Ви се случила некоја натприродна работа?

KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Се мислев дали да го споделам моето искуство,зашто и јас се сомневам понекогаш во мојот здрав разум во врска со тоа што ми се случи пред 5 години:)
Имено летото 2007 година,јуни месец бев излезен во град и се вратив рано сабајле,околу 4,4 ипол.Дома беше само сестра ми,моите беа трета смена на работа.Сестра ми спие во соба посебно одделена од мојата,треба да ја поминам нејзината за да влезам во мојата.Влегов,само што легнав и почна да се слуша како некој дише баш позади мене.Станав од креветот,дишењето се префрли повторно позади мене,овојпат на другиот крај на собата(мала ми е собата,можеби 6 квадрати).Ме фати малку страв,излегов од соба мислејќи дека дишењето е од сестра ми.но не таа мирно си спиеше.Повторно влегов во мојата соба и повторно дишењето се слушаше,како некој да вдишува на нос а да издишува на уста.Сега сето тоа убаво се слушаше и се чувствуваше присуство нечие во собата(морници ме лазат пишувајќи).Инаку,на форумов,на истава тема на 51 страна има пишано два слични поста на мојот,пробав да ги контактирам дечките преку ПП но не ми вратија,можеби не се активни.Од страв,се преместив во собата на моите и не знам како заспав.Дента,бев втора смена на работа и кога се вратив дома,мајка ми ми вика во стил-Абе сестра ти синоќа се плашела,зошто си ја оставил сама,цела вечер и се слушало како некој да дише во твојата соба.Тука крвта ми се смрзна.Но ајде,помина и тоа,едноставно не сакавме да навлегуваме што се случило.
Помина една недела,моите отидоа на одмор,јас останав сам дома.Вториот ден ја викнав девојка ми,цел ден седеше кај мене.Дента дојде баба ми,баба ко баба ни направи ручек-4 батачиња и ги остави во тенџере на рингла(мислам беа динстани).Баба си замина,јас и девојка ми не ги ни пробавме батаците,отидовме до едно кафанче и памтам си земавме скара за ручек.Помина денот,вечерта излеговме во Колосеум.Излеговме од станот точно во 11 ипол,седевме во дискотеката до кај 2 ипол и си тргнавме накај дома.Па пат(живеам на Битпазар) и велам на девојка ми дека ми се јаде и дали сака да одиме до фурна Чаир да каснеме нешто.Таа ми кажа демек што ќе одиме,има дома баба ти што спремаше денес,ќе јадеме да не се фрла храната.И ок,решивме дома да јадеме.Отклучувам бравата,ја отварам вратата и на самото влегување се осети мирис на готвено месо во ходникот.Кујната ми е одма до ходник,влагам во кујна и што да видам-во 3 саат навечер ринглата кај што беше тенџерето уклучена на најјако,батаците си се крчкаат како да се пуштени пред 2 минути.Значи теоретски шанси нема да сме ја уклучиле ринглата дента или пред излегување,а и да сме ја уклучиле нема шанси во временско растојание од 3 часа батаците да не изгорат или да не се јагленосаат,дури и ќе се запалеа.Но не тие беа супер,си се крчкаа како некој да ги пуштил пред 2 минути.Вечерта не спиев дома од страв:)Ден денес не знам што беше тоа,знам мајка ми палеше темјани и слични(за мене)глупости и оттогаш не се повторија случките.
Не плаши се, не е зло... Размисли поубаво, распрашај се...
 
M

Muranyi

Гостин
Не плаши се, не е зло... Размисли поубаво, распрашај се...
Џабе,атеист сум,и тоа хардкор.А би ти бил благодарен ако одвоиш време да напишеш што би можело да биде.Ти благодарам.
 

KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Џабе,атеист сум,и тоа хардкор.А би ти бил благодарен ако одвоиш време да напишеш што би можело да биде.Ти благодарам.
Прочитај јас што имам напишано на 102 стр, не сум сигурна... И јас сум атеист хардкор. Пиши пп за консултација :D
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
не памтам од ова вруќинава, да ли еднаш напишав дека ми се има случено наочарите ги барав два дена по цел стан цел го превртев и после два дена пишувам на тастаура и се вртам лево и глеам стојат на масичето оставени е ова не можев никако да си го објаснам.
 
