Оние кои пред десет години сечеа луѓе по грбови, киднапираа Македонци и којзнае како ги мачеа па ги копаа во непознати гробови, и кои и до ден денес викаат дека си фиромјанин и сакаат голема Албанија? Да, добро е да тераш бизнис со нив.
Ова е тотално точно. Мислиш дека ако дојде ЕУ тука Штерјо Наков ќе кажува на телевизија ич к*р да не те боли за приватизација, или да претепуваат човек до смрт па да не се знае што се случило?
Да, во право си за тие од пред 10 години, тие не мразат нас бидејќи сме Македонци и немаат никаков друг интерес освен да не видат или мртви или надвор од нашата родна татковина, чиишто западни територии ги замислуваат како дел од нивниот сон наречен Голема Албанија, сон кој на краток временски период, за време на Втората Светска Војна, додека Албанија била сојузник со Фашистичка Италија и Нацистичка Германија, бил реалност.
Но тие барем не можат да си замислат заеднички живот со нас Македонците, за разлика од Бугарија која својата националистичка политика ја реализира со издавање на бугарски пасоши на сите Македонци кои ќе потпишат изјави според кои се чувствуваат како Бугари, а во нивните бугарски пасоши пишува дека по националност се Бугари, а не Македонци.
Не ја обвинувам Бугарија за ова, факт е тоа дека самите тие Македонци кои свесно се одлучиле на таков чекор се виновни за тоа, бидејќи никој не ги терал со сила да се откажат од својата македонска националност, но сепак своеволно го направиле тоа, а економската и социјалната состојба во која се наоѓаат во Македонија е најглупавото оправдание кое можат да го дадат за ваквите постапки од нивна страна, еве јас од 2010 па наваму сум во катастрофална економска и социјална состојба, едвај успевам да поврзам еден крај со друг крај, но воопшто не ни помислувам на вадење на бугарски пасош во кој ќе пишува дека сум Бугарин по националност, а не Македонец, и сето тоа само за да се спасам од катастрофалната економска и социјална состојба во која се наоѓам.
Но очигледно погрешно ме разбра мене, јас не реков дека повеќе ми се допаѓаат Албанците како народ во споредба со Бугарите, туку реков дека повеќе ми се допаѓа да терам бизнис со Албанците бидејќи Драч е поблиску, а од македонските транспортери слушам дека албанските и грчките пристаништа се многу поевтини од бугарските пристаништа, поради што, Коридорот 10 треба да ни биде приоритет, исто како и западниот дел од Коридорот 8 кој ги поврзува Македонија и Албанија.
А кога сме кај Штерјо Наков и таквите како него, воопшто не ме интересира што ќе изјавуваат пред медиумите, а за тепањето на луѓе, тука е полицијата која треба да ги одржува јавниот ред и мир, а ако полицијата не си ја врши својата работа како што треба, тоа е така или бидејќи е неспособна или бидејќи е корумпирана, но не мораме да чекаме влез во ЕУ за да се решат таквите проблеми.
Криминалот, корупцијата, невработеноста и сиромаштијата ги има насекаде, со разликата што на некои места ги има повеќе, а на некои места ги има помалку, но од било каде можат да бидат искоренети, а за тоа не ни е потребна ЕУ.
Македонските политичари и од власта и од опозицијата се едногласни околу евентуалното членство на Република Македонија во ЕУ, а тоа е дека се согласуваат Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, а од тука паѓа во вода теоријата на пензионерите и постарите дека македонските политичари не сакаат Македонија да стане дел од ЕУ бидејќи наводно во ЕУ немало криминал и корупција.
И ќе повторам, ако во ЕУ навистина нема криминал и корупција, од каде тогаш оваа криза ?
Факт е тоа дека европските банки, а особено германските банки, им давале пари на заем на државите како Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Италија, иако биле свесни дека тие држави се економски неспособни да ги враќаат таквите кредити, некој направил грешка, ако е случајно, тогаш станува збор за неспособност, а ако е намерно, тогаш станува збор за корупција, но како и да е, и во едниот и во другиот случај, станува збор за политика на задолжување која е штетна за државите кои се задолжуваат и може да има катастрофални последици, какви што се чувствуваат денес во Грција, Италија и Шпанија, каде што протестите и немирите од страна на тазе невработените се секојдневие, а тоа зборува дека не е се мед и млеко во ЕУ како што некои се обидуваат да ни прикажат.
Да, секако дека ЕУ не е виновна бидејќи тие држави се задолжувале до бескрај, но виновна е бидејќи не го регулирала нивното задолжување, а со тоа паѓа во вода теоријата дека во ЕУ нема криминал и корупција.