Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.725 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.177

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
4.818
Пред некоја вечер од прозорот забележав нешто што свети и се движи на небото...чудно ми беше тоа што ако е авион ќе има некаков звук..ова немаше ни да шушне..исто така не ни трепкаше што е случај со авионите..не е првпат инаку да видам вакво нешто што не викам дека се некакви вонземјани..ако имате видено нешто слично кажете..позз
Најверојатно се работи за вештачки сателит.
Имам видено многу такви.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Еве едно кратко објаснување за вонземскиот живот измислено од мене!

Вонземскиот живот се дефинира како живот кој не потекнува од Земјата.Можеби, ако постојат вонземјаните не посетиле неколку пати.Докази за вонземски живот сега за сега нема но јас верувам во вонземјани и би се надевал дека во скоро време ќе се потврди вонземскиот живот.
--- надополнето: Jun 6, 2011 6:49 PM ---
Иначе јас сум се посветил на науката и така ќе продолжам!
--- надополнето: Jun 6, 2011 7:10 PM ---

Се согласувам со тебе.И секогаш кога една ѕвезда ќе умре и ќе испука се создаваат нови планети и галаксии.Така невозможно е да сме сами!
:) добро разјаснување на збунувачката ситуација што настана...не изнасмеа да ти кажам.....:)......има НЛО ама во каква форма...?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
п.с. Појдете кај сите поглавари на верските заедници и прашајте ги зошто Адам бил висок 30 метра а широк 6 метра,а ние сме толку малечки?
Земјата била помала во тој период, со помала гравитација.
 
T

Tetro

Гостин
7-ми Февруари, 2011
Св. Николе, Македонија

Жителите возбудено ни ги покажаа стапките и како што велат вечерта на 7 февруари околу 23 часот се слушале необични звуци и тропање, на кое дел од нив не обрнале многу внимание зошто мислеле дека тоа е последица на ветерот, додека останатите се плашеле да излезат од своите домови.

 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
На неодамнешна конференција на егзобиолози и астрономи во Австралија, коментарот на еден од присутните многу ме заинтригира, бидејќи се совпаѓа со она што самиот го претпоставував одамна. Не ми текнува на името и презимето, но еве што предложи како објаснение за Ферми парадоксот.

Теоретизира дека можно е цивилизации, како нашата, кои се уште се развиваат, и еволуираат, да бидат сметани за незрели, неразвиени, премногу млади, со нивните сознанија, и премногу диви во своите однесувања, од страна на некои, стари, искусни, и високо развиени цивилизации, кои психолошки, технолошки и еволутивно се на такво високо ниво, што е тешко да се отслика како сето тоа би изгледало на форми на живот како нас. Веројатно се пред нашите носеви, а ние не можеме да ги видиме.

Неговата поента, во главно, се состоеше од тоа дека овие цивилизации, одредуваат степени на развиток, или некаква оценка, ознака, на културите што ги наоѓаат, и врз основа на тие проценки, одлучуваат дали обидите за комуникација кои ги прават тие за да стапат со други цивилизации ќе бидат овозможени, или истите ќе бидат спречени, додека не се постигне некакво оптимално ниво на развој, во повеќе аспекти, од поедината цивилизација.

Што значи, можно е да има цивилизација и во Алфа Кентаури системот, на приближно наше ниво на развој (повеќе или помалку), но комуникациите меѓу нашите две цивилизации се пригушени / спречени од страна на овие "старешини" цивилизации кои ги спомнав погоре, бидејќи, или ние, или тие, немаме ист "резултат" од нивната анализа и проценка.

Мислам дека ние сме причината, зошто сме во соседство на ѕвездени системи од кои голем број се токму од типот кој може да подржуваат, не само форми на живот, туку и доволно стари за напредна цивилизација да никне на некоја од планетите кои кружат околу тие ѕвезди.

Можеби малку звучам како Артур Кларк овде (така ми заличи и тоа што го прочитав од егзобиологов), но мислам дека цивилизација како "Првородените", кои се појавуваат во неколку од неговите книги, а според дефиницијата погоре, спаѓаат од тие "старешини" цивилизации, е доста возможно.

Да бидеме реални, не сме баш најдоброто друштво на самите себе си, историјата како главен сведок на тоа, а камо ли други цивилизации, кои можеби содржат повеќе култури на својата планета како и ние.

Сето ова, за да се спречат непотребни конфликти или истребувања, кои можат да произлезат од "прв контакт" случаи од вонземни цивилизации.

Уште една претпоставка држи вода, која дојде од истиот човек - можно е некоја дадена цивилизација да се развила на планета која кружи околу црвено сонце, и бараат други цивилизации на ѕвездени системи кои се со црвено сонце. Ако додадеме дека комуницираат на друг начин од нас, како на пример, термален вид, или бараат други цивилизации со помош на сигнали од неутрино честици, нити ќе забележат наша сонда (ако не покаже термален потпис) нити ќе бараат живот на сонца како нашето - жолто.

Што можеби укажува исто така, зошто не сме стапиле во контакт со друга цивилизација, и дека можеби и ние малку премногу конзервативни сме во нашата потрага по вонземјани, со тоа што бараме радио сигнали, од сонца како нашето (GV-тип, жолти), и со старост колку нашето, со планети кои треба да бидат клонови на нашата.

И можеби сме изоставиле места каде што интелигентен живот постои, но поради нашите преференции во потрагата, комуникациите не се сретнати.

Замислете, за век-два, постигнеме некакво си (близу-)утописко општество, и сигнали од разни видови (радио, неутрино, концентриран ласер, термални и сл.) одеднаш стигаат од разни страни на универзумот, буквално гушејќи ги нашиве инструменти од бројност.

Доаѓаме до заклучок дека некоj го ставил "радиото" на "mute" :). Привремено.
 
S

Sasha

Гостин
Sekako deka veruvam deka postojat bidejki univerzumot e tolku golem taka da sme samo nie sami na ovaa mala planeta nema sansi, plus ednas taka cekajki avtobus krevam glava i gleam cuden objekt na neboto ne mrda samo stoi na edno mesto so cuden oblik,bela boja,bez zvuk i naednas go snema :) pozz
 
T

Tetro

Гостин
Filmed in Bodaybo, Russia by unknown source. A second UFO is also visible at the right of the screen after 0.46sec.

 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ИДЕО: Руската армија зароби вонземско летало?

Видео снимка направена во руското место Бодајбо на која се гледа како воен хеликоптер на руското воздухопловство пренесува објект што личи на летечка чинија повторно ги возбуди љубителите на научната фантастика и поддржувачите на теориите​
дека вонземјаните се на планетата Земја, но и скептиците.​
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=76525
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
4.818
ИДЕО: Руската армија зароби вонземско летало?

Видео снимка направена во руското место Бодајбо на која се гледа како воен хеликоптер на руското воздухопловство пренесува објект што личи на летечка чинија повторно ги возбуди љубителите на научната фантастика и поддржувачите на теориите

дека вонземјаните се на планетата Земја, но и скептиците.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=76525
Најверојатно се работи за најновиот прототип на летало на Русите.
И САД имаат конструирано вакви тркалезни летала.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Фејк... прво левата фотографија е скратена и не остава простор сами да потврдиме дека "талентираниот НЛО ловец" воопшто сликал нешто, во продолжение сликата од погоре само обработена со негатив ефект при што го добиваме ова...


п.с отворена молба до канал 5 и авторот на сликава да ја стави ОРИГИНАЛНАТА ФОТОГРАФИЈА ЦЕЛОСНО а не да не заебаваат со сончева дамка која се појавила на објективот!​

p.p.s еве што направил фраерот:​

оригинал слика:​

мала игра со сечење + негатив ефект како дамката ќе стане мистериозен темен објект иииии го имаме ова:​

 
B

bucebbb

Гостин
Најверојатно се работи за вештачки сателит.
Имам видено многу такви.
I jas imam videno, i toa od kola vo vozenje, preleta mnogu brzo nad nas od strana, i svetese belo:eek:
--- надополнето: Jun 20, 2011 3:46 AM ---
A toa deka Amerikancite krijat nesto e poveke od sigurno,imam citano za area 51 koja godina bese toa 48,49,tuka negde,rusite vikaat deka e laga toa se, zato sto prvo rusite negde vo sibir prvi videle t.e. nasle takvo nesto,pa Amerikancite da ne ostanat pokuso kako i obicno go nasteluvaa toj nastan, a deka Amerika i rusija krijat nesto tuka nema zbor,,zasto site znaeme kolku e golema fselenata, deka kako zemjata ima slicni duri i isti planeti milijardi:cool:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Додека не видиме со свои очи не веруваме, овој пат видовме, некои успеаа да фотографираат, а други пак да избегаат.Се работи за нешто досега сеуште невидено во нашата држава, до сега читавме и раскажувавме за чудни појави и летала, а вчера околу 17:30 над Алкалоид е забележан Неидентификуван Летечки Објект (НЛО).“Лебдеше во воздухот, а потоа се спушти надоле и веќе не го видовме”, изјавуваат возбудените очевидци.НЛО на 100-тина метри над нашата земја? Зарем е можно?!“Стоевме со колешките и разговарајќи слушнавме еден лош звук, нешто како расипан вентилатор, перка што се врти, а кога се свртевме слушнавме девојчиња што од страв избегаа, погледнавме нагоре и имаше што да се види. Леталото беше чудно, имаше некакви камерчиња и антени, незнам ни како да го објаснам, зошто до сега немам видено такво нешто.”, вели очевидецот кој со мобилен телефон од типот BlackBerry со максимален зум го фотографирал леталото.Само што го фотографирале леталото, се спуштило позади зградата, љубопитните очевидци свртеле еден круг околу зградата со автомобил, но веќе ни трага ни глас од чудната појава што долетала. Тие пет секунди кои доловиле чудна глетка направија очевидците да имаат чудно и интересно искуство, но на страна од сите интересни случувања, што навистина случува?



________________
конечно нешто "интересно" од кај нас... барем - делумно со оглед на тоа што нема по другите наши медиуми (т.е можно да е нешто баш - точка ексклузив :P) макар што кога сме кај медиуми само поглед нагоре е доволен за да видиме каква бламажа имаше канал 5​
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Слушнав дека требало да шета во тој период helicam над Автокоманда да снима некоја реклама... Најверојатно е тоа.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom