Владата припрема кампањи за љубов, разбирање и наталитет

Владата најавува нова кампањи за љубов, разбирање и наталитете. Вашиот сте::

  • за

    Гласови: 25 71,4%
  • против

    Гласови: 4 11,4%
  • немам став (сеедно ми е)

    Гласови: 6 17,1%

  • Вкупно гласачи
    35

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Со спотови и билборди треба да се вратат почитта, индивидуализмот и „многудетно семејство“

Враќање на самодовербата кај граѓаните, меѓусебнaта почит и разбирање и зголемување на наталитетот се цели на трите кампањи за кои Владата распиша тендер. Генералниот секретаријат бара фирми или автори што ќе осмислат логоа, телевизиски спотови, билборди, печатени огласи и маркетиншка стратегија за промоција на тие идеи.

Љубов и разбирање се пораките што треба да им се пренесат на граѓаните со кампањата за зголемување на почитта и толеранцијата меѓу луѓето, која треба да се спроведе од почетокот на март до средината на јуни следната година. Намерата е да се посочи дека секој човек греши со лична навреда, непочит, јавно потценување, понижување, срам и уривање на дигнитетот, но казната не треба да биде преостра.

Секоја искажана љубов и поддршка се враќа. Секој човек сака љубов. Независно дали некој е директор или работник, невработен или пензионер, студент или лекар, секој човек сака респект, секој човек сака минимум разбирање, минимум коректност кон неговата личност и дигнитет. Ако не давате љубов, нема ни да ја добивате“, се вели во образложението, во кое се повикува на коректно укажување на грешките.

Таа кампања, според Владата, е предизвикана од се' посилната динамика на живеење и борба за успех, која луѓето ги прави дрски, некултурни, прекумерно горделиви, безмилосни и невнимателни за чувствата на другите и предизвикува пад на моралните вредности.

Со кампањата „Ти си Македонија“, која треба да се спроведе од февруари до крајот на јуни, кај граѓаните треба да се промовира индивидуализмот, да се врати самодовербата и довербата во институциите. Во образложението пишува: „Во Македонија конечно се зазема поактивен пристап и доаѓа до постепено подобрување на состојбите. На Македонија во овие моменти и' е потребна помош од силни, одговорни и активни поединци и индивидуални вредности што ќе фатат приклучок кон заедничката визија: Македонија подобро место за живеење“. Според Владата, кампањата ќе се спроведе бидејќи индивидуалната одговорност и енергија се претопиле во „пасивност, бездушност и апатија, што има негативен повратен ефект врз целокупниот прогрес на државата“.

Кампањата за промоција на значењето на семејството, планирана за истиот период, треба да ги поттикне семејствата да имаат три или повеќе деца. Во неа ќе се повика на традицијата на македонското „многудетно семејство“, на смислата и богатството што децата му го даваат на животот. „Децата се наши најдобри учители, имањето деца ја зголемува нашата самодоверба и не' прави да се чувствуваме помлади“, се некои од елементите што треба да ги содржи кампањата.
ЛИНК


Значи целта на темава ми е:
Што мислите дали со горе-наведедните кампањи владата ќе може нам правилен начин да промовира љубов, разбирање и наталитет?

И гледано од аспект на целите кои ќе ги постигнат овие кампањи, вие сте ЗА или ПРОТИВ?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Нека ги пласираат конечно и по интернет медиуми, и ние да видиме некое фајде од колачот, хехе, така директно ќе влијаат на развојот на Е-Македонија, не само преку кампањи.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Vakvo nesto konkr. podrzuvam.
Ama go pravi vlada koja osven kampanji nisto dr. ne rab.,pa ce se izgubi vo mnostvo kampanji.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Од кампањи не се живее, од кампањи не се успева да се створи живот и љубов и разбирање. Со кампањи не се прават деца, ами со секс.

У принцип да сме Монако, ќе ми се допаѓаа кампањиве, ама не сме, имаме реални проблеми, кои со кампањи не се решаваат.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Aбе се решаваат и проблеми,итоа како се решаваат,посебно финансијски кај две-три фамилии.:)
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
КАМПАЊА..........КАМПАЊА................КАМПАЊА.............КАМПАЊА............
Преку глава више, телевизор не ми се пушта.
Замисли околу 100 илјади евра одвоиле за туризмот, а 400 илјади евра од една реклама.
А можда не сметаат дека сме неписмени во врска со љубовта и сексот па сега не образоваат, или можда рекламираат што превзеле на тоа поле и колку народот го имаат ............
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
КАМПАЊА..........КАМПАЊА................КАМПАЊА.............КАМПАЊА............
Преку глава више, телевизор не ми се пушта.
Замисли околу 100 илјади евра одвоиле за туризмот, а 400 илјади евра од една реклама.
А можда не сметаат дека сме неписмени во врска со љубовта и сексот па сега не образоваат, или можда рекламираат што превзеле на тоа поле и колку народот го имаат ............
Со кампања за туризам парите се оплодуваат а со кампања за безбеден секс имаме стагнација на наталитетот.:)
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Не можам да сватам , да те прашаат дали сакаш твоите пари да се потрошат на кампања која ама баш мишто нема да ти донесе, односно нема ефект и ти да прифатиш. Вакви тврдоглави луѓе кои од носот подалеку го гледаат само она што им го сервираат не сум видел
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Од сексот на сдс доста ни беше,сега уште да се ослободиме од исексаниве од сдс и куртул засекогаш.
За ова кампања не ќе треба.:toe:
 

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Се е ок. Нека прават кампањи, немам проблем, ама да не ми ги трошат парите!
 
Член од
5 декември 2007
Мислења
85
Поени од реакции
0
Jas glasav ZA novata kampanja, no sakam da dopolnam deka se nadevam nema da bide samo reklama.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Се е ок. Нека прават кампањи, немам проблем, ама да не ми ги трошат парите!
Kaко ти ги трошат?

Ај, ако тераш приватен бизнис и придонесуваш во полнењето на буџетот преку плаќањето на даноците - пеки.

Ама, 99% од тие шо кењаат демек се трошеле нивни пари по кампањи живеат од грбот на државата и не платиле денар данок кој се влеал во буџетот се најгласни во урлањето. Од пензионери до ученици. Кои нивни пари се трошат?
 

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Kaко ти ги трошат?

Ај, ако тераш приватен бизнис и придонесуваш во полнењето на буџетот преку плаќањето на даноците - пеки.

Ама, 99% од тие шо кењаат демек се трошеле нивни пари по кампањи живеат од грбот на државата и не платиле денар данок кој се влеал во буџетот се најгласни во урлањето. Од пензионери до ученици. Кои нивни пари се трошат?
Зборувам за ДДВ, зборувам за 50% акциза што плаќам кога турам 1л бензин, зборувам за сите даноци што постојат!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Зборувам за ДДВ, зборувам за 50% акциза што плаќам кога турам 1л бензин, зборувам за сите даноци што постојат!
Имаш погрешна претстава како функционираат работите.

Со барањето фискална, ти не плаќаш ДДВ, туку ги принудуваш фирмите да го платат.
 

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Технички си во право...

Еве ќе ти дадам пример.

2000 година, април месец ако не се лажам се воведуваше ДДВ.

Лада 110 беше 12000 марки после воведување ДДВ крена на 14500 марки! Сите истрчаа да си купат кола пред да се покачат цените заради ДДВ!

Значи кој го плаќа ДДВ-то уште еднаш? НИЕ! Фирмите секогаш добиваат исто, ние го плаќаме ДДВ-то, НО според законот и како што кажа ти, фирмата го плаќа тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom