- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.882
- Поени од реакции
- 1.095
ВИНСКИОТ ТУРИЗАМ СТАНУВА ВНОСЕН БИЗНИС
Дејан Азески
Винските подруми, кои беа формирани во македонските винарници како интересен начин за маркетинг и промоција, стануваат се попопуларни, поисплатливи и самоодржливи
Пријатен и несекојдневен амбиент, вкусна храна, ниски цени и секако, добро вино се главните фактори кои ги прават неколкуте вински подруми во земјава попопуларно место за интимни и за деловни ручеци, но и за бизнис-промоции. Винските подруми во најголемите винарници годишно ги посетуваат по неколку илјади гости од земјава и од странство, а бројот на посетители и манифестации се зголемува особено во последните неколку години.
Илија Ѓоргиев, менаџер на ресторанот во винарницата Стоби, кој е последен отворен од низата во винарниците, вели дека работите се одвиваат дури подобро од очекувањата и дека дефинитивно има голем интерес за ваквиот вид туризам. Во иднина планираат да се посветат на што поголема промоција.
„Кога за шест месеци во новоотворен ресторан ќе ве посетат над 1.000 луѓе е јасен индикатор дека станува збор за добар бизнис, кој во иднина неминовно ќе се развива. Иако сме оддалечени од сите поголеми градови, луѓето доаѓаат специјално за да ручаат кај нас. Сметам дека Стоби во иднина ќе стане Мека за транзитните туристи кои ја користат магистралата Е75 и неодминлива дестинација на патот од Скопје кон Грција“, вели Ѓоргиев.
Цените во винските подруми, кои спаѓаат во класата луксузни ресторани, според познавачите, се околу 30% пониски од елитните кафеани во Скопје. Интимноста и изолираноста се дополнителен фактор кој ги привлекува посетителите да поминуваат во македонските винарници.
И од винскиот подрум на винарницата Сковин го потврдуваат трендот на раст на бројот на посетители. Оттаму велат дека за година и половина, колку што функционираат, немаат забележано надолен тренд во услови кога се жалат нивните колеги од скопските ресторани.
„Имаме по три големи групи неделно, во просек и речиси секој ден ручеци за помали групи од 10-ина луѓе. Кога се почнува со ваква работа најчесто се прави поради маркетинг, но бројките покажуваат дека винскиот подрум во иднина не само што ќе стане самоодржлив, туку и ќе продолжи да се развива и ќе носи дел од профитот на винарницата“, вели Елена Атанасова од винарницата Сковин.
Бовин го поседува најстариот вински подрум во Македонија. Од винарницата велат дека од 1998 година, кога ги имале првите гости, имаат само нагорен тренд на посети. На почетокот винскиот туризам во Бовин бил поинтересен за дипломатите и за странските посетители, но со секоја наредна година с$ повеќе имаат домашни посетители.
Во голем дел, посетителите се заинтересирани престојот во винарниците да го продолжат на неколку дена. Во винарницата Попова Кула, каде што функционира помал сместувачки капацитет, сметаат дека заокружената понуда е интересна за посетителите. Во пролетниот период имале многу резервации за 30-ината легла.
Сместувачки капацитети наскоро најавуваат и од винарската визба Бовин од Неготино, а за оваа идеја дознаваме дека се размислува и во други винарници
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86079/vinskiot_turizam_stanuva_vnosen_biznis.aspx
Испровициран од текстов решив да отворам тема и за овој вид на туризам. Доколку има веќе отворена нека надлежните реагират.
Што мислите за ваквиот туризам.Има ли некој искуство околу ова, дали сте посетиле некоја од нашиве винарници или некој ширум светов. Гледаме сега се нудат и нови локации за изградба на винарии, кој подоцна би привлекувале туристи,односно би го застапувале винскиот туризам.
Повелете со пофалби,критики, сугестии за овој вид на туризам.