Да, и тоа многу. Еве неколку што ми текнуваа во моментот:
1. Деџаву-а на дневно ниво (ова пред 6-7 години)
2. Out of Body Experience, проследено со гледаше на црни сенки (Shadow people), сретнување со стара баба итн...
3. Исто така OBE при медитација.
4. Чувство на експлозија во пределот на срцето сред медитација... а нешто подоцна исто такво чувство, но многу поинтензивно доживеано сред водење љубов.
5. Комуницирање во сон со други луѓе додека спијат, а разговорот завиен во тешка метафора.
6. Сред обичен сон станувам свесен дека сонувам и наеднаш сонот од колор преоѓа во црно-бел (чувство како нешто да влезе во мене). По некое време се наоѓам одделен од себеси, а свесен дека всушност спијам. Инстантно се враќам во телото и слушам врисок, за да потоа сфатам дека врисокот сум самиот јас (оној одделениот што само се врати во вистинското тело). Се будам и осеќам како цело тело ми е здрвено од страв и срцето ми чука 140 на саат.
7. Чувство дека времето застанало, а ти си надвор од него и надвор од простор. Момент во кој се ти е јасно и имаш чувство дека трае цела вечност, а всушност е милисекунда.
8. Една личност (женска особа) ми кажа дека моментално чувствува некоја чудна енергија, ми ја стави раката на мојата и мене ми се заврте во глава и почувстував некое неописливо убаво полу-оргазмично чувство.
Има уште многу, ова се само неколку што ми текнуваат.