Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.724 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.176
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Пак за антигравитација ми објаснуваш, а ја ти велам дека доколку воопшто нема пилот во тие летала нема потреба да се поништува гравитација, со магнети може како шо ти објаснија физичариве кои ти ги пратив, бесшумно е, развива големи брзини, може да прави свртувања под 90. Од кај знаеш дека не ја развиле до сега? Еве Чериков на ист принцип.
Прегледај го приврзокот 308128
Автоматски споено мислење:

Бафра кажи шо мислиш, зашто ни го праат целиов хокус покус со снимкиве? Има ли тука врска големиот ресет :)
Едно е ефект на антигравитација, сосема друго е да креираш антигравитационо поле со кое ќе стигнеш од една точка во времепросторот до друга. Нека ја тргне плочката од под леталото и ќе снема антигравитација :)

Тони Хок дури и возеше Ховерборд

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.886
Поени од реакции
7.265
Бафра кажи шо мислиш, зашто ни го праат целиов хокус покус со снимкиве? Има ли тука врска големиот ресет
1. Пандемија
2. Климатска закана за целиот свет - глобално затоплување.
3. Вонземјани.

Ова се три работи за кои мнозинството светско население може да го натераш да биде послушно, покорни и да се согласни.

Снимките зашто сега ги даваат и што е најважно ги признаваат институциите кои претходно тврделе дека не се вистински, секако има некоја позадина.
Со пЛандемијата имаа успех, ама како одминува време, се повеќе народ губи трпение.
Со глобалното затоплување, допрва народ ќе се освести, ама како и за сите други работи, касно е и дебела сметка ќе биде испорачана.
Со вонземјани не знам какво сценарио би направиле, ама замисли да кажат откриени се, закана се за луѓето. Народ после се ќе прифати од системот.
Или па, технологијата што ја имаат со децении, за да се оправдаат, зашто се чувала во тајност, кога можело да се употреби за подобрување на животот на целиот човечки род, ќе кажат, откривме/фативме НЛО и технологијата за кратко ќе ја пуштиме во оптек.

Вонземјани толку години да си леткаат онака низ планетава, нема никаква логика. Или би не направиле да сме нивни послушници или би ни ја подигнале свеста и знаењето на повисоко ниво, па подобро би живееле.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625

Можеби само го набљудуваат експериментот? Оние шо се автентични 1 у 100.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689

Има една интересна работа.Јавноста воопшто не реагира на НЛО снимките.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
На Источниот брег според пилотот Рајан Грејвс https://mobile.twitter.com/uncertainvector?lang=en секојдневно се сретнуваат овие објекти и тоa во различни форми.

Tик-Так инцидентот и многу други се снимени на обалата кај Калифорнија односно западниот брег...

Претпоставив дека се на бреговите на САД.
2 работи.
Прво, ова покажува дека тие летала може да бидат од земји како Кина и Русија, занемарувајќи го според мене одличното објаснување од видеото од @Goyathlayy бидејќи се на бреговите на САД, во интернационален простор. Значи сосем логично е според локацииве на контактите дека се работи за летала од земји што се конкуренти на САД.
Второ, каде се видеата од други војски на други земји? Модерни борбени авиони со модерни сензори имаат дури и земји како Бугарија и Виетнам, да не зборуваме за други посериозни земји. Од толку различни земји сигурно ќе имаше некои кои ќе ги споделеа со јавноста доколку постоеле такви контакти.
Како заклучок, дури и да се некакви летала (пак ќе се навратам на видеото дека објаснувањата им се на место) тие би припаѓале на земји што имаат потенцијал да ги шпионираат САД, барем од неутрални води.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.946
Не знам ти Виетнам како си го замишљаш.
Автоматски споено мислење:

Мистерии пратам откако знам за себе.
Све знам за ова, иако не пишувам на темава, само се заебавам.
Били Маер, Догони, Деникен, Лазар, 51, Ситчин и Анунаки, сите документирани случаи и све што може да ви текне, околу ова. Децении потрошено време, енергија и пари за книги.

Мислам дека сега сме во период, во кој не е се исто, како пред тоа. Очекувам, конечно, промени на тој план. Пошто официјалните јавни наративи, полека но сигурно го вклучуваат феноменов.
 
Последно уредено:

Некој настан е мистерија бидејќи едноставно нема доволно докази или недостаток од знаење да се објасни.
Пребегување кон едноставно вонземјани во случајов (давање објаснување базирано на ништо; aliens meme) не помага ни во објаснување на одреден настан или феномен уште помалку процесот што довел до негово настанување, па макар тоа биле дури и вонземјаните.
Еве вонземјаните биле во погорниот случај што го коментирав, што бараат на бреговите на САД, тие леталата со големина на шпорет низ цела галаксија ги летаа или кај им е матичниот брод? И зошто САД? Затоа спомнав, термички сензори со следење на мета имаат голем број земји како Бугарите, можеби и ние имаме, не знам. Зошто баш на бреговите на САД?

Мистерија е исчезнувањето на малезискиот авион. 21 век, еден куп напредни технологии и исчезнува патнички авион со околу 300 патници. Во недостиг на докази дали е вредно да кажеме дека се вонземјани виновни за неговото исчезнување?

Мене најголемата мистерија ми е зошто не бараме рационални логични објаснувања и не гледаме подалеку од вонземјани, гуштери и слично, без навреда?
Мислам, прелесно е да кажеш вонземјани...
Можеби па другиве објаснувања се досадни...
 
А кој рече само САД? Во САД највеќе документарци се снимаат за вонземјани, па ради тоа таков впечаток се добива. А и пологично е за САД да се заинтересирани, кои поседуваат нуклеарно оружје, него ли за Македонија каде има само надпросечно ниво на загадување.

Еден од најпознатите инциденти е во школо во Зимбабве во 1991, каде имаш над 300 сведоци, ученици и наставници кои зборат дека виделе нешто што никогаш не виделе до тогаш. Е сега по твое, се договориле да лажат за да добијат медиумско внимание или виделе напредна човечка технологија. Проблемот е што само и вонземјани виделе и имале интеракција со нив, изгледа и тоа некој генетски инжинеринг на Американците ќе да е.

Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Некој настан е мистерија бидејќи едноставно нема доволно докази или недостаток од знаење да се објасни.
Пребегување кон едноставно вонземјани во случајов (давање објаснување базирано на ништо; aliens meme) не помага ни во објаснување на одреден настан или феномен уште помалку процесот што довел до негово настанување, па макар тоа биле дури и вонземјаните.
Еве вонземјаните биле во погорниот случај што го коментирав, што бараат на бреговите на САД, тие леталата со големина на шпорет низ цела галаксија ги летаа или кај им е матичниот брод? И зошто САД? Затоа спомнав, термички сензори со следење на мета имаат голем број земји како Бугарите, можеби и ние имаме, не знам. Зошто баш на бреговите на САД?

Мистерија е исчезнувањето на малезискиот авион. 21 век, еден куп напредни технологии и исчезнува патнички авион со околу 300 патници. Во недостиг на докази дали е вредно да кажеме дека се вонземјани виновни за неговото исчезнување?

Мене најголемата мистерија ми е зошто не бараме рационални логични објаснувања и не гледаме подалеку од вонземјани, гуштери и слично, без навреда?
Мислам, прелесно е да кажеш вонземјани...
Можеби па другиве објаснувања се досадни...
Не би исклучил и можност за фолс флег операција со нивни сопствени летала користејќи го фактот дека УФО е новата религија.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Еден од најпознатите инциденти е во школо во Зимбабве во 1991, каде имаш над 300 сведоци...
Еве го пак тоа што го пишав претходно.
Имало некој настан, виделе нешто што не знаат што е, виделе нешто друго и заклучокот е... вонземјани?
Никакви рационални прашања, ниту објаснувања не си поставуваме, туку директно вонземјани.
А прашањата што кур прават првично таму вонземјаните на 5-10 минути во училиште во Зимбабве бе?

Патем, од тоа што го прочитав изјавите на сведоците на настанот се контрадикторни едни со други.

Видеото од Порто Рико кое е Американска територија е снимено со Англиски нотации, во случај да не ги забележа. Башка што Порто Рико е на брегот на САД. :D
 
Еве ги изјавите на децата, воопшто не делуваат контрадикторно, нит па делуваат дека лажат. Да натераш толку многу деца да лажат на ист начин е невозможно.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.293

Еве ги изјавите на децата, воопшто не делуваат контрадикторно, нит па делуваат дека лажат. Да натераш толку многу деца да лажат на ист начин е невозможно.

Ова е признат медицински феномен, а во статијата од медицинскиот журнал ќе најдеш и други примери, дури и помасовни отколку тој во училиштето од Зимбабве!

Настрана од ова, право чудо е што со толкава и лесно достапна технологија во последниве 20-30 години, никако ама баш никако да видиме снимка од ванземаљци?!!
Се се сведува на неидентификувани летечки објекти(за кои во 99.9% од случаите може рационално да се објаснат), и неверојатната (авто)сугестивна моќ на луѓето.
Пред 500-1000 години им се појавувале крстови, светци и деви Марии, па граделе манастири и оделе на аџилак.
Денес им се појавуваат НЛО?! Што е разликата?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716

Еве ги изјавите на децата, воопшто не делуваат контрадикторно, нит па делуваат дека лажат. Да натераш толку многу деца да лажат на ист начин е невозможно.
Ај ќе го игнорирам тоа што го пишав, очигледно некои порационални објаснувања не ни пробувате да слушните или размислите, него ни видеото не го изгледа. Значи заборави ја цела логика околу се, најмалку што на рандом им текнало да слетаат во Зимбабве во училиште:

На 0:53: maroon color in the sky
Друго девојче на 0:58: we saw this like silver thing
друго дете на 1:02: silver oval thing, flew slowly
1:08: spaceship like 3 or 5 of them it was red green and yellow

Ич не се контрадикторни.
Линковите што ти ги оставив во претходниот пост претпоставувам ги игнорираше.

Патем, од видеото, ништо не им зборнале, ама децата заклучиле дека сакале вонземјаните сакале да си ја пазиме планетата.
Вонземјани, слетале во Зимбабве, во училиште, пред деца, дремеле 5 минути, и си заминале. Сериозно?
Fuck logic. Фасцинантно.

Друг случај, како да им го нелепиме ова на вонземјаните:

In 2009, a suspected case of mass hysteria struck Nemanwa Primary School in Charumbira communal lands in Masvingo, Zimbabwe where pupils were reportedly screaming wildly and complaining of visions of strange snake-like creatures and lions
Some of the pupils would collapse, scream or tell of visions of snakes, lions, hyenas and crocodile while others would behave as if they were in a trance.
Или рептилите во костуми се виновни за ова?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.886
Поени од реакции
7.265
Малку касни шефот од НАСА. Од 2004 до сега, колку години те (не) шупчеле? Зашто сега излегуваат со вакви изјави, што е финтата?

Хилари во 1995 види со каква книга се шета додека збори со Рокфелер:

1635058926606.png

Kajgana Shop

На врв Bottom