- Член од
- 5 јуни 2008
- Мислења
- 23
- Поени од реакции
- 2
:wink:
Отпрвин не сакав да се мешам во нешто што ми личеше на дуел, но, при повторно читање, ми се чини како да даваш делумно објаснение за едно прашање што навистина треба да се објасни, објаснение кое на прв поглед изгледа како сарказам, но во суштина е сосема логично и некомплицирано.Значи Груевски планирал ВЕТО во Букурешт, и обид за преврат од внатре за да ги предвиди и испланира активностите во првите 20 месеци Власт за овие однапред смислени предвремени избори?
Андов и Тито беа само пеперутките....Предвремените избори беа со цел Груевски да се ослободи од тројанските зајаци Андов и Тито кои планираа формирање на ново мнозинство со СДС.
Затоа и СДС не сакаа предвремени избори, си се местеа на готово, без никаква заслуга да дојдат на власт, а при формирањето на таа нова влада, Македонија пак ќе го изгубеше истото "скапоцено" време за преговори и реформи. Затоа СДС нека не кажуваат многу соништа за пропуштени шанси и изгубено време.
Е сега мили мои, ставете се на местото од Никола и кажете како би постапиле вие на негово место, кога некој од зад грб ви кове заговори.
После заложбата на високи дипломати, вклучувајќи го и Буш како гаранција за влез во НАТО и поддршка, скоро никој да не се сомневаше во вето.Отпрвин не сакав да се мешам во нешто што ми личеше на дуел, но, при повторно читање, ми се чини како да даваш делумно објаснение за едно прашање што навистина треба да се објасни, објаснение кое на прв поглед изгледа како сарказам, но во суштина е сосема логично и некомплицирано.
Дали Груевски планирал вето? Не Груевски, туку било кој со два грама мозок, поготово ако се занимава со политика, требаше да знае уште многу порано од Букурешт, што го чека таму. Нема никакво оправдание за божемното “изненадување“ од резултатот за некој кој по функција има пристап до сите податоци од дипломатските и останати служби кои следат што се случува наоколу а е од интерес за државата.
Обидите за преврат? Ниту за тоа не е потребно некој да биде баба Ванѓа па прецизно да предвиди дека, во моментот кога ќе биде потребно да се фрли името Македонија во канта за отпадоци, кој внатре во државата ќе биде ангажиран како петта колона, со какви методи ќе се служи, какви потези ќе влече. Мирка Велиновска на пример, во последниот број на Фокус за 2007, давајќи предновогодишна прогноза за наредната 2008 година, поприлично точно предвиде дека СДСМ планира “басма револуција“ за напролет.
А самиот Груевски, уште од првиот ден откако е на власт, најави предвремени избори доколку Македонија (не република Скопје) не биде примена во НАТО. Така да, многу малку изненадување има во целата приказна.
Всушност мислам дека САД излегоа добитници од овој дебакал а не губитници.Единствени губитници сме ние Македонците кој мораме уште повеќе да им ги “тинкаме“ на Американците а помалку губат и Грците кој исто така ќе мораат да им ги “потинкаат“ на Американците но истовремено и на Русите и Французите.После заложбата на високи дипломати, вклучувајќи го и Буш како гаранција за влез во НАТО и поддршка, скоро никој да не се сомневаше во вето.
Никој не очекуваше таква поставеност на силите, особено влијанието на Русија и шах матот од Франција.
Особено не 2006 кога Груевски ја зазема позицијата.
Барем не се познаваше, навестуваше таков дебакл, не само наш туку Американски воедно.
А Мирка Велиновска е советник на Груевски од сенка, пред се заради доброто познавање на игрите на Б.Ц.
Nemoj, nema komu da gi postavis................................................
................................................
Ако ова не е доволна инфузија ќе ви поставам уште некое дополнително прашање:sakas_ust
Процедурална забелешка: природна интерпретација на на темата, онака како што е формулиран насловот, е прашањето која е вистинската причина за предвремените избори. Мене лично, анкетите на интернет не ме интересираат, на форумот учествувам заради мислењата што може да се прочитаат, или да кажам свој став. Да не беше “инфузијата“ немаше ниту сега да го погледнам анкетното прашање кое звучи сосема поинаку: има ли скриени антимакедонски сценарија зад предвремените парламентарни избори ?доволна инфузија
Super..Процедурална забелешка: природна интерпретација на на темата, онака како што е формулиран насловот, е прашањето која е вистинската причина за предвремените избори. Мене лично, анкетите на интернет не ме интересираат, на форумот учествувам заради мислењата што може да се прочитаат, или да кажам свој став. Да не беше “инфузијата“ немаше ниту сега да го погледнам анкетното прашање кое звучи сосема поинаку: има ли скриени антимакедонски сценарија зад предвремените парламентарни избори ?
Првото прашање ми е интересно за дискусија, второто е малку мелодраматично.
Од досега кажаното, јасно е дека претставата си има сценарио; јасно е и дека тоа сценарио воопшто не е скриено, туку поприлично отворено; но јасно е и дека причините поради кои претставата е таква каква што ја гледаме остануваат скриени. И, конечно, она што е без тронка сомнение јасно, е дека, колку и да се чудиме зошто е потребен јогуртот, со претставата сепак му е зададен решавачки удар на еден носечки дирек во зградата на македонската деструкција.
имам едно прашање до тебе? Да не земаш ДРОГА?НАТО самитот не е така далеку за да ги заборавиме деталите.
Кој побара Република Македонија (Скопје) да се ратификува во Парламентот ?
Б.Ц. и компанија, рајт ?
Ние име, знаме, Устав сменивме за декларација која не е изгласана од страна на Грција. рајт ?
Кој кого овде онадуе у здрав мозок.
Ние деценија и повеќе живееме со некој компромис кој не ни донесе нешто.
Зарем тоа може да се каже дека е компромис ?
Тоа е предавство.
Груевски тактизираше и со митинг пред Собрание дека нема да дојде до ТРАЈНА промена на меѓународното име.
Велеше, РЕФЕРЕНДУМ, РЕФЕРЕНДУМ, РЕФЕРЕНДУМ.
Тогаш бев на став дека за името Македонија не смее да има референдум, но сега кога се соголија работите и кога видовме од другата страна какви се грчки пиони има, го сваќам зошто се повика на РЕФЕРЕНДУМОТ, единствен потег да се одбрани нешто кое од внатре се поткопува.
Затоа нема да бидам толерантен кон комуњарската банда и барам одговорност за срамот кој ни е нанесен изминативе децении.
И повторно бе нема самокритика зошто така поминаа, па тој матрикс од главите мора некој да им го тргне некој кој почнал како еднаков меѓу еднаквите а не како најбољи у село зошто тако му е некое сдсмовско фациче.