Вили, самовили...

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
vodkamixx напиша:
Што ми кажувале другари од битола дека негде во битола околу 2 часот по полноќ еден таксист превезувал 3-јца луѓе кој се вракале од град и тој ги одвел до дома и му рекле на таксистов да влезе кај нив дома да пијат кафе. И таксистов отишол кај нив дома пиеле кафе и такситов тргнал да си оди и луѓево го допратиле до вратата и таксистот само што излегол од куќата вратата одма се затворила, се изгаснале сите светла во куќата и таксистов дошол до колата и забележал дека ги заборавил клучевите во куќата и се вратил да ги земе и почнал да тропа по вратата ама никој не му отварал и некој од соседните куќи излегол и му рекол дека во оваа куќа не живее никој дека луѓето умреле одамна. И викнале полиција ја разбиле вратата и влегле внатре и на масата стоеа филџаните од кафето и клучевите од колата на таксистот.
И ај сеа најдете НЗС 8)

пфффффффф детски приказни, како прво нема толку мрднат таксист да отиде да пие кафе со некои што не ги познава
 
vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
А инаку што сум слушал дека на местото на стара железничка во Скопје пред 20 или 30 години воз прегазил некоја девојка и денес на датумот на кој била прегазена девојката на местото на пругите излегувала таа девојка во бел фустан како дух. Колку е точно незнам.
 
vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Gizo напиша:
vodkamixx напиша:
Што ми кажувале другари од битола дека негде во битола околу 2 часот по полноќ еден таксист превезувал 3-јца луѓе кој се вракале од град и тој ги одвел до дома и му рекле на таксистов да влезе кај нив дома да пијат кафе. И таксистов отишол кај нив дома пиеле кафе и такситов тргнал да си оди и луѓево го допратиле до вратата и таксистот само што излегол од куќата вратата одма се затворила, се изгаснале сите светла во куќата и таксистов дошол до колата и забележал дека ги заборавил клучевите во куќата и се вратил да ги земе и почнал да тропа по вратата ама никој не му отварал и некој од соседните куќи излегол и му рекол дека во оваа куќа не живее никој дека луѓето умреле одамна. И викнале полиција ја разбиле вратата и влегле внатре и на масата стоеа филџаните од кафето и клучевите од колата на таксистот.
И ај сеа најдете НЗС 8)

пфффффффф детски приказни, како прво нема толку мрднат таксист да отиде да пие кафе со некои што не ги познава
Епа јебига бе пеер, како што ми е кажано така пренесувам ... :lol:
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
абе добро не викам дека ти си ја измислил, ама вакви приказни ги има многу, со исто сценарио :D
 
vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
А оваа приказна, во некое село во Македонија незнам точно кое во некое семејство во дворот на куќата имале бунар и им се родила ќерка и мајката на ќерката некоја нок сонила дека ќерката на тој и ој датум ќе падне во бунарот и ќе се удави... и мајкава се испаничила од сонот и бунарот во дворот го затрупале го бетонирале итн итн. И дошол тој датум што го сонила мајкава, арно ама таткото и мајката тој ден заспале да се одмараат и кога се разбудиле ја нашле ќерката на местото на бунарот кај што бил легнала и умрела на тоа место.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
и ова ми е познато :D
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
...а приказната од Скопје со девојките што се возеле во такси па после тоа истата вечер го виделе таксистот во весник и дека бил умрен извесно време.

Вакви муабети има многу ама мислам дека немаат врска со вили и самовили. Вилата не е дух на некој/а умрен/а

Додека во случаевите што ги набројуваме се работи за мртви души :shock:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
gerard напиша:

Во право си gerard.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Една друга легенда вели дека човек не треба да седи во круг кој е оформен од растењето на печурките. Велат дека тоа е самовилско оро и ако седиш во кругот самовилите ќе те занесат и ќе те натераат да заспиеш и да заборавиш на себе.
Преданијата велат дека некои луѓе што имат седено во ваков круг, имаат слушано песни кои никогаш претходно не ги слушале и дека биле занесени се додека некој друг не ги разбудил.

Интересно...избегнувајте вакви кругови :D

Член од
29 мај 2005
Мислења
21
Поени од реакции
0
humanoid напиша:
Free напиша:
Можеби е вистина, само не дека сум затрескан во тие работи како некој луѓе што ги знам. Тие работи се многу апстрактни или чудни, па со оглед на тоа малкумина веруваат. Исто така и фактот дека сме 21 век!!! Луѓето измислуваат роботи,машини и со еден збор ние живееме во еден подруг свет. За ваквите работи во денешницата нема многу место. :viol:
Не беше муабетот дали некој верува или не, туку дали некој имал искуство или има слушнато за такви преданија и легенди.
Ако сме 21 век и ако бил измислен робот, мислиш дека тоа има некаква врска со појавите и преданијата?
види humanoid, тие работи се изумрени одамна. За нив нема место во денешницата, затоа што тие легенди (во кои лично не верувам) ти се раскажани (или си ги чул)
Сите тие работи се случени (ако воопшто се случени) многу одамна.
Ајде биди херој и најди ми некој што видел самовила пред еден месец
Нема таков. Ни тие што ги раскажуваат легендите немале такво искуство. На нив исто така некој им го раскажал...
Изгледа многу Комплицирано затоа не верувам дека некој во последниве 100 години имал такво искуство. Со оглед на тоа дека 100 години е долг временски интервал си дозволувам ваквите верувања да ги наречам изумрени
 
Батка! Никој не те тера да веруваш, немам такви намери кон никого.
Ако го прочиташ мојот прв пост на оваа тема, ќе ја сфатиш целта на овој топик.

Преданијата кои ги опишав не се толку стари како што мислиш, некои се од пред некоја година.

Затоа, ако сакаш да живееш во 21 век, повели, никој не ти брани. Никој не те ни приморува да ги памтиш прераскажаните случки и преданија. Но има некои луѓе кои сакат да ги прочитат и да ги спасат од изумирање.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
21
Поени од реакции
0
Батка! Го читав твојот прв пост.Разбирам што сакаш да кажеш ама у суштина ме интересира зашто толку си уфилман во овие работи:?:
Знам дека никој не ме тера да верувам во овие „филмчиња“ за кој никој не ми гарантира дека не се измислени од некоја битанга,
а ако некој ме тераше тоа ќе беше сто посто неуспешно.
Еве ти го одговорот конкретно на твојата зададена тема: Ако имав такво искуство, незнам зашто не би верувал.Меѓутоа не ми се случило такво нешто нити на мене нити на полно луѓе што ги познавам(на сите што ги знам до сега)
Капираш БАТКО??? :lol: :lol: :lol: :lol:
 
Капирам јас одамна батко, само тебе ти требаше време да сфатиш што е целта на топикот, дека не е само постови, туку да се соберат преданијата и старословенската митологија на едно место. Има луѓе кои работат на таков проект и се многу заинтересирани за преданијата кои се пренесуваат во Македонија. Едноставно, да се спасат од изумирање и заборав.

Да се вратам на топикот....

За вилите и вилењаците обично се мисли дека се мали суштества кои можат да бидат видливи, некои невидливи. Најчесто живеат во шумите, можат да им помагаат или одмагаат на луѓето, во главно ги поистоветуваат како добри битија.
Малку луѓе знаат дека во суштина се работи за митолошки битија и се како наследство од старословенските верувања. Ако се погледне неколку стотини години наназад, ќе се види дека луѓето навистина верувале во тие суштества и дека тие суштества живееле помеѓу луѓето и со нив. Тогашните свештеници овие суштества ги поистоветувале со демони и ги осудувале, но народот успеал да ги вклопи и адаптира во христијанската религија. Според некои преданија, вилите се спомнуваат како „скриените деца на Ева“ и на тој начин се поистоветуваат со луѓето. Исто така, постојат преданија кои ги поистоветуваат со ангели, но кога Луцифер се побунил, тие не знаеле на чија страна да се приклонат. Поради тоа, протерани се од рајот, но бидејќи не биле зли, Бог не ги ставил во пеколот, туку ги оставил да живеат онаму кај што паднале- на земјата, во водата, на небото...
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Фри, секако дека никој неможе да ти соли памет во што да веруваш, а во што не ... но незначи дека ако ти не си видел или доживеал нешто дека тоа не постои, па затоа ако те интересира можеш само да си читаш, ако не можеш да не читаш :lol: :wink:
Иначе хуманоид, кај наоѓаш такви работи за читање? Ако не ми кажуваш пастирај уште! :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom