За оваа фотка прво не ти е многу во фокус, а и светлото е некако чудно. Потоа горе ја имаш сецнато малку тиквата (такви работи избегнувај, најчесто гледаш да ги ставиш објектите цели во сликата.
Добар е моментот со рефлексијата, на твое место би осветлил таму малку повеќе за да ја истакнам повеќе, и исто ми се допаѓа што калинката е црвена, во поглед на тоа дека другите две се зелени.
Блицот избегнувај да го користиш, научи се да го користиш тоа светло што ти е дадено, па потоа со блиц. Пошо обичните дигиталчиња автоматски ја кратат експозицијата и се освен објектот е малте не црно. Сигурен сум дека повеќе ти било осветлено одколку што испаднало на сликата.
Немој да ме мразиш, секогаш сум вака груб со критики, ама така најдобро се учи, така и јас учев