Tеоретски звучи многу убаво но реалноста е 100% на страната на она што го изнесе @Sussaro. Не е стигма или нешто за осуда што ете човек (жена или маж) се развел и има деца, не е ништо проблем истиот да влезе во врска или да повторно заснова брак. И да, може да е супер карактер, да се усогласувате и да бидете среќни, но тоа нема да ве амнестира од проблемите кои таквата врска или брак неминовно ги носи а само некои од нив Суссаро ги наброја и ги даде за пример а се многу повеке и покомплицирани. Ете може човек да влезе во таква врска, да влезе со целото срце, искрени намери, целосно прифаќање, детето на партнерот го сака и прифаќа како негово..... И најмалиот проблем ке биде тоа што Сусаро го наведува како делење на внимание, делење и тешко наоѓање време за партнерот и неговите потреби, организации со баби и дедовци.... Целиот живот ке ти биде оптеретен со газење по јајца, секојдневно ке имаш ситуации кои ке се толкуваат како твоја грешка и неприфаќање иако ете си прифатил со целото срце. Пример, мене како татко, ако синот ми побара нешто за кое јас сметам дека не е дораснат, пример бара веспа а јас сметам дека сеуште е мал и се плашам дека ке направи некоја беља со веспата, нема да му купам, без разлика дали тоа ке му кажам директно или ке го завлечкам додека порасне со приказни во стилот дека сега е ладно па на лето ке купиме, на лето ке нема таква во дуќанот и годината ке заврти.... и не ми е гајле тоа што тој ке си мисли или мајка му нема да се согласува со мојата одлука, едноставно така ке биди. Но ако тоа дете не е мое, иако јас сум го прифатил со сето срце и сум прифатил да му бидам одговорен татко, кога ке побара веспа и јас за негово добро нема да му купам од горните причини, тоа ке смета дека не му купувам веспа затоа што не сум му биолошки татко, истото ке го помисли и мајка му која е на друго мислење па во прва кавга ке ти плесне дека ако се работело за твое дете, или кога твоето дете побарало, си му купил веднаш без да сака да го чуе аргументот дека твоето дете тогаш имало 2 години повеке од ова за кое сметаш дека сеуште е мало за веспа. Ако врни дожд и син ми побара да го однесам со кола, пример на часови по гитара, јас слободно ке му речам да го земе чадорот и да пешачи пет минути, сметам дека тоа е добро за него од причини што ке го фати чист воздух и така ке си ја гради самостојноста, на ако истото го побара дете кое е само на сопругата, јас спротивно на моето мислење ке морам да го однесам за да не си помисли дека не сакам да го носам оти не сум му вистински татко. Ако јас гледам и сметам дека син ми не е за факултети, дека само ке си изгуби драгоцено време и ке го пропушти она што навистина е за него, пример гледам дека од него ке биде добар механичар или автоелектричар и така ке стане свој човек со работа и пари, јас ке се заангажирам да му најдам добар мајстор каде тоа ке го научи и потоа да му овозможам да има сопствена радња, но ако такво нешто му кажеш на дете што не е твое тоа пак од негова страна и од страна на мајка му ке биде протолкувано дека тоа го правиш оти детето не е твое и од причина што не сакаш да трошиш пари за него по факултети а твоето дете си го запишал у Београд на медицина и фрлаш куп пари... Ако на ќерка ми и речам дека тоа што го облекла за излегување не е пристојно и јас не го одобрувам и речам дека ако сака да излегува ке мора да облече нешто друго, таа може да негодува и да се лути колку сака, но дали такво нешто ке можам да речам и наредам да дете кое не е биолошки мое? Милион секојдневни ситуации ке ти бидат газење по јајца и причина за нелагодност. Да не збориме пак за ситуации со имот кои и нема да бидат секогаш во твоја моќ за да ги изменаџираш соодветно оти и не зависат од тебе. Пример, кога дедо ми реши се што има да подари на татко ми, муабетот на татко ми беше дека подобро мене да ми подари се за да тој за некоја година да не се бафта пак со документи, нотари и трошоци. И така бидна, ми подари дедо ми се што имаше а тоа не е воопшто малку, напротив прилично голема имовина. И сега замислии да јас сум имал полубрат или полусестра, а познавајќи го дедо ми и неговата нарав пак исклучиво мене ке ми подарел се и немало ни под точка разно да дозволи ни грам имот да оди кај некој што не му е крв, како ке се чувствувал тој рецимо полубрат кој ете бил прифатен од сопругот на неговата мајка и цел живот бил еднаков во се со тебе а сега воопшто не е еднаков? Ете ти проблем. Секојдневни се тие ситуации и човек треба добро да размисли, да ги исклучи емоциите, романтиките како и линкот на половиот орган со мозокот, да погледне низ прозаичноста на секојдневието па многу трезвено да реши што ке прави. Ако е спремен за сите тие секојдневни предизвици ок, ако не е спремен на такво нешто исправно е да каже и дека не е за таа шоља чај. По мене, ако човек се најде во ситуација да биде сингл со дете, (независно дали детето е вонбрачно, развод, вдовец) најдобро е да ја прифати таквата ситуација и да го тера животот така додека децата не бидат на некоја возраст да бидат самостојни а потоа да размисли за брак но и тогаш пред таквиот чекор со партнерот јасно да ги дефинираат односите со децата, посебно имовинските за да нема проблеми. Додека децата се осамостојат секако дека можат да си имаат врски, сериозни, несериозни, како и да е.Секој има право на свое мислење.
Но да тврдиш дека не би бил во врска со жена со дете, само зашто има дете, е глупост.
Јас НЕ ГИ ДЕЛАМ мажите на:
- Разведен маж со дете,
- Стар ерген,или
- Вдовец.
СИТЕ 3 СЕ ЗА МЕНЕ ИСТО (затоа што сите три категории на мажи се СИНГЛ практично НЕМААТ ЖЕНИ) освен женет се разбира, и во врска, тие се заузети.
Но, доколку би била на дејтинг сцената, сеедно би ми било, со кој од овие три категории би била во врска, карактерот е битен, дали се усогласуваме, дали сме среќни заедно, тоа е тоа што матерс.
Последно уредено: