Вински туризам

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ФОРУМ ВО ДЕМИР KАПИЈА
И ВИНОТО НОСИ ТУРИСТИ

Само еден турист на 365 дена имавме пред неколку години. Сега годишно кај нас доаѓаат околу 10 илјади туристи. Ова е успешната винска приказна на македонска винарница, која беше споделена деновиве на форум во Демир Kапија. Присутните на форумот се согласија дека помина времето кога секој можеше да биде таксист или келнер. Сега на прашањето на кадрите во туризмот му се посветува особено внимание. Деканот на факултетот за туризам и бизнис-логистика при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Нако Ташков, нагласи дека квалитетот на македонските студенти на туризам веќе бил потврден од странците.

- Во рамките на меѓународна соработка, ние континуирано испраќаме наши студенти на пракса во други земји. Годинава таа можност ја имаа над 250 студенти, а наредната година најмалку 320. Странците ги препознаваат топлината и природниот пристап кај нашите студенти кон гостите, која туризмот ја бара. Тие велат дека студентите од другите земји им се насмевнуваат на гостите оти мораат. За разлика од нив, кај нашите претставници насмевката излегувала од душата - рече Ташков.

Од форумот произлезе една препорака до менаџерите во туристичко-угостителските објекти да не се плашат да ги доедуцираат своите работници затоа што тоа ќе им се врати со повеќе туристи.

- Да не се плашат дека ако дообразуваат некого оти ќе им избега кај друг угостител. Лојалноста може да се регулира со меѓусебен договор - беше речено на форумот.

Газдите да не бараат само искусни работници во угостителските објекти оти така се дискриминирани кадрите кои се образовани и вредни, а немаат можност да се докажат. Дончо Таневски, сопственик на угостителски објект и претседател на ХОТАМ и член на комисија за категоризација на ресторани, кажа дека во неговиот угостителски објект никогаш не барал работници со искуство.

- Персоналот што го примам го едуцирам според типот на гостите и нивните барања. Така ми е полесно и сум констатирал дека не грешам. Ако земам персонал со навики, првин треба да го одвикнам од тие навики, па потоа да го едуцирам во согласност со потребите на моите гости - вели Таневски.

Форумот се одржа во рамките на проектот „Науката и праксата - пат кон успехот“, кој го спроведува секторот за туризам при фондацијата „Тиквешки вински пат“ во партнерство со Министерството за економија - сектор за кластери и новиот тренинг-центар за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ.

Извршниот директор на „Тиквешки вински пат“ и генерален директор на ЦЕНЕТ, Виолета Јанкова, рече дека вложувањето во кадрите во туризмот и во угостителството е инвестиција во иднината на македонската економија.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=04821A57078CA947AFD8BAAC3A4212A4
 
Член од
8 февруари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
2
Ако некој прави нешто за напредок на винскиот туризам во Македонија сигурно тоа е Попова Кула од Демир Капија, ги користат сите можности да ги промовираат природните убавини на македонија секако и невните одлични вина. Секогаш кога сум во посета на винаријата се чуствувам прекрасно (одлично е за полнење на батериите), а кога ќе видите групи на странци како постојано доаѓаат и како домаќините им ја раскажуваат нивната успешна приказна и им ги покажуваат убавините на Демиркапијскиот регион.знаете дека тие задоволни лица во своите средини ќе однесат убави спомени и препораки за други туристи и пробив на нашите вина и други производи на странските пазари. Полека но сигурно чекорат напред секоја чест за Попова Кула
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Ако некој прави нешто за напредок на винскиот туризам во Македонија сигурно тоа е Попова Кула од Демир Капија, ги користат сите можности да ги промовираат природните убавини на македонија секако и невните одлични вина. Секогаш кога сум во посета на винаријата се чуствувам прекрасно (одлично е за полнење на батериите), а кога ќе видите групи на странци како постојано доаѓаат и како домаќините им ја раскажуваат нивната успешна приказна и им ги покажуваат убавините на Демиркапијскиот регион.знаете дека тие задоволни лица во своите средини ќе однесат убави спомени и препораки за други туристи и пробив на нашите вина и други производи на странските пазари. Полека но сигурно чекорат напред секоја чест за Попова Кула
Дали прават пити пастрмајлии?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
377
Поени од реакции
1.034
Мал „ап дејт“ за Попова Кула, после поминат викенд месецов, втор пат за една година.
Вообичаена услуга која се нуди е спиење со појадок (од време на време ја нудат и преку Групер со попуст). Во престојот е вклучена и тура низ винаријата на која може да се види и научи нешто за нивните вина, винаријата и регионот воопшто. Винаријата е мала, турата опфаќа една просторија со цистерните за вино, просторија за барикни вина и кулата (најгорниот спрат од објектот) каде што се одржуваат дегустации за помали групи. Ако некој имал прилика да ја помине целата тура во Тиквеш, од влез на грозјето во винаријата, преку преработка, вински визби па се до ресторанот и дегустација, ова му доаѓа отприлика 15 % во време и видени работи. Сепак се работи за мала винарија. Според кажувањето на водичот немаат стандардни дегустации, туку работат од случај до случај, праќаш барање што сакаш да опфати дегустацијата (колку вина, ракија, тип на вино, број на луѓе и сл.) и добиваш понуда.
Во тек е некаков проект со кофинансирање од ЕУ, па така во изминативе неколку месеци во дворот делот со дрвени маси и клупи е затворен со стакло, имаат направено фурна, планирале и други содржини, ама сето тоа делуваше дека уште се доградува и дека допрва ќе го добие правиот лик и функција. Можеби кога ќе ја пуштат фурната ќе има и печено прасе на менито како традиционално јадење на овие простори кое оди со вино :). Инаку на менито во ресторанот нема традиционални јадења, нема пастрмајлии (прашање од поодамна од член на форумов). Има по 2-3 опции со телешко, свинско и пилешко месо, секое од нив во некаков сос и 2-3 опции од скара и тоа е тоа. Моја препорака - печено свинско во сос од модри сливи. Делува како од епизода на Џејми Оливер ама навистина е топ. Ако некој е мераклија на пиво нека се пресвича од старт бидејќи нема пиво (сосема вообичаено за винарија). Изборот на салати и десерти е стандарден. Имаат вина за кои е нагласено дека најдобро одат со традиционални македонски јадења (турлитава, макала и сл), а во менито немаат такви јадења. Можеби тука треба малку да ја збогатат понудата во ресторанот. Сите вина се нудат и на чаша што дава можност да се дегустираат повеќе различни вина. Покрај рецепцијата имаат продавница каде што можат да се купат нивните вина и ракии кои неможат да се најдат во дел од поголемите маркети.
Во дворот кој е прилично простран и тревнат има содржини за деца, маси и клупи па доколку е убаво времето може да се ужива во чист воздух и панорамски поглед на околината.
Центарот на Демир Капија (околу 1,5 км од винаријата) дава можност да се помине малку време во прошетка и кафе/пијачка муабет. Попатно тоа може да се направи и во Кавадарци/Неготино или Дојран/Гевгелија зависно од кој правец се доаѓа.
Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!!
Туристички поздрав!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom