Владиниот потег за бесплатен интернет

Член од
16 јуни 2007
Мислења
117
Поени од реакции
1
concrete напиша:
Auuu...15???? I upagas vo konflikti??? Ako ne se samo vakvi virtuelni, vednas
da si im gi istrgala toa usite na tato i mama....do zar crveno......i po edna-dve zvrcki da im udris..........tie si znaat zosto..:):)!!!
Izvini vaka,ama aj gledaj si gi tvoite deca...:smir:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Хани...- бани, мој најискрен совет е да не си го труеш тинејџерскиот живот со политика, прво разработи ги другите сфери во животот, бидејќи очигледно со самото тоа што не го разбра постот на конкретниот се докажува дека ги запоставуавш другите за твоја возраст многу поважни сфери во животот.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Абе остајте го чупето малку политички да се надогради,го сасековте во корен иако беше на ваша страна.:)
 
jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0
Хани Бани бидејќи и јас сум многу повеќе од слајтли постар од тебе ќе си земам за право да ти дадам совет : слободно искажувај си ги своите ставови од било каква област без разлика на возраст. Па порано на твоја возраст пошто немаа интернет (Љупчо и Бранко не им обезбедија :pos2: ) Филип, Ентони и Влатко - Ганс Н Росис седеа по шатори и јадеа гировци од кај Аце Симпли Д Бест на местото на денешните стечајци. Па ти види кои господа се денес сите тие, а Филип дури на еден злобен квиз од Ива на А1 призна дека не знае кој е Доналд Рамсфелд, а беше веќе назначен од босот за конзул кај истиот тој Рамсфелд, па дури и Аце беше Мејор на Тхе Цхаир едно време. А башка женските некако се попробивни кога ќе запнат. Оваа што е популарнава Рада малку ја зеза тоа што сеуште има еден влијателен покровител на манифестацијата но полека ќе си го среди таа и тоа. :zver:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А владините проекти да ги земе само како гафови на една луда помпезна политика од тековните власти.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Јас сум на бесплатниот интернет на владава. Го користев и оној од нова година и овој сега. На корисниците на адсл веројатно ова им е смешно, но овој интернет е сосем доволе за ситни работи. За читање меил, за зезање по форуми за некои такви работи е добар. Месинџери не ни зборам. Единствено што телефонот ти е зафатен цело време.
Не гледам никаква опасност ни за интернет кафињата ни за адсл ни за ништо, а сепак секој може да пристапи и да користи нет без да му се одрази на буџетот. За аматери и почетници супер е. Live MSN го симнав за 35 минути. Прва лига.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Jakov напиша:

Сето тоа би било во ред доколку владата најпрвин отвореше по некоја бесплатна аптека,поликлиника,лабораторија за испитување на болести,по некоја пекара каде ќе може нормално оној кој му е потребно да се снабди со леб,затоа што нема пари,или пак прифатилишта за бездомници во центрите на поголемите општини а не во некакви вукојебини каде и животните не би престојувале.Тоа е она што му треба на обичниот човек а не да му продаваат бубрези за мадиња и да му пејат колку е убаво човек да биде глупав.Сите знаат дека провладиниот Вечер се испостра од плачење кога започна да се печати бесплатниот Шпиц иако огромни беа сумите кој владата ги вложуваше и уште ги вложува во овој провладин весник парите за сопствено рекламирање.
Во ниедна здрава и разумна економија владата не генерира нелојална конкуренција освен во Македонската,а интернетот никаде не е сместен во социјална категорија на услуги и само луд човек може да помисли дека интернетот треба да биде бесплатна категорија на услуги.Па ни мочање во јавни клозети не е бесплатно иако е основна физиолошка потреба на секој човек и треба да има приоритет во секој случај на бесплатни услуги што треба да ги обезбеди една влада,без да паламуди дека интернетот бил тоа што на луѓето им требало повеќе од се.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
АБЦ мене ако ме прашуваш, интернетот треба да биде достапен на сите сито како леб, бидејќи информацијата е нешто најбитно денес, а леб за социјалните случаи има, а тие што имаат пари сами да си купат сами и си купуваат, исто е и со интернетот, кој има пари за жирокопојасен тој и си го користи, кој нема користи кога му се дава можност малку да посурфа и да провери мејл на дајл ап.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Bacillus gagous напиша:

Јас само кажувам како е насекаде во светот,односно кој се приоритетите на секоја разумна влада.Доколку овде имаме бездомници и просјаци би рекол дека ним информацијата не им е најбитна,туку последната споредна работа која треба да им биде бесплатно обезбедена.На беспомошно мало бебе џабе ќе ти биде да му обезбедиш цуцла кога ќе умре доколку не му дадеш млеко.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
ABC напиша:

Претерување и пумпање на работите:)

И не гледам зошто некој да има против тоа.

Можеби тоа е дел од диктатурата кон слободно изразениот збор затоа што од домашна I.P. ќе се знае точно кој и што напишал против моронските одлуки на оваа влада.
Никој не може да ти чита во компјутерот на кого ти тоа праќаш или од кого примаш мејлови. А ако мрежата на телеком не била толку моќна, тогаш нека инвестираат малку, и така го одраа народот за никакви услуги. Можеби е време да постават оптички кабли :)

Имаш џабе интернет, ако не ти се допаѓа тоа што ти го нудат бесплатно, одиш во интернет кафе и си сурфаш на побрза конекција.

Интернет клубовите ќе најдат начин да опстанат, не се секирај, треба само да погледнат во поразвиените земји како тие го решиле тоа:)

Пример: Одиш во клуб, нарачуваш пијачка и имаш бесплатно сурфање.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
humanoid напиша:
Претерување и пумпање на работите:)

И не гледам зошто некој да има против тоа.

Никој не може да ти чита во компјутерот на кого ти тоа праќаш или од кого примаш мејлови. А ако мрежата на телеком не била толку моќна, тогаш нека инвестираат малку, и така го одраа народот за никакви услуги. Можеби е време да постават оптички кабли :)

Имаш џабе интернет, ако не ти се допаѓа тоа што ти гу нудат бесплатно, одиш во интернет кафе и си сурфаш на побрза конекција.

Интернет клубовите ќе најдат начин да опстанат, не се секирај, треба само да погледнат во поразвиените земји како тие го решиле тоа:)

Пример: Одиш во клуб, нарачуваш пијачка и имаш бесплатно сурфање.

Во поразвиените земји тоа го решиле едноставно си плаќаш 20 евра и си имаш солидна и брза конекција,бесплатен интернет нема туку има точки или зони со бесплатен интернет каде нема да можеш да останеш со часови како што обезбеди нашата влада.Значи интернетот насекаде се плаќа а достапноста и брзината е она врз што може да поработи владата се разбира доколку најпрво ги обезбеди другите приоритетни работи како на пример да ја намали невработеноста од 40% на 4%,за да можеш да нарачаш пијачка и да сурфаш бесплатно,во спротивно ќе купиш степче и ќе си седиш дома во апатична и тмурна атмосфера чекајќи да се конектираш на единственото наводно "бесплатно" нешто што ти го обезбедила владата.Овој пристап не е бесплатен туку е дебело платен од страна на парите што ги издвојуваме ние даночните обврзници кој работиме со платен интернет за да биде иронијата поголема.:(
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Леле АBC чоече, дијареа ме фаќа кога ќе те прочитам на темава...
 
Апсолутно си во право дека како и да вртиш, луѓето пак го плаќаат ова. Но на овој начин ќе може да се закачат и они кои претходно не можеле. И пак ќе речам дека телеком треба да искочи во пресрет и конечно да инвестира во мрежата. А ако овие потези на владата застанат само на бесплатен интернет, а никакви подобрувања во социјалата, тогаш интернетот нема да помогне.

Инаку да, постои бесплатен интернет во многу земји, дали дајлап или бежичен, сеедно.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Мистичен напиша:
Леле АBC чоече, дијареа ме фаќа кога ќе те прочитам на темава...

Аман немој, сеа ќе ти коментира како наместо бесплатен интернет можеле да нудат бесплатни лекови против диареа...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Лековите против дијареја би требало и онака да се бесплатни,затоа што тоа може да биде опасна заразна болест.:)А што се однесува до овие потези на владата се разбира дека се "застанати во преводот" кога се започнува токму од онаму од каде што најмалку треба да се почне.Па и врапците знаат кој се приоритетите да одгледаат здраво семејство кое во иднина ќе може да лета за да преживее,сигурно не им е приоритет да си обезбедат златен кафез.Можеби овој потег на владата е направен за да можат пазарџиите кој деновиве штрајкуваа во иднина да ги поминуваат деновите и ноќите пред компјутер наместо да штрајкуваат по улиците.Можат да се најдат безброј примери кој според мене се многу поважни од бесплатниот интернет,а можеше нажата влада да им го обезбеди на Македонските граѓани како на пример овој:
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=22833&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
 
Kajgana Shop

На врв Bottom