- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.058
- Поени од реакции
- 12.601
Еее, и Евреите така мислеа кога бегаа од шпанската инквизиција и од антисемитистичките погроми во Русија, па потоа дојде еден мустаклија од Австрија на власт во Германија на 30 јануари 1933. Австрискиот мустаклија се викаше Адолф Хитлер и стана автор на една од најкрвавите страници во историјата на Евреите, наречена Холокауст. Од Холокаустот, Евреите научија дека без сопствена национална држава која ќе ги брани и штити нивните права како народ, прашање на време е кога некој нов Хитлер ќе се обиде да спроведе ново "конечно решение" за таканареченото еврејско прашање.Што сака нека е, нас да не примат и да ни важи пасошот за да може да си ја киднеме ние. Па после нека се распаѓа
Денес, повеќе од 70 години подоцна, има раст на антисемитизмот низ Европа, но овој пат Евреите всушност имаат каде да избегаат - во Израел, единствената демократска и секуларна држава на блискиот исток.
Лесно е да се верува во киднување, но ако немаш каде да бегаш, можеби не ти, но твоите потомци во иднина на потежок начин ќе откријат од каде потекнуваат, бидејќи и меѓу Германците во 1930-те години имаше луѓе кои беа Германци по националност, а христијани по религија, но благодарејќи на Хитлер и нацистите, открија дека нивните предци кои се преселиле во Германија пред 100 или пред 200 години, биле Евреи, а нацистите за Евреите велеа дека "точно, и Евреинот е човек, но и болвата е животно".