков фудбал!? Мислам дека Хаџи-Ристески треба да свика итен состанок на УО и на истиот треба да дојдат сите па дури и Алексов од Штип, кој даде изјава дека се повлекува. На маса да разговараме за проблемите затоа што повеќе вака не оди...", појаснува Ивановски.
Ова е доказ дека некој од ФФМ сам на свој начин дава деманти без да се консултира со споменатите лица.
Во случајот со Кенан Идризи ние најавивме дека тој дава оставка од функцијата во ОФС Тетово. Тој тоа усно го направил пред да оди за Австрија, а по писмен пат ќе се повлече в петок.

АПЕЛ ОД "МАКЕДОНСКИ СПОРТ" ДО ФФМ:

Прво читајте потоа демантирајте

Каков очај има во ФФМ покажува смешниот демант кој вчера се појави на веб-страницата на ФФМ диктиран од Австрија и од кривично гонетиот Харалампие Хаџи-Ристески. Место да се фокусирата кон проблемите кон обвиненијата и криминалните трансакции на пари овие луѓе кои немаат ниту грам доблест си зедоа за право да ги обвинуваат оние кои со години го најавуваа она што МВР го направи во петокот.
-"Македонски спорт" специјално ги бира и тајмингот за својот непрофесионален однос и тоа кога фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на успешна турнеја во Австрија и кога атмосферата во националниот тим не била никогаш подобра, што некому очигледно му пречи и презема с$ за да го наруши ритамот на подготовките за следниот квалификациски циклус", стои во демантот на ФФМ.
Ова е уште една класична катастрофа од "куќата на фудбалот". Хаџи-Ристески и неговите повторно се кријат зад грбот на репрезентацијата. Демантот треба да го пренасочат кон МВР и државните власти. На нив да им кажат кога и како да поднесуваат кривични пријави. А за тоа како работи "Македонски спорт" главен репер се овие 12 години зад нас во кои се изборивме многу фудбалери да го облечат дресот на Македонија. За жал, имаше и такви кои се обидоа да ни парираат, но беа за една употреба и со краток век, а причините за таквите "згаснувања" најдобро ги знае Хаџи-Ристески. Сигурно дека Вие како фудбалска власт со криминалните трансакции му правите "добро" на фудбалот и браво за тоа.
За крај ви порачуваме да научите да читате, а потоа да демантирате. Тоа се однесува на оставките на Кенан Идризи и Тони Ивановски и зошто не го споменувате Зоран Алексов!? И тој ве напушти...
 

Buji Buton

Manijak :P
Член од
4 мај 2010
Мислења
929
Поени од реакции
228
abe luge nisto nikoj vo makedonija ne mu mozi na hari za zal i nema ni da go smenat povrzan e toj so glavnite vo fudbalskata mafija
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
abe luge nisto nikoj vo makedonija ne mu mozi na hari za zal i nema ni da go smenat povrzan e toj so glavnite vo fudbalskata mafija

Конзерва.... тој не е поврзан со главните туку тој е глава на Фудбалската Мафија!:smir:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.810
Ne e kriv Hari si glea cuekot nikoj ne mrda so prst da go smeni i si koristi situacija da si obezbedi i pra pra pravnuci. Ednistveno resenie e da se sobera svite navijacki grupi i da se demolira zgradata na FFM posle svaka utakmica da se prekinue, e u toj slucaj moze i bi razmislil Hari za ostavka. A vake dur seda svite so rukete u geb se ce si tece najnormalno i ce ni propaga fudbalov sve podole i podole
Е да бе се на нас останува, па после секој инцидент ќе викате наркомани, пијаници, багра дечишта се собрале и демолирале.... Нејсе, дур не почне и обична публика да доаѓа масовно на утакмици и да се заинтересира малку како стојат работите, Хари ќе си игра со нас. Мада и тогаш не се знае дали би бил бутнат од власт бидејќи е близок со фудбалската мафија, а во Македонија грбот му го чува Гpуевски, така да може само да си ги мериме на форум и да гледаме како изумира омилениот спорт на замјината топка :)
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Уште колку треба да се чека?




ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ СО СТРАВ СЛЕТА ВО МАКЕДОНИЈА

НЕМА ПРИТВОР ЗА ХАЏИ-РИСТЕСКИ

*По враќањето на првиот човек на ФФМ во земјава може да стартува судскиот процес

Македонската фудбалска репрезентација се врати од турнејата во Австрија со две победи, но и со Харалампие Хаџи-Ристески како претседател кој летна како слободна птица, а се врати како човек со две кривични пријави за злоупотреба на функцијата и перење пари. Нема притвор на претседателот на ФФМ. Тоа е веста која се очекуваше по акцијата на МВР против фудбалскиот врв во земјава. Според процедурата, Хаџи-Ристески ќе треба да оди пред истражен судија кој треба да определи дали делото за кое е обвинет првиот човек на ФФМ е за изрекување притвор.
Од она што го дознавме за кривичните пријави, постојат црсти докази и тоа е причината поради која не се одредува притвор. Обвинетиот не може да влијае врз можните сведоци па затоа ќе се брани од слобода иако во наредните неколку дена ќе стане јасно што, кога и како!?
Она што е најважно е тоа дека синоќа на аеродромот "Александар Велики" постоел страв кај фудбалскиот врв.
"Харалемпие Хаџи-Ристески не беше оној каков што го знаеме од порано. Се чувствуваше стравот во неговите очи. По слетувањето имаше случајни разговори со неколку службени лица на аеродромот на кои им објаснуваше дека е чист и дека не е виновен за делата поради кои заработи кривични пријави", вели наш анонимен извор кој случајно патуваше со националниот тим од Љубљана кон Скопје.
Хаџи-Ристески е тука и треба да се соочи со јавноста околу последните настани поврзани со неговото име. Порано секогаш кога беше "нападнат" одговараше со прес-конференции и докази, а сега го нема. Ќе беше добро доколку и првиот човек на ФФМ исто како и Јонуз денеска се појавеше на средба со новинарите.
Обвиненијата за кои го гонат се сериозни со што е загрозена и неговата иднина како прв човек на ФФМ. Згора на тоа обрачот се стега и од службите на УЕФА па така може да останеме и без фудбал во периодот кој следи.

И. Д. Ивановски
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.311
Поени од реакции
3.697
А бе цел филм ова, страв во неговите очи пфффф, ако се прашеше тарзан од муви ќе се носеше пипс ...
...Хаџи-Ристески ќе треба да оди пред истражен судија ...
Пред кого пред кого хахаха . да не дај изјава пред женаму само гледајте :pos:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Уште колку треба да се чека?




ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ СО СТРАВ СЛЕТА ВО МАКЕДОНИЈА

НЕМА ПРИТВОР ЗА ХАЏИ-РИСТЕСКИ

*По враќањето на првиот човек на ФФМ во земјава може да стартува судскиот процес

Македонската фудбалска репрезентација се врати од турнејата во Австрија со две победи, но и со Харалампие Хаџи-Ристески како претседател кој летна како слободна птица, а се врати како човек со две кривични пријави за злоупотреба на функцијата и перење пари. Нема притвор на претседателот на ФФМ. Тоа е веста која се очекуваше по акцијата на МВР против фудбалскиот врв во земјава. Според процедурата, Хаџи-Ристески ќе треба да оди пред истражен судија кој треба да определи дали делото за кое е обвинет првиот човек на ФФМ е за изрекување притвор.
Од она што го дознавме за кривичните пријави, постојат црсти докази и тоа е причината поради која не се одредува притвор. Обвинетиот не може да влијае врз можните сведоци па затоа ќе се брани од слобода иако во наредните неколку дена ќе стане јасно што, кога и како!?
Она што е најважно е тоа дека синоќа на аеродромот "Александар Велики" постоел страв кај фудбалскиот врв.
"Харалемпие Хаџи-Ристески не беше оној каков што го знаеме од порано. Се чувствуваше стравот во неговите очи. По слетувањето имаше случајни разговори со неколку службени лица на аеродромот на кои им објаснуваше дека е чист и дека не е виновен за делата поради кои заработи кривични пријави", вели наш анонимен извор кој случајно патуваше со националниот тим од Љубљана кон Скопје.
Хаџи-Ристески е тука и треба да се соочи со јавноста околу последните настани поврзани со неговото име. Порано секогаш кога беше "нападнат" одговараше со прес-конференции и докази, а сега го нема. Ќе беше добро доколку и првиот човек на ФФМ исто како и Јонуз денеска се појавеше на средба со новинарите.
Обвиненијата за кои го гонат се сериозни со што е загрозена и неговата иднина како прв човек на ФФМ. Згора на тоа обрачот се стега и од службите на УЕФА па така може да останеме и без фудбал во периодот кој следи.

И. Д. Ивановски
:pos2: според мојот АНОНИМЕН ИЗВОР, кој патуваше со хари, ми вели дека кутриот човек од страффффффф и од то шо е фатен на дело :pos2: цело време не излегол од кенефот во авионо за да не го ваати австриската полиција која била таму по налог на македонски спорт (ова е пародија на горенаведената статија!!!) кој е единствениот "чесен и поштен весник, кој се грижи за спортот, особено за мак фудбалот" (да, се е во наводници, оти не е ни чесен, ни поштен, па ни ВЕСНИК, а то за грижата за спортото и особено фудбалот, нема да коментирам оти се е кажано)... а ко си дошол овде, одвај го извлекле од авион, оти немало појче место за лајната во кеневот, па ептен смрдело и морал да излези и да дај изјава за мак спорт, како единствен медиум кој знај се и сешто, па дури појче и од самиот хари! позз! како вилмов, а? ме бива за режисер?
пс. жалам за оффтопикот, ама морав оти ова е стварно патетилчно!
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
:pos2: според мојот АНОНИМЕН ИЗВОР, кој патуваше со хари, ми вели дека кутриот човек од страффффффф и од то шо е фатен на дело :pos2: цело време не излегол од кенефот во авионо за да не го ваати австриската полиција која била таму по налог на македонски спорт (ова е пародија на горенаведената статија!!!) кој е единствениот "чесен и поштен весник, кој се грижи за спортот, особено за мак фудбалот" (да, се е во наводници, оти не е ни чесен, ни поштен, па ни ВЕСНИК, а то за грижата за спортото и особено фудбалот, нема да коментирам оти се е кажано)... а ко си дошол овде, одвај го извлекле од авион, оти немало појче место за лајната во кеневот, па ептен смрдело и морал да излези и да дај изјава за мак спорт, како единствен медиум кој знај се и сешто, па дури појче и од самиот хари! позз! како вилмов, а? ме бива за режисер?
пс. жалам за оффтопикот, ама морав оти ова е стварно патетилчно!
Вие уште се крстите у Хари е браво бе, затоа и убоо ви дојде казната за Победа, после Миленко,Станко... ви бил крив:tapp:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.574
Вие уште се крстите у Хари е браво бе, затоа и убоо ви дојде казната за Победа, после Миленко,Станко... ви бил крив:tapp:
Arno mu rece na prilecanecot ama neli e podobro prven da si lgedas vo spostveniot dvor pa potoa da zboras za dugite oti i vie za nekoe vreme ke go povrakate izlezot vo evropa i osvoeniot kup i ako ostani braco kaj vas poleka no sigurno ke ja doziveete istata ako ne i polosa sudbina

МАЃУНАРОДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕШАВАЊЕ НА МАТНИТЕ ИГРИ ВО МАК-ФУДБАЛОТ

УЕФА ВО ТАЈНА СКОПСКА МИСИЈА

*Кои се луѓето кои се на тапет на службите околу "местењето" натпревари!?

