Владиниот потег за бесплатен интернет

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со најновата понуда на бесплатен интернет владата тргна во акција да ги затвори интернет клубовите каде ќе се затвори уште една стопански рентабилна дејност која беше на границата на преживување.Имам доста пријатели кој стопанисуваа со оваа дејност и само во Прилеп се затворија 4 а уште 6 клубови најавуваат затварање.Можеби тоа е дел од диктатурата кон слободно изразениот збор затоа што од домашна I.P. ќе се знае точно кој и што напишал против моронските одлуки на оваа влада.Ви пренесувам дел од печатените медиуми за оценките кон најновата акција на владата:

Од „Телеком“ потврдуваат дека мрежата е оптоварена поради што е отежнато приклучувањето.
„Сите 510 канали, можам авторитативно да тврдам дека се исполнети, сите се искористени и проблемот го гледам во делот на искористувањето на линковите, имено корисниците од над 510, не можат да воспостават“, вели Мирослав Котевски, „Телеком“.
Владата вели дека таа на граѓаните им дала шанса за бесплатно сурфање, но техничката логистика за проектот била работа на операторот.
„Во моментов тоа е некаде на точката на максималните можности што ги нуди системот на Македонски телекомуникации“, рече Ивица Боцевски, портпарол на влада.
Идејата за бесплатен интернет за граѓаните и образовните инструкции е дел од владиниот проект „Македонија земја на информатичари“.
Најновите истражувања покажаа дека секој трети граѓанин користи интернет, но и дека повисоките цени се главната причина зошто интернетот не се користи во домовите.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Амам бе, пензионерите зар толку да оптеретат?

Инаку, АBC - повторно во твој стил ги извртуваш насловите на темите. Ако владата дала гага нет, значи почнала хајка против нет клубовите?

Смешки.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Аха дала, фала им 56k они да сурфаат од тоа. Ама тоа ти е македонче, кога е гага и киселината е блага(не ми иде да го пишам тоа другото, навредливо е). И чим почнале да пуштаат за песпари интернет, нека се осигураат дека е за ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, а не за две улички после операторот
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Зошто бе гага нет,кога имаш луѓе кој преживуваа само од оваа дејност.Се разбира дека си ги исполнуваа сите обврски кон оваа држава а деновиве гледам дека дуќаните им се скоро празни,дечките сурфаат од дома па ги преоптоварија линиите.Инаку токмо од генерацијата до 26 години оваа дејност егзистираше како и од постарите кој не можеа да се приклучат на MSN ili Skype.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
ne,mislam deka toa nemoze da mu se sluci na gruevski koj tolku saka da ja "kompjuterizira" nasata zagrozena i "otepana" vo toj pogled prekrasna zemja !
mozebi neprijatelska propaganda :) !
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
ABC напиша:
Зошто бе гага нет,кога имаш луѓе кој преживуваа само од оваа дејност.
A зашто да му оставаат пари на некој, кога сега можат да имаат и интернет гага? Каков, таков, дајл ап, ама гага. Е сега, тоа што тебе лично како сопственик на (знаеме што) те погодува е разбирливо вака да реагираш и да се чувствуваш директно погоден (исто би се чувствувале и пекарите кога владата би давала гага леб), ама потегот е за поздравување.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
аааа тука куцало магарето значи. АВС не се секирај, неможат луѓето да комуницираат на мсн со дајл ап и тоа со преоптоварена мрежа, пак ќе си имаш муштерии
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
АBC, ти глеј на тоа како на фајде, ти затвориле конкурентските дуќани :)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па нека отвори и бесплатни месарници,рибарници,автосалони и се друго во што некој инвестирал.Доволно е по една во секој град кога веќе тргнало на тоа.Зошто на пример да не си чекаме пред бесплатна сендвичара кога имаме време на претек,па да си оптегнеме по едно бесплатно пивце?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ау таму ќе има колење бе, ова се знае по дома е па тие дома нека му ја мислат зашто телефонот цел ден исклучен бил
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Кој од вас последен пат добил фискална сметка од своето локално интернет кафе?

Колку од интернет кафињата воопшто немаат ни регистрирано фирма за работа?

Аман бе луѓе...А сакате во Европа...
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
колку повеќе граѓаните сурфаат од дома и колку помалку од интернет кафулиња, толку подобро за државата, бидејќи тоа е доказ дека се помасовно се користи по дома интернет за секојдневни потреби, и цените се прилагодени кон можностите на населението.
Инаку овој потег не хајка против интернет кафукињата, туку обид за зголемување на интересот на населението за домашна и поопширна употреба на интернет.
И во германија каде има скоро секој втор дома ДСЛ интернет пак има имнтернет кафулиња, кои функционираат.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
ABC напиша:
Па нека отвори и бесплатни месарници,рибарници,автосалони и се друго во што некој инвестирал.Доволно е по една во секој град кога веќе тргнало на тоа.Зошто на пример да не си чекаме пред бесплатна сендвичара кога имаме време на претек,па да си оптегнеме по едно бесплатно пивце?
Е да бе, да имаше месара,ќе викаше шо не дава гага нет. Никако не може да ти погоди :)))
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Трн фискална, во интернет кафе што е тоа? како изгледа:pos: незнам стварно
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со бесплатни услуги не се врши само популаризација и масовност туку се буричка директно во џепот на оној кој инвестирал да се занимава со таа дејност.Ако сакате фискална сметка од и онака бесплатната проверка на е-маил тогаш немам зборови.А верувам дека Мистичен нема да ми се налути ако и овојпат ги спомнам тутунарите за кој многу беше побитно оваа година да обезбеди бесплатни репроматеријали отколку бесплатен интернет затоа што седеќи пред компјутер нема да можат да му однесат лепче на своите деца кој ќе умрат од сурфање гладни и боси затоа што Македонската влада им обезбедува ваков бесплатен и блентав комодитет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom