Ако се однесува на мене јас само предлог дадов. Уште не е прифатено од мнозинство.Може ли барем да упатувате каде да се најде книгата која ќе биде зададена за читање? Линк од интернет извор или книжара?
@Вокерка ти си модератор овде?? Да ја оживееме темава, одлична тема е, а и многу сакам да читам иако ни јас не сум некој голем читател. Еве од Нова Година нека биде рокот па 1-2 недели, ако треба може и нова тема да се отвори.
Наслов на книга незнам, нека даде предлог некој голем читател од форумов.
Да не е нешто срање од типот на Fifty Shades или поквалитетна ствар?На улица Даблин, од Саманта Јанг? Чув дека е прекрасна и многу позитивни коментари има,јас сеуште не сум ја прочитала,но планирам. Ја имате прочитано?
Многу луѓе имаат интимен емотивен однос со уметноста и не го вербализираат тоа, ниту пак читаат работи што не им го гаѓаат сензибилитетот. Нормално е.Шкрт сум на зборови, т.е. на читање препораки оти книгата ја осеќам лично и многу ретко прифаќам туѓи препораки (мора добро да ме познава човек за да знае што отприлике би ми се допаднало, така да оној вторион дел со читање можеби ќе го апстинирам одвреме-навреме. Но што се тиче давање препораки секако дека може да се приклучам.
Оваа тема имаше 3-4 обиди за да заживее и секогаш се случува истото. По овој муабет ќе пишат уште неколку членови дека ја поддржуваат идејата и би сакале да учествуваат, поставуваме книга и тогаш никој всушност не пишува за книгата.
Можеби наместо една, можат 3 книги во исто време да бидат за да се зголеми бројот на учесници. Различни книги, поголем простор за дискусија.Оваа тема имаше 3-4 обиди за да заживее и секогаш се случува истото. По овој муабет ќе пишат уште неколку членови дека ја поддржуваат идејата и би сакале да учествуваат, поставуваме книга и тогаш никој всушност не пишува за книгата.
Супер би било да се активира, еве уште еднаш да видиме, има ли потенцијални членови што би учествувале?