Што е следното по Победа Прилеп!? Ќе има нова лавина во мак-фудбалот со интервенција на меѓународните фудбалски институции. Дознавме дека во текот на вчерашниот ден во скопскиот хотел "Холидеј Ин" службите на УЕФА имале нова акција, но темата поради која биле закупени сите сали за состаноци е непозната. Што се случува!? Кој е следниот на пик!? Можеме само да претпоставуваме иако се знае дека тајните служби на УЕФА со месеци се во лов на нови "местенки" и во лов на многу сомнителни "фудбалски" работници кои "оперираат" на Балканот, а посебно во Македонија.
Неофицијално дознавме дека високите гости од УЕФА имале многу состаноци со многу личности од земјава, а можеби и со претставници од змејава кои се дел од органите на прогон. Исто така дознавме дека станува збор за заедничка акција на двете служби кои треба да донесат нови потреси и нови докази околу "местенките" кои се случувале.
Напоменавме дека посетата на Скопје била тајна и дека во делегацијата имало десетина личности. И нормално дека за сето ова не е контактиран ФФМ. Тоа е и очекуван став на меѓународните институции кои немаат доверба во нашето фудбалско раководство за кое имаат докази дека имале допорни точки со Победа Прилеп од времето кога нашата екипа го "намести" натпреварот со Пјуник. Дел од документите се причината поради која се покренати и кривичните пријави против Харалампие Хаџи-Ристески.
Втората причина поради која не е во игра ФФМ е новата истрага околу две средби на националните селекции и сите натпревари на нашите екипи од минатата сезона, а посебно оние дуели на Милано од Куманово.
Покрај "месетнките" службите, најверојатно, собирале и докази околу легитимноста на ФФМ и она спорно Собрание во ноември кога Хаџи-Ристески доби спорен мандат кога на многу основи беа прекршени правилата и законите на фудбалската федерација.
Делегацијата од УЕФА беше 2 дена во Скопје и не ги гледаше настапите на женските селекции на ЕП во земјава. Тоа е во нивна организација, но средбата не би била тајна доколку истите би се појавиле на споменатите дуели.

И. Д. Ивановски

Има ли писмо од УЕФА за финалето!?

"Македонски спорт" дознава дека на почетокот на неделава до ФФМ стигнал допис од УЕФА со кој службите од Нион бараат отчет и извештај за финалениот меч од Купот на Македонија. Дали такво писмо има стигнато до ФФМ!? Пред неколку дена најавивме таков развој на настаните, но од "куќата на фудбалот" со молк ги бранат сопствените интереси.
Кога сме кај споменатиот фунален меч, за истиот во земјава се крена многу врева и според многумина таа средба има сомнителен карактер. Капак на с$ се и пријавите на функционерите на Работнички до полицијата за "грубите" дејствија на поедини личности кон играчите на екипата од Скопје вечерта пред финалето.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
ФФМ "конструираше" нестатутарна Втора лига!
* Според Правилникот за натпреварување на ФФМ, а усогласен со Статутот промена на систем на натпреварување може да следи единствено со одлука на Собрание на ФФМ и тоа најдоцна една година пред почетокот на натпреварувањето. Но, за Хаџи-Ристески и неговиот Управен одбор тоа не важи, па за следната сезона Втората лига ја проширија од досегашните 14 на 16 клубови.
Уште едно криминално однесување од страна на челниците на Фудбалската федерација на Македонија директно на штета на интересите и угледот на македонскиот фудбал вчера сервирано повторно од "кујната" на Управниот одбор кој апсолутно нестатутарно, надвор од своите овластувања донесе одлука за проширување на Втората лига веќе од претстојнава 2010/2011 натпреварувачка сезона.
На состанокот на УО на ФФМ одржан во хотел "Салида" во Прилеп, раководството на нашата федерација спротивно на Правилникот за натпреварување и Статутот на ФФМ донесе одлука со која веќе од претстојната сезона Втората македонска лига се проширува од досегашните 14 на 16 клубови. Со оваа одлука ниту еден клуб оваа година не испаѓа од второлигашкото натпреварување, а сите пет регионални прваци од Третите фудбалски лиги по автоматизам, без бараж, се промовираат во нови второлигаши, со што само се руши дополнително регуларноста и на така обезвреднетиот наш минатогодишен натпреварувачки систем.
Во годината придружена со крајна нерегуларност на сите домашни натпреварувања почнувајќи од Првата лига па с$ до Купот на Македонија, во годината низ која останавме без три истакнати прволигаши, во година низ која добивме и жестоки суспензии од УЕФА а која ја заокруживме и со кривични пријави поради финансиски криминал за претседателот Харалампие Хаџи-Ристески на крајот мак-фудбалот добива онака веќе "рутински" уште еден удар од нашите фудбалски челници со кој јасно потврдуваат дека за нив не важат закони, статути или правилници.
А, според Член 6 од Правилникот за натпреварување на ФФМ, усогласен и со фудбалскиот Статут, промена на систем на натпреварување може да следи единствено со одлука на Собрание на ФФМ и тоа најдоцна една година пред почетокот на натпреварувањето, а само во исклучителни случаи може и најдоцна шест месеци пред почетокот на натпреварувањето. Меѓутоа кршејќи го сето тоа УО на ФФМ вчера, под смешно образложение "поради новонастанатата ситуација со исклучување на три клуба од Првата лига" го променува системот на натпреварување во Втората лига. Притоа во својата одлука Управниот одбор образложува дека: доколку некоја екипа не ги исполни условите од националното клупско лиценцирање пропишани за Втората лига, како и соодветната котизација одредена од УО на ФФМ тогаш го губи правото за натпреварување и нејзиното место нема дополнително да се пополнува".
Според нашите информации, на седницата на УО на која не присуствувале потпретседателот Кенан Идризи, кој е на службен пат во Јужна Африка, како и Шеапи Пајазит и Зоран Алексов, кој веќе се повлече од членството во Управниот одбор, токму поради нестатурноста на одлуката уште тројца членови не сакале да учествуваат при донесувањето на оваа одлука.
В.Булатовиќ

Дисциплинска истрага за куп финалето меѓу Тетекс и Работнички
Како што информира ФФМ од вчерашниот состанок, донесена е и одлука да се поведе дисциплинска постапка за финалниот натпревар од националниот фудбалски куп меѓу екипите на Тетекс и Работнички по искажаните сомневања во јавноста за регуларноста на натпреварот. ФФМ во целост ги отфрла обвинувањата за вмешаност во какви било заткулисни игри бидејќи, како што велат од УО, се јавува само како организатор на натпреварот. ФФМ испратила и барање до МВР на РМ да преземе мерки за утврдување на нерегуларностите на овој натпревар и по нивното евентуално утврдување ќе реагира во согласност со своите правилници.

ВОВЕДЕНА СМЕШНА КОТИЗАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА
Прволигашите ќе плаќаат по 12.000 евра котизација
На вчерашниот свој состанок Управниот одбор ја донесе и претходно најавуваната одлука за воведување котизација за клубовите за учество во Првата и Втората лига која единствено е во функција на заштита на службените лица на ФФМ, но не и на оние кои го носат фудбалот - фудбалерите. УО на ФФМ воведе котизација која ќе мора да биде уплатена најдоцна 30 дена пред почетокот на новото првенство кое стартува на 1 август 2010 година и тоа 12.000 евра (на две рати по полусезона) за клубовите од Првата лига и 8.000 евра (на две рати по полусезона) за второлигашите.
Меѓудругото УО на ФФМ донесе одлука и за воведување на клупски национален лиценцен систем, а донесе и одлука со која лиценцирањето на судиски контролори ќе изнесува 9.000 денари за А-лиценца и 5.000 денари за Б-лиценца.

Одземање на бодови за оние кои ќе се откажат од Купот
Вчера донесена и одлука трите испразнети места во 1/16-финалето од националниот фудбалски куп да бидат пополнети со клубови од Втората лига според пласманот во првенството 2009/2010 а кои не избориле пласман во оваа фаза од Купот.
На клубовите кои ќе се откажат од настапите во националниот куп, како што беше тоа чест случај минатава сезона, во која билофаза со старт од 1/16-финалето ќе им бидат одземани три првенствени бода.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.311
Поени од реакции
3.697
Како не те мрзеше да с ерегистрираш само за да го пишиш ова :toe:

Инаку темава е за Аџиристе и пишување мои/вачи размислувања за истото или за копирање на текстови од нечитани весници па се пробува да се промовираат (испамираат) на овај форумски начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom