Во испитните центри во Скопје, Куманово, Тетово и Штип вчера за полагање се пријавиле вкупно 127 кандидати. 100 од нив паднале на теоретскиот дел.
Во Скопје пријавени биле 53 кандидати од кои положиле само 8. Од 45 пријавени го Тетово испитот го поминале 9 кандидати.
Во Куманово за полагање биле пријавени 6 кандидати, а само половина од нив поминале. Само 7 од пријавените 27 го положиле испитот во Штип.
За време на полагањето имало кандидати кои сакале испитот да го полагаат во печатена верзија. Сепак и тој испит е дел од многуте комбинации од електронското полагање, а не од тестовите кои во минатото се полагаа.
Со воведување на електронските тестови МВР очекува да се добие пореален приказ за познавањето на сообраќајните правила и прописи од страна на кандидатите а наедно и да се зголеми знаењето на идните возачи.