Eurayle, извини што ќе те поправам не се откриени 105 галаксии, туку барем 10000. можеби тие 105 се именувани, а инаку астрономите претпоставуваат дека има стотици милијарди галаксии. а во нашата галаксија се претпоставува дека има меѓу 200 и 400 милијарди ѕвезди
---------
за вонземјани, здравиот разум ми налага да верувам дека постојат. иако статистика не се води со еден примерок (ние), со огромниот број на ѕвезди само во нашата галаксија, како и доказот дека најверојатно околу секоја ѕвезда кружат планети, речиси неверојатно е да не постои некој друг таму некаде. проблемот е во развојот на технологијата и во законите на физиката, односно дали можат тие да дојдат до нас или ние до нив. друг проблем е и дали две цивилизации на две различни планети се во ист или приближен стадиум на технолошки развој за да можат да комуницираат. затоа во star trek постоеше prime directive, нели
е сега иако не верувам дека не посетиле вонземјани, сепак имам видено нло. пред некоја година, мислам 2008 беше, имав некоја работа околу музеј на современа уметност на кале. беше декември и облачно беше. случајно забележав нешто накај скопска црна гора како лебди во воздухот.не обрнав многу внимание, си реков некој поголем балон е, се ближи нова година па имаше насекаде балони. по некоја минута забележав дека уште стои таму, на истото место па ме заинтересира. и застанав со работа да го посматрам малку да видам дали навистина стои(лебди) в место. гледавме со колегата едно 10тина минути и не мрда воопшто. после дојде шефот
ни го одзеде малку вниманието и кога се завртивме пак, го немаше. како објаснување ми се вртат две теории: 1)хеликоптер-ама не е, зашто беше помало и беззвучно 2) беспилотно летало, најверојатно американско од косово и ден денес претпоставувам дека тоа е одговорот. ама, бидејќи нло по дефиниција е неидентификуван летечки објект, а ова беше летечки објек кој не успеав да го идентификувам
а и заради сф-фанот во мене, ќе си го сметам за нло