Возачки испит ќе се полага електронски

Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Полагајте побрзо тие што се плашите од новите електронски тестови, до крајот на идниот месец имате време - иако и електронскиве не се нешто посебно тешки еве тука имате симулација на тестот да видите одприлика како ќе бидат и колку знаете :)
35 негативни, тестот не е положен:tapp:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Колку што приметив на ова симулацијава нешто не е во ред јас кликнав на едно прашање и на крај ми дава дека сум кликнал на друго :facepalm:
--- надополнето: 23 септември 2012 во 01:28 ---
Нема мамење со електронско полагање на тестовите за возачка

Зголемена контрола и квалитет на тестовите за полагање за возачка дозвола ќе овозможи новиот систем на електронско тестирање, што го промовира денеска на прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Новиот систем има над 80 милиони комбинации. Осумте испитни центри и нивните подружници низ државата веќе се поврзани, опремени и првично оспособени за реалзиација на проектот, но со електронското тестирање ќе се почне кон крајот на наредниот месец, за да се остави простор на идните кандидати да се запознаат со прашањата.
Досега во новиот систем во првата фаза се внесени 842 испитни прашања на македонски и на албански јазик со графика и со реални состојби во сообраќајни ситуации и површини, кружни крстосници, тунели, надвозници, а се планира да се внесат уште двапати по 400 испитни прашања.
Јанкулоска појасни дека е предвидено по случаен избор системот да генерира тест од различни испитни прашања. Не само што квантативно е зголемен бројот на прашања што се во оптек и бројот на сообраќајни ситуации, туку практично сведена е на минимум можноста еден тест да се повтори кај повеќе кандидати, а со тоа станува целосно безполезно учењето тестови на памет. Наместо претходните 30 комбинации на тестови со новиот систем добивме над 80 милиони комбинации на тестови, рече Јанкулоска.
Кога кандидат ќе дојде на тестирање, како што појасни, испитната комисија ќе го евидентира, а членовите го активираат неговиот кориснички профил, со што системот генерира корисничко име и лозинка за пристап, единствено за секој кандидат, кои се печатат од страна на испитната комисија и се дава на кандидатот. Кандидатот со тоа корисничко име и лозинка, може да се најави на системот само од строго определен и нумериран компјутер од испитното место кое го одредува испитната комисија. Од моментот кога кандидатот ќе кликне на копчето „Започни со решавање на тестот”, системот генерира тест и времето предвидено за решавање на тестот почнува да одбројува и тоа во секој момент од тестот ќе му биде видливо на кандидатот.
 
П

Пепси_

Гостин
Многу двосмислени прашања епик. Вака е дури по лесно според мене. Туку како ќе се спрема човек ако има 342954354 варијанти на тестови ? Треба цела книга да учиш демек пилот ќе стануваш ццц

само пари да се прават :гомце:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: dbt
D

dbt

Гостин
Многу двосмислени прашања епик. Вака е дури по лесно според мене. Туку како ќе се спрема човек ако има 342954354 варијанти на тестови ? Треба цела книга да учиш демек пилот ќе стануваш ццц

само пари да се прават :гомце:
Прашањата се стварно двосмислени, ловат на грешка. Според мене тежината на прашањата би требало да биде во рамките колку да се одреди дали идниот возач е психолошки спремен за одговорноста на возење а не да се оди на ловење на грешки. И се знае дека има само едно универзално правило, прилагодување спрема условите на патот и толку.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
И така и така ќе положам :) . Мислам дека нема да го фатам електронското и ќе поминам на „полесниот“ начин.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Имам положено за Б сега планирав да уплатам за Ц па да видам како ќе оди со овие тестовите па докај нова година да ја земам и за Ц возачката :)
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Се спремаја во Битола да ги пуштат во употреба ама се усрала работата, така да ќе си полагаме со старите тестој уште баѓи време. Генерацијата 94/95 сме последни шо ќе полагаме писмено, крцкајте си :D ;)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
џабе измени џабе све, ко не ни се признаени возачките од ЕУ :facepalm:
Како мислиш непризнаени? Еден куп транспотери и луѓе возат со МКД возачки низ ЕУ.
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Полагајте побрзо тие што се плашите од новите електронски тестови, до крајот на идниот месец имате време - иако и електронскиве не се нешто посебно тешки еве тука имате симулација на тестот да видите одприлика како ќе бидат и колку знаете :)
Ах, не го положив тестов. Ама ајде има време за мене, не сум учела никакви тестови до сега, имам 15 години ... инаку имам 32 негативни поени на тестов, а треба да имаш најмногу 12 за да положиш. :D

Патем, јас мислам дека ова е одлична идеа. Полека полека многу работи ќе станат електронски, тоа ми се допаѓа. :)
 
Член од
25 април 2009
Мислења
367
Поени од реакции
135
Како мислиш непризнаени? Еден куп транспотери и луѓе возат со МКД возачки низ ЕУ.
Точно возат, не се признаени во случај да се одселиш во друга земја. Maкедонската не можиш да ја смениш за европска, било да е данска шведска австрија. Е сега мислам оти има некој земји кој ги признават, ако не се лажам шпанија и италја, или па со италија во контакт беа околу тоа прашање. a инаку комшија мој се пресели во данска(се жени), македонската возачка не му ја признаа, и полагаше се наново, како никојпат да немал возачка. Не ме разбравте баш најдобро :D
 

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Шо ние црнци ли сме ? Нема никаква разлика значи за тиа шо полагале по стар начин и тие сега шо ке полагаат по новиов ? Ако за едните имало 30 тестови а за другиве 3000. Ма немој да ме јебеш бре, нека идат у курац...
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Шо ние црнци ли сме ? Нема никаква разлика значи за тиа шо полагале по стар начин и тие сега шо ке полагаат по новиов ? Ако за едните имало 30 тестови а за другиве 3000. Ма немој да ме јебеш бре, нека идат у курац...
Правилата се тие, неможат да ги сменат и во тие 3000 да има други правила и знаци. Само поќе комбинации ќе има. Разликата е дека ќе положат тие шо ќе ги знат правилата, а не како до сега научи ги напамет и оди положи.

Малку оф топик ќе одам, ама ако се прашвам јас треба да се полага и возење и за М категорија или пак да се вметни во А1 категорија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom