Вистината за ЕУ која се премолчува

Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
бидејќи повеќе ми се допаѓа да терам бизнис со Албанците
Оние кои пред десет години сечеа луѓе по грбови, киднапираа Македонци и којзнае како ги мачеа па ги копаа во непознати гробови, и кои и до ден денес викаат дека си фиромјанин и сакаат голема Албанија? Да, добро е да тераш бизнис со нив.
--- надополнето: Nov 23, 2011 6:26 PM ---
Македонските политичари не сакаат Македонија да влезе во ЕУ бидејќи се свесни дека во ЕУ нема да можат да лажат и да крадат како што прават сега.
Ова е тотално точно. Мислиш дека ако дојде ЕУ тука Штерјо Наков ќе кажува на телевизија ич к*р да не те боли за приватизација, или да претепуваат човек до смрт па да не се знае што се случило?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Гражданите на ЕС, които се чувстват несигурни за работното си мјасто в следваштите месеци, са 35%.
Нај-притеснени се чувстват гражданите на Испанија, к'дето 72% зајавјават, че се страхуват за работните си места. Песимисти са оште 63% от г'рците и 61% от литовците, показват резултатите от проучването,

http://www.dnes.bg/business/2011/11/29/blizo-30-ot-bylgarite-se-strahuvat-za-rabotata-si.135185
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.046
Поени од реакции
12.587
Најновиот говор на британскиот европарламентарец Најџел Фараж во Европскиот Парламент од вчера, среда, 30 ноември 2011, во кој предупредува дека после 1000 години поминати без сопствена независна држава и после крвавата војна во првата половина на 1990-те години, Хрватите се на добар пат после 20 години независна и самостојна Хрватска да влезат во новата Југославија - Европската Унијa.

Кое е мислењето не само на Најџел Фараж и на ирскиот професор Aнтони Кохлин, туку и на Хрватите околу ова прашање, може да се види во целосната дебата од септември 2011, која трае нешто повеќе од 2 часа.

Ангела Меркел ќе остане запамтена кај Хрватите како германската канцеларка која отворено го поддржуваше Иво Санадер за премиер на Хрватска во 2007, да, кристално истиот тој Иво Санадер кој во моментов е во притвор и обвинет за криминал и корупција, се обиде да им избега на хрватските правни органи со неговиот австриски пасош, а ако се докаже дека е виновен за криминалните дела за кои е обвинет, го чека подолг временски период зад решетки.

Патрик Кондел од друга страна, има интересна лекција по демократија да им одржи на тие кои сеуште не се свесни за државните удари кои ЕУ ги спроведе во Грција и во Италија изминативе месец дена.

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Романија посиромашна откако влезе во ЕУ!

Романија стана посиромашна по нејзиниот влез во Европската унија, изјави поранешниот романски министер за финансии и за економија Варужан Восгањан во интервју за весникот "Бизнис 24".
"Откако влеговме во ЕУ дознавме дека не сме конкурентно способни. Исто така видовме и дека е потешко да сте сиромашен во ЕУ, отколку надвор од неа", вели Восгањан. Според него, гладната Романија е седната на полна трпеза со останатите земји од ЕУ, но не смее да посегнува по храната.
- Не гледам крај на кризата во Романија и во ЕУ за брзо време, истакнува Восгањан во интервјуто, додавајќи дека очекува влошување на инвестициската привлечност на Романија.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D2D1F23CA4ED594482DD7B124C6287A2
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.046
Поени од реакции
12.587
Оние кои пред десет години сечеа луѓе по грбови, киднапираа Македонци и којзнае како ги мачеа па ги копаа во непознати гробови, и кои и до ден денес викаат дека си фиромјанин и сакаат голема Албанија? Да, добро е да тераш бизнис со нив.

Ова е тотално точно. Мислиш дека ако дојде ЕУ тука Штерјо Наков ќе кажува на телевизија ич к*р да не те боли за приватизација, или да претепуваат човек до смрт па да не се знае што се случило?
Да, во право си за тие од пред 10 години, тие не мразат нас бидејќи сме Македонци и немаат никаков друг интерес освен да не видат или мртви или надвор од нашата родна татковина, чиишто западни територии ги замислуваат како дел од нивниот сон наречен Голема Албанија, сон кој на краток временски период, за време на Втората Светска Војна, додека Албанија била сојузник со Фашистичка Италија и Нацистичка Германија, бил реалност.

Но тие барем не можат да си замислат заеднички живот со нас Македонците, за разлика од Бугарија која својата националистичка политика ја реализира со издавање на бугарски пасоши на сите Македонци кои ќе потпишат изјави според кои се чувствуваат како Бугари, а во нивните бугарски пасоши пишува дека по националност се Бугари, а не Македонци.

Не ја обвинувам Бугарија за ова, факт е тоа дека самите тие Македонци кои свесно се одлучиле на таков чекор се виновни за тоа, бидејќи никој не ги терал со сила да се откажат од својата македонска националност, но сепак своеволно го направиле тоа, а економската и социјалната состојба во која се наоѓаат во Македонија е најглупавото оправдание кое можат да го дадат за ваквите постапки од нивна страна, еве јас од 2010 па наваму сум во катастрофална економска и социјална состојба, едвај успевам да поврзам еден крај со друг крај, но воопшто не ни помислувам на вадење на бугарски пасош во кој ќе пишува дека сум Бугарин по националност, а не Македонец, и сето тоа само за да се спасам од катастрофалната економска и социјална состојба во која се наоѓам.

Но очигледно погрешно ме разбра мене, јас не реков дека повеќе ми се допаѓаат Албанците како народ во споредба со Бугарите, туку реков дека повеќе ми се допаѓа да терам бизнис со Албанците бидејќи Драч е поблиску, а од македонските транспортери слушам дека албанските и грчките пристаништа се многу поевтини од бугарските пристаништа, поради што, Коридорот 10 треба да ни биде приоритет, исто како и западниот дел од Коридорот 8 кој ги поврзува Македонија и Албанија.

А кога сме кај Штерјо Наков и таквите како него, воопшто не ме интересира што ќе изјавуваат пред медиумите, а за тепањето на луѓе, тука е полицијата која треба да ги одржува јавниот ред и мир, а ако полицијата не си ја врши својата работа како што треба, тоа е така или бидејќи е неспособна или бидејќи е корумпирана, но не мораме да чекаме влез во ЕУ за да се решат таквите проблеми.

Криминалот, корупцијата, невработеноста и сиромаштијата ги има насекаде, со разликата што на некои места ги има повеќе, а на некои места ги има помалку, но од било каде можат да бидат искоренети, а за тоа не ни е потребна ЕУ.

Македонските политичари и од власта и од опозицијата се едногласни околу евентуалното членство на Република Македонија во ЕУ, а тоа е дека се согласуваат Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, а од тука паѓа во вода теоријата на пензионерите и постарите дека македонските политичари не сакаат Македонија да стане дел од ЕУ бидејќи наводно во ЕУ немало криминал и корупција.

И ќе повторам, ако во ЕУ навистина нема криминал и корупција, од каде тогаш оваа криза ?

Факт е тоа дека европските банки, а особено германските банки, им давале пари на заем на државите како Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Италија, иако биле свесни дека тие држави се економски неспособни да ги враќаат таквите кредити, некој направил грешка, ако е случајно, тогаш станува збор за неспособност, а ако е намерно, тогаш станува збор за корупција, но како и да е, и во едниот и во другиот случај, станува збор за политика на задолжување која е штетна за државите кои се задолжуваат и може да има катастрофални последици, какви што се чувствуваат денес во Грција, Италија и Шпанија, каде што протестите и немирите од страна на тазе невработените се секојдневие, а тоа зборува дека не е се мед и млеко во ЕУ како што некои се обидуваат да ни прикажат.

Да, секако дека ЕУ не е виновна бидејќи тие држави се задолжувале до бескрај, но виновна е бидејќи не го регулирала нивното задолжување, а со тоа паѓа во вода теоријата дека во ЕУ нема криминал и корупција.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
221
Поени од реакции
24
Имаше нешто на ТВ дека за неколку години ЕУ ќе се распаднела и ќе се формирало Соединети Европски Држави и на таа организација ние веднаш ќе сме биле членка. :tapp:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.046
Поени од реакции
12.587
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=83787

Меркел и Саркози ќе го презентираат проектот за Соединети држави на Европа?

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози утре заеднички ќе го откријат предлогот кој според Саркози ќе ја гарантира иднината на Европа.

Се претпоставува дека Франција ќе го поддржи планот на Меркел за фискална унија на членките на еврозоната, а со веќе претходно дадената поддршка од Велика Британија, Берлин и официјално ќе докаже дека има надмоќ во реорганизирањето на Европската Унија.

Реорганизацијата преку промена на Лисабонската декларација која е неопходна за воведување на наднационална контрола на буџетите на државите од еврозоната практично ќе почнат да се остварува сонот на Жан Моне, еден од основачите на Унијата, чија визија замислуваше националните држави на крај да создадат Соединети држави на Европа. Британскиот весник Дејли телеграф потсетува дека токму на таков исход пред дваесет години предупреди поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.

04.12.2011, 12:15
И додека низ голема врата се присилува новата евробирократска империја наречена Соединети Европски Држави или СЕД, македонскиот народ воопшто нема појма што е ЕУ, кога, каде, како и зошто е основана, кои се нејзините права и овластувања, но знае дека сака Македонија да биде дел од ЕУ, иако не е свесен за последиците од таквото членство.

Се реализира визијата на Мајер Амшел Ротчилд.

"Дајте ми контрола врз валутата на една нација и не ме интересира кој ги прави законите".

Ова се зборовите на германскиот еврејски банкар Мајер Амшел Ротчилд, со кои е дефиниран методот преку кој ЕУ денес ја наметнува својата волја врз своите држави членки.
Наднационална контрола на буџетите на државите од еврозоната не е ниту почетокот, ниту крајот на зацврстувањето на евробирократската диктатура во Европа, ќе следуваат уште посилни евробирократски удари врз независноста, самостојноста, но уште поважно, врз демократијата во државите членки на евро-зоната и на ЕУ.

Можеби со тек на време ќе исценираат европска верзија на терористичките напади од 11 септември 2001 во САД, со цел уште посилно да ја зацврстат својата евробирократска диктатура во Европа.

Така Сталин успеал да ја зацврсти својата диктатура во Советскиот Сојуз со убиството на Сергеј Киров во 1934, за чија што смрт ги обвинил поддржувачите на Лав Троцки и на малкуте демократски идеолози кои сеуште постоеле во Болшевичката Партија во тоа време, следувале чистките и големиот терор во 1930-те години, по што, кон крајот на 1930-те години, Сталиновата диктатура била апсолутна и тотална, а гласот на демократијата и критиката во Болшевичката Партија, во Црвената Армија и во Советскиот Сојуз, во целост бил замолкнат.

Така Хитлер успеал да ја зацврсти својата диктатура во Нацистичка Германија со палењето на Рајхстагот во 1933, за чиешто палење ги обвинил комунистите, по што следувале апсењата и убиствата на германските комунисти, укинувањето и забранувањето на Комунистичката Партија на Германија, како и усвојувањето на Овластувачкиот Акт, со кој нацистичката влада на Германија на чело со Хитлер се стекнала со законодавна моќ, односно, наместо владата да ги предлага законите, а Парламентот да ги усвојува истите, со Овластувачкиот Акт, владата станала законодавно тело кое само и своеволно ги усвојувало законите кои самата влада ќе си ги предложела на самата себе, а Парламентот ја изгубил својата законодавна моќ, по што следуваат Ноќта на долгите ножеви и Кристалната ноќ, така што, на крајот на 1930-те години, Хитлеровата диктатура била апсолутна и тотална во Нацистичка Германија.

Така и Џорџ Буш имаше оправдание за да го нападне и окупира Авганистан по терористичките напади на 11 септември 2001 во САД, а подоцна и Ирак.

Па можеме само да претпоставуваме каква ќе биде реакцијата на евробирократската диктатура доколку се исценира европска верзија на терористичките напади од 11 септември 2001 во САД или некој друг инцидент сличен како овие кои претходно ги спомнав, а се случиле во Советскиот Сојуз и во Нацистичка Германија.

А македонскиот народ или не знае за овие факти или не е заинтересиран за истите, но сепак плаче и кука по ЕУ, иако појма нема ни кога, ни каде, ни како, ни зошто е создадена ЕУ, ниту знае кои се нејзините права и овластувања.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Ако и днеска РМ изполнува маастрихските критериуми, што ja плаши това,дека ке има наднационална проверка на буджетите?
Това може да ги плаши држави како Грциja или Шпаниja-кои трошат многу повеке,отколкото произведуват,па да им биде вратен буджета за да намалат дефицита.
Това може да ja плаши Унгариja,коja се задолжува со скороста на светлината, но ако почитуваш критериумите-нема што да те плаши.
 
Звучи супер како за провинција или протекторат, а не за независна и самостојна држава.

Да, Грција и Шпанија се виновни бидејќи се презадолжиле до бескрај, но меѓу другото виновни се и банките кои свесно им ги дале заемите.

Тоа е исто како при поткупување на службено лице да се поставува прашањето:

Кој е главниот виновник, поткупувачот или поткупениот ?

Да, поткупувачот е виновен бидејќи дал поткуп, но поткупениот е виновен бидејќи го прифатил поткупот, а факт е тоа дека можел да го одбие.

Истото важи и за европските банки, тие им давале заеми на Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Италија, но никој не ги натерал со сила да им ги дадат тие заеми.

Банките се занимаваат со пари, односно со капитал и како такви треба внимаваат на кого му ги позајмуваат своите пари, а не да им ги позајмуваат на државите членки на евро-зоната без никакво размислување, само затоа што станува збор за држави членки на евро-зоната.

А меѓу другото останува претпоставката дека можеби европските банки биле свесни дека им позајмуваат пари на држави кои не се способни да ги вратат истите тие заеми.

Јас можам да се задолжувам кога сакам, каде сакам, колку сакам и како сакам и никој нема право да ми го ограничува тоа, а уште помалку па да си дава право да ми кажува на мене на што смеам, а на што не смеам да ги трошам моите пари, бидејќи едно е да ми кажува на што да ги трошам позајмените пари, затоа постојат наменските кредити, а друго е да ми кажува како да управувам со сопствениот буџет, кој во најголем дел се состои од мои пари, а не од позајмени пари.

Никој нема право да ми кажува на мене што да правам со моите пари.
 
Да, точно е дека и банките са виновни, но банките поеха своjaта тежина како отписаха 50% от грчкиот долг. Шпаниja е друго прашане. Шпаниja преди 10 години имаше истиот долг, но немаше проблем.Секи заем си има ризик и сека банка сама определува до каков ризик може да поеми. Кога поемаш ризик-треба да си свестен,дека може да имаш тежкотии да собереш после парите.
Кога ми зборуваш за колонии, многу ке се радвам една Франциja да е колониja на бившите източни држави,кои ке j вратат буджета,заштото не изполнува услови или директно да биде казнета ако не почитува условите на униjaта.
Видно уште не си разбрал како фунционира униjaта. :) Во буджетите на државите во униjaта има дел европски пари и това не са само твои пари. Дали може обштина Струмица да се задолжува например 1 милиарда евра за развоj без да праша владата на РМ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.046
Поени од реакции
12.587
Да, точно е дека и банките са виновни, но банките поеха своjaта тежина како отписаха 50% от грчкиот долг. Шпаниja е друго прашане. Шпаниja преди 10 години имаше истиот долг, но немаше проблем.Секи заем си има ризик и сека банка сама определува до каков ризик може да поеми. Кога поемаш ризик-треба да си свестен,дека може да имаш тежкотии да собереш после парите.
Кога ми зборуваш за колонии, многу ке се радвам една Франциja да е колониja на бившите източни држави,кои ке j вратат буджета,заштото не изполнува услови или директно да биде казнета ако не почитува условите.
Видно уште не си разбрал како фунционира униjaта. :) Во буджетите на државите во униjaта има дел европски пари и това не са само твои пари. Дали може обштина Струмица да се задолжува например 1 милиарда евра за развоj без да праша владата на РМ?
Секоја општина во Република Македонија може да се задолжува доколку е кредитоспособна и доколку има гаранција за задолжувањето, на Струмица за 1 милијарда евра за развој ќе и треба нешто повеќе од гаранција од државата, најверојатно ќе и треба и гаранција од Светската Банка или некоја друга меѓународна финансиска институција бидејќи станува збор за сума која изнесува над една третина од буџетот на Република Македонија.

Но кога некој зборува за наднационална контрола на буџетите на државите членки на евро-зоната, тогаш веќе зборува за одземање на независноста и самостојноста на тие држави да одлучуваат што ќе прават со своите пари, не со позајмените пари, не со парите од европските фондови, туку со своите пари, со парите кои ги собрале од даноци, такси, наплаќања за административни услуги и слично.

Што се однесува до позајмените пари и парите од европските фондови, нивното трошење слободно нека го регулираат самите кредитори, односно самите доверители кои ги дале тие финансиски средства.

Но никој нема право да ми кажува на мене што треба да правам со моите пари, не со парите кои сум ги позајмил, не со парите кои ми следуваат од дивиденда во некоја фирма или од членството во некој клуб, туку со парите кои чесно и заслужено сум ги заработил, за моите пари ексклузивно и единствено право на што ќе ги трошам и како ќе ги трошам го уживам јас, само јас и никој друг освен јас.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Секоја општина во Република Македонија може да се задолжува доколку има гаранција за задолжувањето, на Струмица за 1 милијарда евра за развој ќе и треба нешто повеќе од гаранција од државата, најверојатно ќе и треба и гаранција од Светската Банка или некоја друга меѓународна финансиска институција.

Но кога некој зборува за наднационална контрола на буџетите на државите членки на евро-зоната, тогаш веќе зборува за одземање на независноста и самостојноста на тие држави да одлучуваат што ќе прават со своите пари, не со позајмените пари, не со парите од европските фондови, туку со своите пари, со парите кои ги собрале од даноци, такси, наплаќања за административни услуги и слично.

Што се однесува до позајмените пари и парите од европските фондови, нивното трошење слободно нека го регулираат самите кредитори, односно самите доверители кои ги дале тие финансиски средства.

Но никој нема право да ми кажува на мене што треба да правам со моите пари, не со парите кои сум ги позајмил, не со парите кои ми следуваат од дивиденда во некоја фирма или од членството во некој клуб, туку со парите кои чесно и заслужено сум ги заработил, за моите пари ексклузивно и единствено право на што ќе ги трошам и како ќе ги трошам го уживам јас, само јас и никој друг освен јас.
Това не е одзимане право, а превантивен контрол. Предлог е државите кои одат на повеке от 3% буджетски дефицит ке бидат казнувани. Никоj нема да ти гледа дали таа година даваш повеке на земеделците или повеке за образование.Станува прашане за обштата буджетска рамка. Не може германецот да работи и да има 1000 евра во джеб, а гркот да седи на социала и да зема исто 1000 евра со цената на голем буджетски дефицит на државата му. Кога имаш заедничка валута, мора да чуваш тази валута,а не един да ja разградува,а друг да ja чува. Ако сакаш да си правиш се што сакаш - слободен си да напуштиш и да си вратиш драхма,песо, лира... што сакаш.
Когато ми зборуваш за "Мои пари" треба да знаеш,дека буджета на европските држави не са пари само и ексклузивно само на една држава,а има внатре и пари на сите држави во униjaта.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Какви и да е новата форма на ЕУ, Македонија МОРА да биде дел од неа.

Не знам што е муабетот за тоа каква била ЕУ, абе гледај какви сме ние, да не бевме на тој пат, една ебана реформа немаше да направиме.
 
Очигледно не си го прочитал убаво мојот пост #207.

Убаво спомнав дека никој нема право да си го пика носот во моите потрошувачки навики, односно во начинот на кој ги трошам моите пари, а не парите кои ми доаѓаат од европските фондови, од други држави, позајмените пари или не знам кои други пари.

За парите кои сум ги позајмил, кои доаѓаат од европските фондови, од други држави или не знам кои други пари, слободно нека ми кажуваат на што треба да ги трошам и како треба да ги трошам, но за моите пари, односно, за парите кои јас сум ги заработил чесно и заслужено, никој нема право да ми кажува на што треба да ги трошам и како треба да ги трошам.

Превентивна контрола ?

Па и задушувањето на Прашката пролет во Чехословачка во 1968 година од страна на силите на Варшавскиот Пакт беше превентивна контрола, бидејќи СССР се плашеше дека ја губи контролата врз властодршците во Чехословачка.

Да, неправедно е Германецот да работи за 1000 евра месечно, а гејецот да ги прима истите тие 1000 евра како социјална помош, а не како чесно заработена и заслужена плата, но тоа е веќе прашање на домашната економска политика во конкретната држава, иако и во такви случаи, треба да се регулира трошењето на парите кои доаѓаат од европските фондови, од задолжувањата, од други земји или не знам кои други пари, но и во такви случаи, државата има целосно право да одлучува на што ќе ги троши своите пари кои ги собрала од даноци, такси, наплаќања на административни услуги и слично, бидејќи тоа се нејзини пари, а не позајмени пари.

Какви и да е новата форма на ЕУ, Македонија МОРА да биде дел од неа.

Не знам што е муабетот за тоа каква била ЕУ, абе гледај какви сме ние, да не бевме на тој пат, една ебана реформа немаше да направиме.
Тоа е твое лично мислење, што не значи дека е мислење и на мнозинството.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom