Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?

  • Вкупно гласачи
    110
@Вокерка ти си модератор овде?? Да ја оживееме темава, одлична тема е, а и многу сакам да читам иако ни јас не сум некој голем читател. Еве од Нова Година нека биде рокот па 1-2 недели, ако треба може и нова тема да се отвори.

Наслов на книга незнам, нека даде предлог некој голем читател од форумов.
 
Името на розата од Еко сакате? Таман ми треба повод да почнам да ја читам. Само петсто и кусур страници е, не знам колку е возможно да се прочита за две недели, а да не се површно претрча.
 
Може ли барем да упатувате каде да се најде книгата која ќе биде зададена за читање? Линк од интернет извор или книжара?

Ако се однесува на мене јас само предлог дадов. Уште не е прифатено од мнозинство. :P
Иначе издание на Табернакул. Верувам дека ја има во речиси сите библиотеки. А ако ти е мерак да читаш на англиски имам пдф.
 
@Вокерка ти си модератор овде?? Да ја оживееме темава, одлична тема е, а и многу сакам да читам иако ни јас не сум некој голем читател. Еве од Нова Година нека биде рокот па 1-2 недели, ако треба може и нова тема да се отвори.

Наслов на книга незнам, нека даде предлог некој голем читател од форумов.

И јас сум за да ја оживееме темава, ако има интерес секако.

Бидејќи следува празничен период, ми се чини преголем залак е да биде некоја обемна книга. Мој предлог е „Малиот принц“ оти доста останала несфатена од детските години, а е обожавана подоцна, па да образложиме кој, зошто, како, што сфатил?

Пишувајте предлози, што ќе одлучи мнозинството тоа ќе ставиме. :smirce:
 
На улица Даблин, од Саманта Јанг? Чув дека е прекрасна и многу позитивни коментари има,јас сеуште не сум ја прочитала,но планирам. :( Ја имате прочитано?
 
Да не е нешто срање од типот на Fifty Shades или поквалитетна ствар?
 
@Вокерка @Saladin
Ви се праи некој обид за оживување на темава? Организирање на вакво нешто, кој сака да учествува...
Еден по еден предложуваме книга што другите ја немаат читано, сите ја читаат и после коментираат...
И да не испадне, вреди да се покуша. :D
 
Шкрт сум на зборови, т.е. на читање препораки оти книгата ја осеќам лично и многу ретко прифаќам туѓи препораки (мора добро да ме познава човек за да знае што отприлике би ми се допаднало, така да оној вторион дел со читање можеби ќе го апстинирам одвреме-навреме. Но што се тиче давање препораки секако дека може да се приклучам.
 
Многу луѓе имаат интимен емотивен однос со уметноста и не го вербализираат тоа, ниту пак читаат работи што не им го гаѓаат сензибилитетот. Нормално е.

Ако се убацат други луѓе овде, можда ќе испадне нешто, иако сум скептичен. :D
 
@Вокерка @Saladin
Ви се праи некој обид за оживување на темава? Организирање на вакво нешто, кој сака да учествува...
Еден по еден предложуваме книга што другите ја немаат читано, сите ја читаат и после коментираат...
И да не испадне, вреди да се покуша. :D

Оваа тема имаше 3-4 обиди за да заживее и секогаш се случува истото. По овој муабет ќе пишат уште неколку членови дека ја поддржуваат идејата и би сакале да учествуваат, поставуваме книга и тогаш никој всушност не пишува за книгата. :)

Супер би било да се активира, еве уште еднаш да видиме, има ли потенцијални членови што би учествувале?
 
Можеби наместо една, можат 3 книги во исто време да бидат за да се зголеми бројот на учесници. Различни книги, поголем простор за дискусија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom