Пријател, тој што го цитираш е филозоф и теоретичар, во неговите основни постулати е можеби и во право дека моторот кој работи на принцип на согорување е несоодветен, од денешен аспект, пред се поради негативните ефекти врз животната средина и поради тоа човештвото ќе се преорентира на електрични мотори во иднина.
Да го спомнеше Ајнштајн и гравитациони бранови ќе имаше логика. Она што Ајнштајн пред сто години го предвидел и го поставил како хипотеза денес се докажува во пракса. Според Ајнштајн гравитационите бранови се природна последица на влијанието на маса врз времепросторот, тоа се мали закривувања во времепросторот кои можат да се опишат како брановите кога правиш жабици со камен во езеро или некоја мирна вода. Ајнштајн сонувал за емитер кој би продуцирал такви бранови од проста причина што е потребна огромна маса за да направиш закривување на времепросторот. Човекот до сега индиректно ги има детектирано ефектите на гравитационите бранови при судир на две неутронски ѕвезди (седумдесет и некоја година), немаме абер уште што е гравитација и како функционира односно како настанува и како може да се генерира, се што знаеме е дека гравитацијата е сила преку која некоја планета или друг објект ги привлекува објектите кон својот центар. За разлика од нас, нашиве пријатели кои не посетуваат го искористуваат целиот нејзин потенцијал.