- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.882
- Поени од реакции
- 1.094
ФОРУМ ВО ДЕМИР KАПИЈА
И ВИНОТО НОСИ ТУРИСТИ
Само еден турист на 365 дена имавме пред неколку години. Сега годишно кај нас доаѓаат околу 10 илјади туристи. Ова е успешната винска приказна на македонска винарница, која беше споделена деновиве на форум во Демир Kапија. Присутните на форумот се согласија дека помина времето кога секој можеше да биде таксист или келнер. Сега на прашањето на кадрите во туризмот му се посветува особено внимание. Деканот на факултетот за туризам и бизнис-логистика при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Нако Ташков, нагласи дека квалитетот на македонските студенти на туризам веќе бил потврден од странците.
- Во рамките на меѓународна соработка, ние континуирано испраќаме наши студенти на пракса во други земји. Годинава таа можност ја имаа над 250 студенти, а наредната година најмалку 320. Странците ги препознаваат топлината и природниот пристап кај нашите студенти кон гостите, која туризмот ја бара. Тие велат дека студентите од другите земји им се насмевнуваат на гостите оти мораат. За разлика од нив, кај нашите претставници насмевката излегувала од душата - рече Ташков.
Од форумот произлезе една препорака до менаџерите во туристичко-угостителските објекти да не се плашат да ги доедуцираат своите работници затоа што тоа ќе им се врати со повеќе туристи.
- Да не се плашат дека ако дообразуваат некого оти ќе им избега кај друг угостител. Лојалноста може да се регулира со меѓусебен договор - беше речено на форумот.
Газдите да не бараат само искусни работници во угостителските објекти оти така се дискриминирани кадрите кои се образовани и вредни, а немаат можност да се докажат. Дончо Таневски, сопственик на угостителски објект и претседател на ХОТАМ и член на комисија за категоризација на ресторани, кажа дека во неговиот угостителски објект никогаш не барал работници со искуство.
- Персоналот што го примам го едуцирам според типот на гостите и нивните барања. Така ми е полесно и сум констатирал дека не грешам. Ако земам персонал со навики, првин треба да го одвикнам од тие навики, па потоа да го едуцирам во согласност со потребите на моите гости - вели Таневски.
Форумот се одржа во рамките на проектот „Науката и праксата - пат кон успехот“, кој го спроведува секторот за туризам при фондацијата „Тиквешки вински пат“ во партнерство со Министерството за економија - сектор за кластери и новиот тренинг-центар за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ.
Извршниот директор на „Тиквешки вински пат“ и генерален директор на ЦЕНЕТ, Виолета Јанкова, рече дека вложувањето во кадрите во туризмот и во угостителството е инвестиција во иднината на македонската економија.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=04821A57078CA947AFD8BAAC3A4212A4