M

Muranyi

Гостин
не памтам од ова вруќинава, да ли еднаш напишав дека ми се има случено наочарите ги барав два дена по цел стан цел го превртев и после два дена пишувам на тастаура и се вртам лево и глеам стојат на масичето оставени е ова не можев никако да си го објаснам.
Паралелни димензии.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 14:52 ---
Прочитај јас што имам напишано на 102 стр, не сум сигурна... И јас сум атеист хардкор. Пиши пп за консултација :D
Како си ги објаснуваш овие работи?
 

KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Паралелни димензии.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 14:52 ---

Како си ги објаснуваш овие работи?
Како нормални. Само необјасниви. Како што за некој е непоимлива нуклеарна фисија или Свахили јазикот така пак за некој Е.
 
M

Muranyi

Гостин
парални димензии, немој вакви работи, остај холивуд.
Не бе брат,има некои научници кои ја земаат за можна оваа теорија.Нихилиста не е првиот на кој му се случила таа работа,има милиони евидентирани случаеви во светот за истата појава.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 15:01 ---
Како нормални. Само необјасниви. Како што за некој е непоимлива нуклеарна фисија или Свахили јазикот така пак за некој Е.
И јас се сложувам.Нема ништо натприродно,се е природно само ние не го разбираме тоа.
 
Член од
23 март 2012
Мислења
34
Поени од реакции
35
Темава е бааги лизгава зашто никој никогаш нема да дознае/поверува нешто што не сетил на своја кожа, но умот е срча - можеби невербата е самоодбрана од исконскиот страв од непознато, а прекумерното верување е симптом на надеж или презаситеност со информации.
Нејсе, мојата приказна е следнава: Сметам дека некои од нас се поосетливи на непознатото (не велам поподложни). Јас отсекогаш сум занемарувала многу,многу случувања од страв дека ќе ме направат ненормална (и онака не се вклопував во средината, па уште и нездрава да ме направат ми фалеше!).
1. Едно од најужасните искуства што сум ги имала беше во 2003 летото, бев во Словенија на поседок јас тетка ми, во голем стан. Тие двајца со тетин ми спиеја во спална а јас и малечката братучетка во детската (јас патем имав 17 години тогаш и спиев на под, на душек а малово 7 годинки, во детско креветче). Наеднаш се рабудив како да ми пукнал некој со пиштол во глава - нагло, отсечно-гром. Срцето ми чукаше 300 во секунда а во желудникот како да имав санта лед. И слушам - глас од девојче пее тажно како да плаче едни исти 2-3 неразбирливи стиха, повторно и повторно, 100 пати...Гледам во креветот на братучетка ми - детето си спие. Станав и се чувствував како да сум од желе и дека ќе се распаднам. Одам во вц и упорно го слушам пеењето и ме тера на плачење. Ја разбудив тетка ми и таа ми вели "што е ра..." и прекина да збори и се заслуша... и таа го слушна. Одиме двете до купатило, таа сонлива а јас посвесна од кога и да било, наслушуваме на ѕид и заклучивме дека од таму иде. "Легнувај да спиеш" ми вика тетка ми и без збор си легна. Си легнав и јас и не склопив око цела ноќ. Сабајле и спомнувам за случката, а таа ми вика "што збориш ти, кога станав јас? цела ноќ спиев како топ, имаш сонувано нешто" и упорно ми негира. И ѕидот како што установив другиот ден, бил надворешен ѕид кој не е во допир со ни еден стан. Патем, со тетка ми сме родени во ист ден и ист саат.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 17:59 ---
2. Следна работа (една од понејезивите) е таа со чашите. Значи седам на маса на крштевка дома кај пријатели, масата со чаршав, врз неа тешки чаши кристални со пијалок... Детето постојано вриштеше, се додека не се доближив до него. Секогаш имам хипнотички ефект врз деца - само зјапаат во мене како замаени и прекинуваат да плачат. Иначе мајка му на тоа бебето, муслиманка женичката, и таа намачена вика по цели ноќи не спие го влече детето по оџи оти плаче постојано. Јас го земам детето и си играм со него и ова не плаче - се смее, мавта со рачињата, а луѓево се чудат... Го оставив во лулка откако заспа и седнувам на маса. Сите зазборени за политики, телевизија итн. не ми обраќаат внимание, само дечко ми карши мене на масата,кога сркнуваше со лажицата од чинијата ја подисправи главата и ме погледна и остана подзинат - сите чаши од пред мене се поместија накај него. Пак ќе кажам, чаршаф, тешки кристални чаши. Ништо не рековме и двајцата, ради тоа што тој знае дека не ми беше првпат и плус ради тоа што јас знам дека никој не верува. Детето од тој ден заборавило да плаче - нон стоп се кикотело и спиело како топ.

3. Не толку страшно ама чудно... Еден човек што се познаваме има силна биоенергија и лекува со неа (повеќе би рекла, дијагностицира и ти кажува да отидеш на лекар за тоа и тоа). Човеков кога ќе влезе во просторија со електроника, компјутери, монитори и сл, пореметува се во просторијата - трепкаат апаатите и сл. Кога ќе се поздравува, не подава рака секому туку само вели здраво. Мене ми подава рака. Сите што ги фатил за рака или ги допрел,( меѓу кои и дечко ми кој имаше проблематично колено па одеше кај него) викаат дека омалаксуваат и сета крв им се собира каде што ги допрел, дека не можат да стојат на нозе. Јас никогаш не пошувствував ништо.
Еднаш бев во многу лоша психичка состојба (за која ќе напишам подетално подолу) и отидов кај човечето да ми направи една терапија. Него терапиите м траат по 5-10 минути обично, па јас така на брзинка по влечки отидов. Човеков вели затвори очи и полека диши и застанува зад тебе. Па си работи тој, јас си дремам и ми вика - "толку јас, не можам повеќе..." Се вртам јас и го гледам блед како крпа, очите наоколу помодрени и се потпира со рака на ѕид, ти се чини ќе падне на земја. Јас му викам нешто како "еее за 2 минути работа се умори" и ми вика тека 40 минути поминале а тој не можел да ми влијае на енергијата никако. Оттогаш само еднаш ми има подадено рака и тоа за да му дадам цигара.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 18:35 ---
4. Во 2010, ноќта на 24 спрема 25 октомври сонував ужасен сон. Отворам плакар а во него стојат на едната полица зимските алишта на татко ми а на другата моите. Нешто барам меѓу полиците и напипувам нешто големо. Бучи, зуи, се тресе. Вадам кошница (гнездо) од пчели и пчелите се разлетуваат на сите страни а јас вриштам пошто имам страчна фобија од инсекти. Се будам во 9.35 наутро и некое гадно чувство ме тресе. Мобилниот ми заѕвонува - некој странски број,а истовремено портата надвор тропнува и некој панично ѕвони на врата. Си викам, ај не отворам, може е некој инкасатор или циган. Ѕирнувам од прозорецот кој гледа во двор и со дел од окото ја фаќам мајка ми во униформа од работа. Само ми светна - баба ми, нешто и се има случено. На телефон упорно не одговарам. Слегов долу, отворив врата а мајка ми во бунило и неколку жени расплакани ме внесуваат в соба и ми даваат лексилиум а јас поим немам што се случува. "Татко ти умре" ми вика мајка ми. Јас како да не сум слушнала, како да не сум свесна дали сонувам или е јаве, се чувствувам вештачки како кукла што не знае како да изреагира на команда. Од следните 2 дена имам само матни слики во главата, како инсерти од филм што си го гледал пред 20 години. Најјасната слика што ја паметам од погребот се повторуваше секој ден месец ипол. Одевме на гробишта секој ден 40 дена. Како зомби - стани, појди, зјапај бледо, замини си. Од денот на кој го испративме татко ми па се до 40, а може и повеќе денови, мене на гробот ми се собираа пчели. А јас не се плашев, не ги бркав. Не знам како и зошто. Од нигде-никаде, и тоа само мене. На ниеден друг гроб немаше. Да потсетам - тоа беше период од 25 октомври па до декември - значи прво не можам да си објаснам од каде пчели во тоа време. Имаше снег. Ладно беше. Зима, човече. На 40 дена отпевачката, кога подавав храна за душа на еден човек, пчелата ме касна. Ме заболе многу и го испуштив послужавникот. Мајка ми рече дека се подуло местото, да седнам. Се држев за отокот цело време. Кога си отидовме дома немаше апсолутно ништо на раката, ништо - ни болка, ни оток.
* Иначе, татко ми од ништо не боледуваше, беше здрав како дрен и се се случило за неполна минута, кога отишол на работа кај мајка ми да и однесе кутија со алишта од мене и брат ми за некое сиромашно детенце што собирале луѓево на работа.
*Неговиот мобилен беше нов, купен пред некој месец, Нокиа стар модел со лизгач. Го оставивме на наткасна во кујна и си стоеше таму. Го фатив по некој ден, не знам зошто, сакав да го осетам како да е татко ми уште тука. На екранот имаше сина позадина, фиксна, како што го купивме телефонот, а на неа - црвен отпечаток од палец. Како некој да го држел прстот на екран. Им го покажав на мајка ми, брат ми и дечко ми и тие не можеа да поверуваат на очите. Го оставив и не го чепнав долго време. Кога на брат ми му цркна телефонот, зеде да види дали овој од татко ми може да се користи. На екранот немаше ништо. Беше чист како солза.
Се наежив, а и ти верувам.. пошто знам и сум почувствувал некои работи, имам и видено.. :/ Језиво.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
101
Поени од реакции
17
таа појава не е нова види дека духови- демони постојат јас сега направив направа се вика ЕМФ метар мери присутнос баш за паранормални работи во фаза ми е и ЕВП или по наше електро воис феномена -феномен на електричен глас тоа и ти го имаш дома ако имаш систем кои има вграден во него микрофон стави касета почни да снимаш поставуј прашања а одговорите ке ти бидат снимени на касетата со свои уши неможеш да ги чуеш него после одкога ке снимаш бидејки микрофонот слуша и ти тоа што не го слушаш.поставуј прашања и снимај
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 20:07 ---
се што ви се случува е малку језиво али се е демонско поместување чаши и такви работи.еве јас ке ви кажам една работа јас имам искуство со демонизирано дете 15 години мајкаму почнала да гледа на кафе и на карти и салам да погодува детето беше и сега е нормално али бог дозволи да биде така затоа што тој забранува гатање гледање предскажување и тн.Детето дури го одпишаа од училиште а докторите гледаа да се оттарасаат од него.детето е на мој пријател од детството малку постар од мене околу 42 години е.на детето му се качила температурата и таткому и мајкаму го однесоа во болница докторите виделе дека има покачена температура го оставиле во болница наредната ден детето беше пореметено кога дошле докториве имале што да видат го носеле на магнетна резонанса ништо нема запалење на мозок а они му тврдеја на таткому и мајкаму дека е од тоа а и самите резултати покажуваа дека детево е ок ама не е ок.Детето час е нормално час побеснува час плаче спие само 15мин дневно така цели 3 месеци.и самиот татко го однел и платил за резонанса само да се осигура и ништо се е нормално детево не е нормално и на крај му кажале дека е духовно тој одма го однел кај оџа али само полошо станало потоа разбрал дека во штип има евангелска црква и таму го однел таму се молеле за него за ослободување и му рекле таа амајлија да ја фрли а кога ке стасаат во велес детето ке биде скроз нормално и така стана татково радосен во велес детето нормално ништо нема ајде шетале ама амајлијата дома ги чекала на полицата за чевли чим стасале детето по некој саат пак по старо и тогаш му текнало дека заборавил нешто дека требало амајлијата да ја фрли а кога биле во штип му дале број на мојот пастор од велес и тој одма се јави кај него после 15мин пасторот мене ми се јави бидејки исус кога прака прака по двајца секаде каде и да одат едниот на другиот да му биде поддршка.ја бев заспал ми звони телефонот кога пасторот ми кажува за случката и мене ми стана јасно дека тоа е демонско и во светото писмо пишува баш за таква случка таткото моли час синот е ок час го фрла во оган час во вода сака вели да го убие.Муреков пасторе ке одам до ВЦ и дојди земиме кога ме фати треска немоѓев да се оправам да стојам на нозе ме тресе салам и бог ми даде до знаење дека или ке останам да се плашам да му се јавам пасторе не идам треска ме фати и нема да отидам или ке заповедам во името на ИСУС и тоа ке си оди и така направив заповедав и одма ме пушти.дојде пасторот и во кола му кажав а тој ми одговори чим те напаѓа тоа е знак дека во тебе има некој кој е поголем од тој кој напаѓа а твое е да заповедаш или не.Кога стасавме беше само мајкаму детето и малата сестричка не примија а неговиот татко стаса со дедо му и двајца другари горили по неколку кога ме виде мене таткому почна да плаче и почна да кажува за случката дека од температура дошло до ова и вика помогнете колку кошта ке платам ако треба 500 дадов уште 500евра ке дадам само да биде а мене бог така ме водеше и реков се што ни е дадено е бесплатно бесплатно треба да го даваме (ова што се случува се поклопува со она од светото писмо кога моли таткото за својот син)и така пасторот ја отвори библијата и почна да чита баш за таа случка детево побесно почна да скака како шимпанзо почна да плаче уште по таван да оди и почнав тивко да се молам да бог го ослободи и наеднаш детето престана седна на каучот до дедому и впери и поглед и прст кон мене и ми се закани ке видишти ке видиш ти и се зашемети и заспа на рамото на дедому.по неколку минути се освести си ја зема сестраму и нормален беше се молеше и он со нас и му се приспа и одма отиде легна да спие ние со пасторот се молевме и во дечката соба кај него наредната ден детето беше препотено и нормално фала и слава на бог по една недела тргна и на училиште и сега е доста добар ученик.а малкаму кога го видела тоа дека синот е пак нормален и си игра со сестраму се расплакала и дојде и даде сведоштво за тоа што го виде.
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 20:12 ---
Не се плашете заповедајте во името на исус и тоа ке бега нека бог ве благослови и чува
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
се што ви се случува е малку језиво али се е демонско поместување чаши и такви работи.еве јас ке ви кажам една работа јас имам искуство со демонизирано дете 15 години мајкаму почнала да гледа на кафе и на карти и салам да погодува детето беше и сега е нормално али бог дозволи да биде така затоа што тој забранува гатање гледање предскажување и тн.
Поместување чаши се вика телекинеза и нема врска со демони а бог секако не забранува претскажување зашто е неутрална енергија.

Сега ако некој го замислува бог како некој човек со бела брада кој нема попаметна работа па само забранува и контролира кој што прави за тоа не правам муабет.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
101
Поени од реакции
17
ок тоа е твое мислење али ако имаш читано свето писмо бог таму убавои кажува 4 мојсеева 23:23 нема гатање кај јакова нема магепсништво кај израелот има и 3 мојсеева не вражајте и не гатајте ако некој им се обрати на повикувачи на духови и на вражалци јас ке се свртам против таквиот човек и ке го истребам од неговиот народ.
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 21:44 ---
веруј ми таа телекинеза не е дар од бога и исус не направи такви ствари во неговото живеење на земјата никаде со својот ум не поместуваше ствари.опасни се тие работи.ок како и да е тоа е твое мислење само да знаеш дека тоа не е од бог таа телекинеза.
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
32
Поени од реакции
19
Јас сум истиот Мистик. имав проблем со пасвордот и пробав под ново име да се логирам затоа што и јас сакам да се дружам со вас ви пишувам од скопје моментално,сега имам 2 ника.и јас имам такво искуство бев во продавница за бела техника и електроника таму местев кебелска телевизија кога разбрав дека еден мој брат од црква направил сообракајка во бугарија (таму е женет) се молев на бог да го заштити.на враќање накај дома по улицата паралелната со Кочо Рацин по која одев немаше никој бев салам товарен со кабли алати како што одев нагоре позади мене почнав да слушам дишење на големо куче како бернандинец од десна страна покрај нозе да ми оди се завртев немаше никој продолжив да одам пак истото се повтори само појако дишење и само се завртев и реков во името на исус оди си од мене.(Тоа сакаше да ме заплаши затоа што молитвата е услушана од бога и сакаше да ме натера да прекинам да се молам повеке за никого),и прекина малку погоре имаше напуштена куќа распадната од турско со чардак зидот беше паднат вратата навалена и позади вратата салам истото куче ми ржеше и тоа салам но не му обратив внимание и прекина .слава на бог.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Јас сум истиот Мистик. имав проблем со пасвордот и пробав под ново име да се логирам затоа што и јас сакам да се дружам со вас ви пишувам од скопје моментално,сега имам 2 ника.и јас имам такво искуство бев во продавница за бела техника и електроника таму местев кебелска телевизија кога разбрав дека еден мој брат од црква направил сообракајка во бугарија (таму е женет) се молев на бог да го заштити.на враќање накај дома по улицата паралелната со Кочо Рацин по која одев немаше никој бев салам товарен со кабли алати како што одев нагоре позади мене почнав да слушам дишење на големо куче како бернандинец од десна страна покрај нозе да ми оди се завртев немаше никој продолжив да одам пак истото се повтори само појако дишење и само се завртев и реков во името на исус оди си од мене.(Тоа сакаше да ме заплаши затоа што молитвата е услушана од бога и сакаше да ме натера да прекинам да се молам повеке за никого),и прекина малку погоре имаше напуштена куќа распадната од турско со чардак зидот беше паднат вратата навалена и позади вратата салам истото куче ми ржеше и тоа салам но не му обратив внимание и прекина .слава на бог.
Што од што направил?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom