Барем 90% од турското население се изјаснува како муслимани, меѓу нив е и Ердоган, зарем треба да се крие дека е муслиман, зарем не треба да оди на џамија?
И во Франција како земја со најголем број на атеисти и каде се фалат дека имаат најстрог секуларизам, Саркози отиде во Ватикан, се крстеше неколку пати и изговараше молитва.
Груевски во земја со 35% муслимани, за секој изграден пат, објект или инвестиција си носеше цел црковен тим, со пеење, крстови, свеќи и церемонии.
Во земја со 90% муслимани (статистички 99%), Ердоган треба скришум да оди на џамија.
А во земја со 65% христијани (реално помалку), Груевски не само што оди во црква јавно, туку и секоја инвестиција и свечено отварање ја прави со цел црковен тим.
Како бе мајката не ви пречи Грујо што и болница кога гради ги носи свештениците со себе, уште и во некое албанско село што не го зеде црковниот тим, па и министрите албанци ги тераше да палат свеќи, а ви пречи Ердоган што тоа не го прави.
Пред некоја недела Ердоган си го пушти во употреба најголемиот мост во Турција, таму немаше никаков свештеник, туку го повикал Еди Рама како гостин, а тој е христијанин по вера. Исламизација? ма јок.