Не е можно да ги исполнуваат. Не дека не сакам, не дека мене би ми сметало тоа... туку не е можно да ги исполнуваат.
1. Да ги исполнуваа, ќе беа видливи. 10% од населението во Албанија (3.600.000) да беа Македонци, лесно ќе се соберат 100.000 да протестираат, да бараат права. И пази, не збориме за илинденско востание со 100 души за лесно да може некој да го угаси. Збориме за 100.000 души (кои би биле околу 40% од нивната вкупна бројка во таа земја, нели). Реални ако сме, ги нема до толку. Може ги нема и 4.000 (колку вика таму официјалната бројка, не знам) туку се 10.000, ама пак во земја со 3.600.000 население, 10 илјади е премногу ситна бројка за било кој да ја свати озбилно. Хомосексуалците велат дека ги има барем 10.000 во Македонија па никој не им обраќа внимание. Ситно е, нула кома незнам таму колку посто.
2. Не може да имаат исти права како Албанците во Македонија, тоа не оди така. Албанците во Македонија сочинуваат 25% од населението. Македонците во Албанија сочинуваат 0.25% од населението (ако сметаме дека има 10.000 Македонци во Албанија), и внимавајте на нулата во втората бројка. Бидејќи се 100 пати помалку од нас овде, реално им следуваат 100 пати и помалку права.
3. Но што вистински се случува. Македонците никој не ги убива затоашто продавале цигари на црн пазар (цигари човече, не дрога, не проституција.. ајмо Партнер цигари, 2 за 50). Никој не ги убива затоашто сакаат да учат на мајчин јазик. Туку што е најсмешно, самата влада им ги дава тие права. Земете, учете на Македонски. Иако сте 0.25% во земјава, нема проблем, не мора никого да убиеме од вас, не мора после вие да земете оружје...
Заклучок: Македонци во Албанија има премалку за некој да ги свати озбилно, а и тоа што го имаат им е доста (ако не и премногу, 0.25%).