Колку време е тоа непосредно пред/после јадење?
Некој погоре кажа 2 часа пред јадење да не пие, а тоа за мене нема смисла зашто некој јаде 5-6 мали оброци на ден а му се распоредени токму на 2-3 часа...Значи, време за вода нема
Кога ќе пие?
Плус тоа...2-3 литра дневно е препорачано да се пие колку што знам, колку повеќе вода-толку подобро.Јас барем така знам.А со тие ограничувања пред/после јадење не знам колку може да испиеме...
Јас гледам што повеќе вода да испијам во текот на денот, после јадење обично пијам малку но после пола час или еден час обавезно пијам....дури и (10-15мин.) пред јадење, не гледам пред јадење какво влијание би имала водата а плус така побрзо ќе се заситам, иако не ми е толку поради тоа како што ми е заради тоа што гледам колку што можам повеќе вода да испијам.