Внимание, голема измама преку мобилки

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе ви кажам една случка со еден познаник 2010 година ме убедуваше за да ми шитне мобилен Nokia 1100 по цена од 600 евра...

И измисли негова приказна демек тој со телефонот ги провалил банкарските сметки и заработил 40.000 евра...

А типот работи во ЈП Комуналец и приватно работи калџија мешање малтер, кревање вреќиња цемент, симнување градежен шут, косење бавчи со рачна коса, корнење трева... Типот нема ни точак, ни кола, нема ни мобилен, а и живее под кирија...

И ми вика ти 600 евра ги даваш, ама ти како што си бистро и паметно дете можеш да заработиш и многу повеќе од мене...

А јас му викам па добро бе чим си заработил 40.000 евра па тогаш зошто работиш уште во Комунално и зошто не си купиш мобилен, точаче, кола и една гарсоњера???

И тој ми вика не сакам наеднаш да ги покажам парите, така многу сомнителен ќе испаднам. Ама тие работи ќе ги земам малку по малку...

А и ден денес ништо нема земено од тие работи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom