Мислам дека што и да се направи во ситуацијава, на крајот пак ебани ќе испаднеме. Како народ, општо. Бројките се веќе однапред утврдени.
Пред некое време го читав некаде овој директоров на Државен завод за статистика, вели за тие кои нема да сакаат да се попишат, предвидена била казна од околу 200-300 евра. Искрено, не верувам дека народов би постигнал единство во ситуација кога му претат со удирање по џебот. Немаше единство за едно гласање во Кичево, Струга, а не па за вакво нешто.
300,000 да има кои ќе ветат дека нема да се потпишат, на крајот мислам дека барем пола од нив ќе се покакаат на денот на пописот и ќе се попишат. Таа ситуација само ќе придонесе статистички и процентуално македонците да бидат помалку, а албанците повеќе.
Ако мисли некој дека оваа багра на власт ќе признае некаква нерегуларност на пописот, се лажете. Ќе го истераат нештото до крај, како што беше со референдумот - законски пропаднат референдум, си го признаа и изгласаа промена на уставно име, без око да им трепне. 200-300,000 помалку попишани македонци, нема ни јајцата да им ги почеша, ќе пополнат и замаскираат со мртви, албанци, цигани, бугари.
Искрено, се уште не знам и немам утвреден став како е правилно да се постапи во ситуацијава, пошто ова не е исто со референдумско бојкотирање.