Не реков дека сте сите исти, ама дека е мнозинството како што е опишано, е, и тоа ме интересираше да разберам. Па ете и сама си го потврди тоа што јас го очекував, си го цитирам тој дел од постот:
И да, однапред да обесхрабрам ама јас не сум таква дрн мрн, и индивидуално да не сте такви, баш кажете зашто така резонира мнозинството жени, и тоа не е само на форумов.
Нели виде како однапред предвидов дека ова е тоа што ќе се случи? Ако немам мнозинство врз кое базирам, како успеав да предвидам? Одма ќе кажам нит сум јасновидец нит читам мисли. Да поставеше било која членка тука, добро како резонирате така демек логичари сте биле, најверојатно никој немаше да пише, Аааа не, не сум ја ист, ја сум од оние другине, туку најверојатно ќе пробаа да си ја објаснат/заштитат теоријата, немаше да се тепаат да се оградат од цел род и да се лутат зашто се ставени во ист кош, бог знае зашто тоа ви пречи и боде очи.