тоа биле луѓе кои си се декларирале како такви низ годините. Тука ти сакаш да ми кажеш дека Тито им кажал на два милиони Бугари дека се Македонци и туку така тоа си се завршило и сите си се декларирале како Македонци.
Ако бугарскиот идентитет бил толку силен зошто после независноста на Македонија не се вратил назад? Зарем за 45 години во Југославија целата бугарштина била извадена од нас?
Тито ништо не е измислил ,како да кажам тој само е ставил печат.Идејата за македонизмот (македонска нација и език)е на Стојан Новакович уште пред илинденското востание ,но додека е мокно ВМОРО,ВМРО нема скоро никоков успев дури се откажуват.После см'ртта на Тодор Александров добиват храброст и почнува реално граденето на македонскиот идентитет преку коминтерна и комунистичкото движение Во втора светска уште не е готов но веке има добри темели.
„...Бидејќи бугарската идеја, како што на сите им е добро познато, фати длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако ѝ се спротивстави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеја ќе може да ја потисне бугарската, ако остане само како чисто и голо спротивставуваење. Затоа голема корист би имале од свој соузник, остро спротивставен на бугаризмот и содржејќи во себе си елементи кои ќе го привлечат народот и кои ќе бидат блиски на неговите чувства - точно тие ќе го отцепат од бугаризмот. Како таков сојузник јac го гледам Македонизмот, или во извесни промислени граници - тактичко негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. Ништо не може да биде толку спротивставено на бугарските тенденции, со ништо Бугарите не можат да се доведат во понепомирлива позиција отколку со македонизмот.“
„Македонизмот како таков нема со што да се одржи, тој нема елементи за развој и по природниот тек на работите, во оној час штом бугаризмот се одвои од него, би му помогнал на србизмот и со истиот би се помешал... „Македонскиот буквар“ кој наскоро се надевам ќе го отпечатиме во Цариград ќе ги удри основите на оваа работа, макар што потребата од тој буквар се правда и од многу други потреби и погледи. Но освен „букварот“, добро би било работата пошироко да се негува и изразито да се зајакнува...
( „Граѓа за историјата на македонскиот народ“, од Архивот на Србија, том IV, книга III, 1888-1889,