Независноста не е филм, туку е реалност, еве реалност е` за нас Македонците кои - ако имаме политичари кои ќе ги негуваат и ќе ги бранат националните интереси на нас Македонците, а не своите лични криминални амбиции, или интересите на некое малцинство или на евробирократите во Брисел - ќе живееме во многу поубава и подобра реалност.
А кога сме кај Башар ал Асад, повели цитирај ме кога и каде сум ги спомнал неговите социјалистички карактеристики како позитивна страна, вистина е дека до некаде - ама само до некаде - го поддржувам поради неговиот секуларизам, но повели цитирај ме кога и каде сум го спомнал социјализмот во позитивен контекст.
Пишуваш за реалност од некое идеолошко гледиште, јас лично го делам милењето со тебе дека е вомзможно ако имаме такви политичари кои ќе имаат трошка државотворност во себе, ама ете ги немаме, ако тргниме од тоа дека глуп народ прави силна држава ние јбга, сме исклучок од правилото. Кога ќе земеме од позиција на реализам да ги гледаме работите, тогаш guess what, world doesnt run on love. Посебно за нас македонците тоа важи.
Факт е дека никогаш ниту на ЕУкратите ниту на „алтернативата“ нема ниту како народ уше помалку како држава да име бидиме од примарно чак ниту секундарно значење по однос на било која од соседните држави. За брзо време и една полудржава како Косово ќе влезе во тоа друштво, а ние ќе бидеме повторно третирани како лепрозни се додека не се затвори т.н македонско прашање.
Да не навлегуваме во патриотски филмови сега се изнаглеавме едена декада празна пропаганда.
И да се гледало кај нас на некаква алтернатива тоа би било пред се од лични и теснопартиски интереси, далеку од тоа дека во тие услови некој би се замарал со собода на медиуми, слобода на говор, чвекови права и сл...мирна глава за тој кој е на власт.
По однос на Сирија да не се цепидлачиме сеа, се сведува на тоа дека повеќето го поддржуваат Асад поради своите антиамерикански ставови, истото и со Иран каде владее една теократска власт, дијаметрално спротивна од онаа во Сирија.
Секуларноста не оди баш рака под рака со десницата, тргнав по таква една општа претпоставка.
Чудна е поддршката на Северна Кореја да речиме за Исламска Република Иран, вештачка.Сем тој антиамерички став како НЗС.
Пак забегавме од темата...
А како западот го сруши СССР... Бомбардираше, блокади му постави, не му даваа кредити, не им купуваа производи, не соработуваа со нив...
Западот од капитализам постепено си прифати социјализам, впрочем како што и ти самиот кажуваш човекот/политичарите злоупотребуваат моќта.
Доколку државата си ја игра својата улога, окрупнувањето нема да штети, нема да дојде до злоупотреби. Карикирам Бил Гејтс создал производ, кој ако државниот апарат не е корумпиран т.е. дозволи и други системи да се користат секој ќе одлучи што е подобро за него.
Берлускони пред да почне да збори за напуштање на еврото, на сите им беше добар. Првиот момент кога почна да влече на другата страна го сменија и одма на суд го ставија.
Ова случајно беше нели
Шпанија не прати полиција да тепа и спречи легитимен процес
Грците со децении едни исти фамилии беа на власт, кога и тие решија да кажат доста е, ги снема.
САД буџетот и долговите им растат ненормално па и тие ќе доживеат истата судбина ко СССР, само подоцна- 2032.
Фан факт, на доларите до 50те некаде пишуваше E Pluribus unum - from may one, шо за САД е соврпено мото, меѓутоа за да се амплифицира антикомuнизмот и да се спротивстават на наездата на безбожниците сега има in God we trust
Тоа е чиста прагма ништо повеќе, исто како шо Путин некаде `06 влезе во дил со Црквата во РФ па сеа се крстат КГБ офицери по медиуми во замена за хвалоспевки како шо ги иаме и кај нас од рекетарите упс мислев Владиците
На крајот од денот се работи за прагма и борба за влијание, се настапува со доктрина идеолошки спакувана за да не се сведе на само одбери страна и толку.
Е сеа по однос на окрупнување на капитал и монополизација пример САД имаат посебни регулативи каде шо тоа им е решено да секој случај се цени засебно па во неколку наврати поради општ интерес имаше налагање да се поделат одредени компании иако немаа монопол во одредена сфера, чисто поради јавен интерес. Мислам дека и Рокфелер семејството имаше поделба на некоја компанија токму поради овие регулативи.
Значи пазарна регулација во самата природа е во одереден момент некој да преовладее и токму тука се гледа потребата за државен интервенционизам.
Бил Гејтс и Мајкрософт исто така имаа некој судир со тие регулативи за мнополизација само првиот пат не се сеќавам за шо се работеше, која компанија сакаше да ја припои кон себе и тоа со комплетно ребрендирање.Не е така едноставно и се препуштено на пазарот, само шо е создадена клима каде може да се развива претриемништвото. Сега и во САД она шо беше корпоративна Америка полека и во јавноста се ословува како американска олигархија. Шо понатаму.
Е сеа за Берлускони е интересно шо сите знаеа кои гомненици ги има правено и ги прави, само шо додека им беше послушен го толерираа затоа шо им беше лесен за дискредитација дури и политичка неутрализација, аналогно со кај нас
Тоа е тоа лицемерие кои превладува а богами ја дефинира политиката, сеедно дали вантрешна или надворешна.
Обама имаше изјавено дека основната разлика помеѓу авторитартните власти(или диктатори), почитувањето на слобода на говор, медиуми човекови права итн е тоа дали им се или не пријатели на САД
така да ова ја сумира дискусијата во една реченица.
САД имаат огромен проблем со одлив на средства и капитал поради даночни затајувања, релокација на производствени погони низ Азија итн, тоа е пазарна саморегулација без таа социјалистичка компонента. Какви постројки со по 10к вработени преку ноќ се релоцирани во Кина од САД е интересно, уше поинтересно е да се види на Кариби, Бахами шо се дешава, како шо има кај нас кладилници на секој чекор таму има банки
Даночна евазија имало и ќе има секогаш, меѓутоа затворањето на работните места не поради нерентабилност туку чисто поради зголемување на профитот на призводителот е нешто шо е дискутабилно веќе во САД, а не пак за друго место.