Воен Удар во Турција

Член од
15 јули 2016
Мислења
43
Поени од реакции
8
Можно не викам не. Но колку е мудро да ја обвиниш јавно пред цел свет Америка за тоа што ти си го направил?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
eve kolku e dobar Erdogan,gi kolat po ulici i gi tepaat do smrt.....radikalizam do jaja[DOUBLEPOST=1468735529][/DOUBLEPOST]https://www.almasdarnews.com/article/torture-murder-streets-turkey/

prekrasna demokratska drzava
Страшно
Ова е грешка на офицерите кои ги предводеа војниците
Не смееа да се предадат на цивили. Војник не сме да се предаде на цивил
Мораа да пукаат... Најнапред во воздух, ако не застанат да пукаат во ноѕе. Пред тоа димни бомби, па солзавец
Но веројатно војниците немаа миниција ниту бомби
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Секој што спрема пуч врз легално избрана влада, треба да биде елиминиран ...
Едно време и ние имавме легално избрана влада, со албанска партија во неа, па во 2001 ни дојдоа едни од планина да прават пуч и да ја уриваат легално избраната влада. Дали сметаш дека и нив требаше да ги елиминираме пред да почне војната?
 
V

viktora

Гостин
Абе дај боже и ние да зимаме по 900 евра ко таксистите у Турција. Шо ке ти е пуч, коа у Белгија толку е плата?
Налет 900 евра плата.По грешка кажеш виц за Ердоган па од ќотек те осакатат и тие 900 ќе ги даваш по лекови.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Биланс пучот: 265 мртви (161 цивил и полицаец и 104 војници), уапсено 2.839 војници и 2.745 судии
http://www.rts.rs/page/stories/ci/story/2/svet/2388485/erdogan-armija-je-nasa.html
чичко Ердоган си направи квази пуч за да ги ликвидира не само вишите офицери, туку и судиите
Не верувам дека постои некој друг во Турција кој може да му се спротивстави.
Сега чекајте да се самопрогласи за доживотен председател и водач
(Chancellor und Fuhrer )
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.863
Поени од реакции
21.727
За инстант да обвиниш 2745 судии мора однапред да имаш подготвен список. Вчера пуч денес судење и бесилка case closed !!!! Подобро сценарио за чистење на сите противници здравје !!!! Welcome to Islam, religion of peace, all hail Erdi the new king.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
За инстант да обвиниш 2745 судии мора однапред да имаш подготвен список. Вчера пуч денес судење и бесилка case closed !!!! Подобро сценарио за чистење на сите противници здравје !!!! Welcome to Islam, religion of peace
Мислам дека ова нема толку врска со ислам. Ердоган е типичен диктатор што кокетира со Исламот за да ја прибере околу себе големата конзервативна база во Турција.
Методите со кои он се служи се далеку од исламски. Западните диктатори ги измислиле и усовршиле многу пред тој да се роди.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ова што сега се случува со Инџирлик и овие лудачки барања USA да го депортира Ѓулен, мене барем некако ме наведува на тоа дека има големо пореметување на односот меѓу Турција и Нато. Тој инсистира на тоа дека Ѓулен е главниот организатор на пучот, иако и самиот тој е исламист, голем противник на секуларниот 'рбет во војската на земјата, а меѓу другото и воопшто не живее во Турција.
Европа нема друга шанса да го спречи овој муслимански наплив од доселувања, инвестиции, религиозни инсталации (посебно екстремен ислам), бегалци исл., па затоа главен адут им се Курдите на источниот фронт. Во услови на растурен Ирак и северна Сирија, отворена е картата за Роџава да продолжи да се шири на север кон Турција и да им се оствари конечно сонот на 30-тина милиони Курди за формирање на Курдистан. До сега Америка не криеше и отворено ги финансираше и наоружуваше Курдите во војната со ИСИЛ, а ако продолжи султанов да им глуми лудило, би им дувнале во грб и за силен напад директно внатре во Турција, не со бомбаши-самоубијци како до сега. Сигурно не би влегле во отворен конфликт директно со своја војска, туку и ова би го терале периферно, како често пати до сега, додека Ердоган мора да има на располагање и голема цифра за мобилизација и целосно контролиран офицерски состав - за што и ја правеше чисткава.
Тоа е единствено реално објаснување зошто после толку време му текна да се извинува на Путин за срушениот авион на границата со Сирија и се' повеќе го гледа како поголем сојузник од НАТО иако природно не му е тоа, а сигурен сум дека во услови на некаков хаос во Турција, Русите би биле меѓу првите кои би го искористиле моментот за контрола на Босфор. Како и да е - штета е што фигури, поедини личности понесени од момент на слава си играат со огромен залог и ставаат во опасност стотици милиони луѓе.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Можеби ќе ви звучи чудно, но Опозицијата и Ердоган заедно ги апсат пучистите. Денеска излезе на виделина дека пучистите имале списоци за ликвидација на сите пратеници во турскиот парламент. Ама буквално баш сите и пратениците на Ердоган и пратениците на опозицијата. Поради овие причини секуларистите и националистите прв пат цврсто застанаа позади Ердоган.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Triggering intensifies!


САД со предупредување до Турција: Покажете легитимни докази


САД: Турција да внимава што зборува!

Тензиите растат: турските обвинувања упатени кон САД, може да ги влошат односите меѓу двете земји, предупредуваат Обама и Кери. Истовремено пак во Турција се зборува за враќање на смртната казна.


Часови по неуспешниот обид за преврат во Турција, тензиите меѓу Вашингтон и Анкара се зголемуваат. Американскиот претседател Барак Обама ја повика турската влада на воздржаност, како и да ги почитува законите во истрагата против пучистите. Според податоците на Белата куќа, во телефонска конференција со советниците на турскиот претседател Обама истакнал и значењето на заедничките предизвици со кои се соочуваат САД и Турција – како борбата против тероризмот.

Американскиот државен секретар, исто така упати сериозни сигнали кон Турција. Тој го предупреди својот турски колега, Мевлут Чавушоглу, дека со своето однесување Анкара би можела да нанесе сериозни штети на турско-американските односи. Џон Кери ги отфрли категорично турските претпоставки дека САД биле вмешани во обидот за преврат. Според портпаролот на Стејт департментот, Кери дал јасно дознаење дека Вашингтон е подготвен да ги поддржи турските власти во истрагата против пучисите, но истовремено истакна дека секакви тврдења или совети во врска со какво било учество на САД во овој обид за државен удар се погрешни и штетни за билатералните односи.

Во саботата, набргу откако Обама и Кери осудија обидот за преврат во Турција и побараа поддршка на демократско избраното турска влада, турскиот министер за труд Сулејман Сојлу посочи дека самата Америка веројатно стои зад овој неуспешен пуч.
;)
 
W

wicked_1

Гостин
За инстант да обвиниш 2745 судии мора однапред да имаш подготвен список. Вчера пуч денес судење и бесилка case closed !!!! Подобро сценарио за чистење на сите противници здравје !!!! Welcome to Islam, religion of peace, all hail Erdi the new king.
За 12 часа не можеш да најдеш толкав број на судии по име и презиме а не пак да составиш толку предлози за гонење.
 
S

silmarillion

Гостин
http://vecer.mk/balkan/pilotot-koj-go-sobori-ruskiot-avion-uchestvuval-vo-drzhavniot-udar

Опааа турскиот херој пилот што го урна рускиот авион да ми ти бил пучист. Ај тоа али искочи дека кључевите од авионот на привезок со кључеви од дома ги носи и кога сака лета и гаѓа. Он бил крив за све тоа со русите : )))) Веќе преоѓа целиов театар во нискобуџетен филм со второкласни глумци и сценристи. Ама еј кога публиката (народот) се бави со убавата селанка и фатмаѓул, зарем битен е квалитетот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom