goodman_91
Бубалица
- Член од
- 2 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 29
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Лажни мерцедеси од Уганда[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Од "Т-Мобиле Македонија" ги предупредуваат граѓаните дека треба да ја игнорираат пораката, бидејќи наместо да добијат награда "мерцедес бенз" вреден 150 илјади долари, само ќе си ја зголемат месечната сметка[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]СМС пораки со содржина дека сопственикот на мобилката е добитник на "мерцедес бенз" вреден 150 илјади американски долари, последнава недела масовно пристигнуваат на корисници на "Т-Мобиле Македонија". На пораките пишува дека се испратени од телефонски броеви од Кенија, Уганда или Етиопија, а според "Т-Мобиле Македонија" испраќачите на СМС пораките користат Интернет услуги на некој индиски оператор, па македонската компанија не може да ги запре.
Според содржината СМС пораките се разликуваат, но во сите телефонскиот број што треба да се повика е од Кенија или Уганда.
СМС пораката изгледа вака: "Честитки! Добитник сте на 'мерцедес бенз' вреден 150 илјади американски долари. За повеќе детали повикајте го менаџерот господин Јозеф на +254723622031".
Повик кон Уганда или Кенија од при-пејд и од пост - пејд чини 58 денари, но како што предупредуваат од Т-Мобиле, граѓаните треба да ја игнорираат пораката, бидејќи нема да добијат награда, туку само ќе си ја зголемат месечната сметка или ќе ја испразнат при-пејд сметката.
"Ако некој од добитниците на ваквите СМС пораки се јави на некој од овие броеви само ќе му се наплати меѓународен повик, но не би требало да има други трошоци. Важно е корисниците да не даваат никакви лични податоци за себе. Бидејќи пораките не пристигнуваат преку нашиот сервис центар, не можеме да ги запреме. Броевите што ги добиваат се случајно избрани од испраќачот", објаснуваат од "Т-Мобиле Македонија".
Граѓаните што добиле вакви СМС пораки велат дека и од центарот за корисници на Т-Мобиле ги предупредуваат да ја игнорираат пораката, бидејќи наместо награда ќе си создадат само трошок.
"Од изутрина добив едноподруго три СМС пораки со идентична содржина, демек наградата е од компанија од Кенија. Кај мој пријател пак пристигна СМС дека наградата е од некоја германска компанија, но и во двата случаја броевите што треба да се повикаат се од Кенија. Сето ова многу ми наликува на Интернет измамите што се прават со и-мејл пораките во кои се известува добитникот дека треба да ги испрати своите лични податоци и сметките од банка, за да му ја исплатат наградата", вели една скопјанка, добитник на лажен "мерцедес бенз" од Уганда.
[/FONT]