Внимание, голема измама преку мобилки

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Лажни мерцедеси од Уганда[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Од "Т-Мобиле Македонија" ги предупредуваат граѓаните дека треба да ја игнорираат пораката, бидејќи наместо да добијат награда "мерцедес бенз" вреден 150 илјади долари, само ќе си ја зголемат месечната сметка
[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]СМС пораки со содржина дека сопственикот на мобилката е добитник на "мерцедес бенз" вреден 150 илјади американски долари, последнава недела масовно пристигнуваат на корисници на "Т-Мобиле Македонија". На пораките пишува дека се испратени од телефонски броеви од Кенија, Уганда или Етиопија, а според "Т-Мобиле Македонија" испраќачите на СМС пораките користат Интернет услуги на некој индиски оператор, па македонската компанија не може да ги запре.
Според содржината СМС пораките се разликуваат, но во сите телефонскиот број што треба да се повика е од Кенија или Уганда.
СМС пораката изгледа вака: "Честитки! Добитник сте на 'мерцедес бенз' вреден 150 илјади американски долари. За повеќе детали повикајте го менаџерот господин Јозеф на +254723622031".
Повик кон Уганда или Кенија од при-пејд и од пост - пејд чини 58 денари, но како што предупредуваат од Т-Мобиле, граѓаните треба да ја игнорираат пораката, бидејќи нема да добијат награда, туку само ќе си ја зголемат месечната сметка или ќе ја испразнат при-пејд сметката.
"Ако некој од добитниците на ваквите СМС пораки се јави на некој од овие броеви само ќе му се наплати меѓународен повик, но не би требало да има други трошоци. Важно е корисниците да не даваат никакви лични податоци за себе. Бидејќи пораките не пристигнуваат преку нашиот сервис центар, не можеме да ги запреме. Броевите што ги добиваат се случајно избрани од испраќачот", објаснуваат од "Т-Мобиле Македонија".
Граѓаните што добиле вакви СМС пораки велат дека и од центарот за корисници на Т-Мобиле ги предупредуваат да ја игнорираат пораката, бидејќи наместо награда ќе си создадат само трошок.
"Од изутрина добив едноподруго три СМС пораки со идентична содржина, демек наградата е од компанија од Кенија. Кај мој пријател пак пристигна СМС дека наградата е од некоја германска компанија, но и во двата случаја броевите што треба да се повикаат се од Кенија. Сето ова многу ми наликува на Интернет измамите што се прават со и-мејл пораките во кои се известува добитникот дека треба да ги испрати своите лични податоци и сметките од банка, за да му ја исплатат наградата", вели една скопјанка, добитник на лажен "мерцедес бенз" од Уганда.


[/FONT]
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Dodeka ima ovci ke ima i volna :vozbud:.Nikoj taka ne ti poklonuva vozilo od mnogu iljadi evra a porakata mislam deka ja ima primeno sekoj korisnik na Mobimak,jas denes dobiv duri 2 ama i dvete otidoa vo opcijata NO RECYCLE BIN...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Броевиве ги наоѓаат од сајтовите каде што претплатниците ги оставале своите мобилни телефони, а потоа истите се користат за вакви спам пораки. Како што кажа членот над мене, додека има овци ќе има и волна. Кој будала во денешно време ти подарува Мерцедес и толку пари?:lud:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Броевиве ги наоѓаат од сајтовите каде што претплатниците ги оставале своите мобилни телефони, а потоа истите се користат за вакви спам пораки. Како што кажа членот над мене, додека има овци ќе има и волна. Кој будала во денешно време ти подарува Мерцедес и толку пари?:lud:
Ова првово нема врска. Мојот број е регистриран на 1001 сајт, па не ми стигна смс. Но затоа му стигна на татко ми, човек кој нема никаков допир со компјутери, ниту пак разбира англиски. Едвај го научив како да прочита и напише СМС (уште не знае да запише број во именик). Инаку само што ја видов пораката, се сетив дека е нешто слично на онај е-маил-от што го праќаа од јужноафриканската република, дрн, дрн војна бла бла, имам 15 милиони, неможам да ги извадам, да ти ги пратам тебе?
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Мене ми стигна порака за мерцедес SL600 вреден 300 000 USD и да звонам на некој број +254 , и тоа ми стигна од Nayrobi,Kenia
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.911
Поени од реакции
165
мене ми дојде дека сум добил 170 000 евра
од шпанија
и така ги изигнорирав
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Мене ми дојде вчера од Кенија, Баш се мислев дали да славам со АК - 47 и да викам го добивме колата:vozbud:Ама ај си викам да беше Ферари ќе се јавев, вака за Мерцедес кој ќе оди до таму да го зема .:pos2:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
На братучед ми еден другар добил таква порака и кога запна ајде да се јавиме, ајде да се јавиме.Едвај се увери дека е лага.Кој будала ти дава џабе толку пари?:pos:
Ендаш ми стигна меил мене дека на наследство рандом некој од африканските држави ми оставил многу пари...Глупости:tapp:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Сепак уште кајмене ми нема стигнато некоја лажна порака како овие малце чудно,инаку на мејлот секојдневно ми стасуваат спам пораки дека сум добил на лотарија,коли,мотори,куки и се што уште не :)
Еднаш така демек сум добил 850.000 илјади евра така нешто и да видам до кај ке одат,ми праќаат мејл со прашања возраст,лична карта,пасош и сл и им праќам безврска лажни и на крајот ми праќаат мејл пратете 500 евра за трошоци за да можеме да ви ги пратиме парите,ебати преварантите хаха.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Немам добиено таква порака, а и да добијам ќе ја игнорирам :wink:. Ај на интернет, ама и по мобилни почнаа со секакви глупости.
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
И на мене досега не ми стигнала ни една таква СМС. И да ми стигнат знам оти тоа е само измама
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Немам добиено таква порака, а и да добијам ќе ја игнорирам :wink:. Ај на интернет, ама и по мобилни почнаа со секакви глупости.
Ендаш ми стигна меил мене дека на наследство рандом некој од африканските држави ми оставил многу пари...Глупости:tapp:
Мене па еднаш ме додаде една на Hi5, од Брегот на слоновата коска.
И најнормален профил, со неколку пријатели, 2-3 слики, и ми напишала да и го дадам e-mail-от за да сме се запознаеле подобро.

И го дадов, па во првиот е-mail веднаш ме информира дека е сирак и дека живее во дом, дека нејзините родители и браќата/сестрите и се убиени и дека само таа преживеала. Била многу побожна и ми остави телефонски број да се јавам, ама немало веднаш да ми се јави таа туку отецот од училиштето ама јас да ја побарам неа и ќе ми ја даделе :tapp::pos:

После веќе во вториот e-mail ми кажа дека имала огромно наследство но била малолетна и во нејзината земја не можела да го земе, па некако јас да отворам сметка и да го пратела кај мене па од таму да го земела и после и мене ќе ми дадела одреден процент.

Ми беше сомнителна па ја баталив и после тоа неколку месеци ја немаше никаде, се додека не добив нов e-mail од некоја нова личност... АПСОЛУТНО и ОД ЗБОР ДО ЗБОР ист како на оваа претходнава :pos: Буквално се исто, и дека родителите и загинале, и тоа со телефонот :pos::pos::pos:

А покрај неа нон-стоп ми стига SPAM дека сум добил не знам колку милиони долари, бла-бла...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Добро бе се чудам како има некои луѓе што навистина веруваат во такви работи...

Во тој период актуелно беше демек со Нокиа 1100 се празнеле банкарските сметки. И стварно доста луѓе се интересираа од каде да купат нокиа 1100. Некој човек имал од порано нокиа 1100 и нашол некој малоумен и му го продал за 1.000 евра. Типот немал пари за да го купи телефонот, ама зел кредит од 60.000 денари...И на крај не му успеала намерата за да се збогати... Да се заработуваа пари така лесно никој немаше да работи. Сите дома ќе си седеа...

Или со рекламите на фејсбук заработувајте 400 евра дневно од дома со FX Lider и слични такви превари...

И како може денешниве генерации на возраст од 12-14 години да се толку глупи, наивни што некој 25-30 годишен со лажен профил на фејсбук им пиши порака дојди на таа адреса и тој број ќе ти подарам нов лаптоп или нов ајфон. Доста од нив има што ќе го поверуваат тоа... Се знае со каква намера тој ги вика...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom